Владимир Југовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Владимир Југовиќ
Лични податоци
Роден на 30 август 1969 (1969-08-30) (49 г.)
Роден во Милутовац, СФРЈ
Држава Федерална Република Југославија Југославија
Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора (2003-2006)
Србија Србија (од 2006)
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција Среден ред
Повлекување 2005
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989-1992 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 61 (11)
1990Рад Рад 16 (7)
1992-1995 Сампдорија Сампдорија 81 (18)
1995-1997 Јувентус Јувентус 56 (8)
1997-1998 Лацио Лацио 27 (2)
1998-1999 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 17 (3)
1999-2001 Интер Интер 39 (3)
2001-2003 Монако Монако 19 (0)
2003-2004 Адмира Вакер Адмира Вакер 25 (3)
2004-2005 Рот Вајс Ален Рот Вајс Ален 19 (2)
Репрезентација
1991-2002 Федерална Република Југославија Југославија 41 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Владимир Југовиќ (роден на 30 август 1969) е поранешен српски фудбалер, играч од средниот ред, кој воедно е и најтрофејниот српски фудбалер на сите времиња.

Познат е по својот прекар Југо, како го нарекувале соиграчите.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Раните години и настапите за Црвена Ѕвезда[уреди | уреди извор]

Роден во Милутовац, село во близина на Трстеник, СР Србија, (поранешна СФРЈ), Југовиќ играл фудбал за локалната екипа ФК Трстеник. До својата петнаесетта година учел школо и играл фудбал, за подоцна да го забележи тренерот на младинската школа на Црвена Ѕвезда, Томислав Миличевиќ кој го повикал во Белград. Тој бил дел од јуниорската екипа на Ѕвезда неколку години пред да биде пред да биде пратен на позајмица во екипата на Рад каде ги одиграл првите професионални натпревари во кариерата и одиграл фантастична сезона во која на 16 натпревари постигнал 7 гола (што е одлчно достигнување за млад играч од средниот ред). Тренер на екипата на Рад во тој период Љупко Петровиќ, кој веќе во следната сезона бил назначен за нов тренер на Црвена Ѕвезда и веднаш го вратил Југовиќ во својот матичен клуб. Така започнала кариерата на овој фудбалер во еден од најголемите клубови во Европа во тоа време.

Откако се утврдил во стартната постава на првиот тим на Ѕвезда, тој со својата упорност и големата работа што ја вршел во средината на теренот, многу бргу станал незаменлива фигура во тимот. Тој му помага на тимот да стигне до титулата во Европскиот куп во 1991 година кога бил еден од најдобрите на теренот во финалниот натпревар каде бил победен Олимпик Марсеј. Тој истотака бил во стратната постава и во натпреварот од Европскиот Супер Куп каде Црвена Ѕвезда е поразена од Манчестер Јунајтед со 1-0, како и во натпреварот од Интерконтиненталниот куп во Токио против чилеанскиот Коло Коло кога дал значаен придонес во победата на својот тим постигнувајќи ги првите два гола.

Сампдорија[уреди | уреди извор]

Во летото 1992 Југовиќ преоѓа во редовите на италијанскиот клуб Сампдорија. Своето деби во Серија А го направил на 6 септември 1992 во натпреварот Сампдорија- Лацио. Веќе на своето деби тој го постигнал и својот прв погодок за тимот, затресувајќи ја мрежата на Лацио во 38-мата минута со што го израмнил резултатот на 2-2. Натпреварот завршил нерешено 3-3. За време на неговиот тригодишен престој во Џенова тој успеал да освои уште еден трофеј во неговата кариера, откако триумфирал во Италијанскиот Куп во сезоната 1993-94. Во летото 1995 година Југовиќ заминал од Сампдорија и потпишал за Јувентус.

Јувентус[уреди | уреди извор]

По завршувањето на сезоната 1994-95, Југовиќ направил трансфер од Сампдорија во италијанскиот гигант Јувентус за сума од 5.280.000 £. И покрај тоа што му бил пријатен престојот во Џенова, тој изјавил дека преминал во редовите на Јувентус од повеќе причини, но главната била таа што: за него Јувентус претставувал гордост на Италија. Тој веднаш му се допаднал на тренерот Марчело Липи и набрзо станува првотимец. Веќе во првата сезона тој го освојува својот втор трофеј во Лигата на шампионите, откако во финалето беше победен Ајакс на пенали со 4-2 по конечните 1-1 во 120 минути игра. Југовиќ во овој натпревар влегол како резерва пред крајот на првото полувреме на местото на Антонио Конте и токму тој го реализираше победничкиот пенал во четвртата серија со кој му ја донесе втората титула шампион на Европа на Јувентус.

Следната сезона Југовиќ со Јувентус ја освои Серија А. Тој постигнал два гола во убедливата победа на Јувентус над Милан со 6-1 на гости, нанесувајќи му го најтешкиот пораз дома на тогашниот актуелен првак (Милан) во последните 20 години. Југовиќ постигнал вкупно шест гола таа сезона во 30 натпревари и беше меѓу најдобрите 5 стрелци на клубот во оваа сезона. Тој истотака се закити и со насловот освоен во Токио (повторно, негов втор во ова натпреварување) во Интерконтиненталниот куп со победа над Ривер Плата. Југовиќ играше и во уште едно финале на Лигата на шампионите, но овојпат неговиот тим беше поразен од Борусија Дортмунд со 3-1.

Лацио[уреди | уреди извор]

Во сезоната 1997-98 Југовиќ настапувал во дресот на Римски Лацио по трансферот од Јувентус за сума од 3.520.000 £. Со Лацио дошол до уште еден наслов во Coppa Italia.

Подоцнежните години од кариерата[уреди | уреди извор]

Југовиќ се преселил во Шпанија во сезоната 1998-99, каде заиграл за екипата на ФК Атлетико Мадрид, но по најлошата сезона во неговата кариера заради констатните повреди одиграл само 17 натпревари по што се вратил во Италија следната година. Тој потпишал со Интер во 1999 година, каде што поминал две сезони. Тој ја завршил својата кариера во дресот на германскиот второлигаш ЛР Ален, по престоите кој ги имал во Монако каде сорботувал со некогашниот соиграч од Јувентус Дидје Дешан (кој бил тренер на клубот во тој период) и Адмира Вакер.

Титули[уреди | уреди извор]

Федерална Република Југославија Црвена Ѕвезда[уреди | уреди извор]

Италија Сампдорија[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Италија Лацио[уреди | уреди извор]

Coppacampioni.png
Јувентус - Шампион на Европа 1996.
Coppacampioni.png

1 Перуци | 2 Ферара | 3 Торичели | 5 Порини | 6 Соуса | 7 Ди Ливио | 8 Конте | 9 Вијали | 10 Дел Пјеро | 11 Раванели | 12 Рампуља | 14 Дешан | 18 Југовиќ | 20 Вјерховод | 21 Падовано | 22 Песото | тренер Липи

Надворешни врски[уреди | уреди извор]