Прејди на содржината

Морено Торичели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Морено Торичели
Лични податоци
Роден на 23 јануари 1970(1970-01-23)(54 г.)
Роден во Ерба, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2005 (35 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988-1990 Оџионо 49 (0)
1990-1992 Каратезе Каратезе 57 (3)
1992-1998 Јувентус Јувентус 153 (2)
1998-2002 Фјорентина Фјорентина 99 (2)
2003-2004 Еспањол Еспањол 33 (0)
2004-2005 Арецо Арецо 26 (2)
Репрезентација
1996-1998 Италија Италија 10 (0)
Раководител на екипите
2009 Пистоезе Пистоезе
2009–2010 Фиљине Фиљине
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Морено Торичели (роден на 23 јануари 1970 година во Ерба) — поранешен италијански фудбалски тренер и играч од одбраната.

Биографија

[уреди | уреди извор]

За време на неговиот период во Јувентус, од страна на Роберто Баџо бил наречен Џепето, прекар што го придружувал во текот на целата негова кариера.[1][2]

Неговата прва сопруга Барбара, со која се оженил во 1995 година, починала во 2010 година од леукемија. Со неа тој има три деца.[3] Откако останал вдовец, ја напуштил својата тренерска кариера и се пензионирал со своите деца во Лилианс,[4][5] од каде што е неговата втората сопруга.[6]

Од средината на 2010 година, тој повремено работел како колумнист за каналот Јувентус ТВ[7] и за Rai Sport.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Играјќи на позицијата бек, својата кариера Торичели ја започнал во екипата Пулчини дела Фолгоре Верано. Скаутиран од луѓе на Комо, тој заминал на проба во овој клуб, но откако не успеал да импресионира се вратил назад во базата. Во екипата на Верано Брианца[8] тој стигнал да игра со првиот тим во првенството 1987-1988. На крајот на сезоната, тој бил продаден во Оџионо, веднаш откако клубот од Ломбардија изборил пласман во лигата Промоционе. Тој останал во дресот на рособлу две години пред да биде продаден на Каратезе, во Серија Д.

Јувентус

[уреди | уреди извор]

На почетокот на 1990-тите години, Торичели работел како столар во фабрика за мебел во Брианца и играл фудбал само како хоби, но благодарение на пријателскиот натпревар одигран во 1992 година, помеѓу неговиот Каратезе и една од најистакнатите екипи во Италија - Јувентус, неговиот живот ќе се промени од корен: во пролетта 1992 година тој им се приклучил на бјанконерите на пробен период, импресионирајќи го позитивно тренерот Џовани Трапатони;[9] следното лето тој бил купен за 50 милиони лири.[10]

Торичели со Јувентус во 1998.

Дебитирал во Серија А на 13 септември 1992 година, во натпреварот на домашен терен против Аталанта, кој завршил со победа на бјанконерите со 4-1. Тој веднаш станал постојан стартер во почетната постава на Јувентус, кои во таа сезона го освоиле Купот на УЕФА совладувајќи ја германската Борусија Дортмунд во финалето. Во истото тоа натпреварување, Торичели го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус, во победата со 6-1 во Торино над кипарскиот Анортозис Фамагуста.

Двете најдобри сезони во кариерата на играчот биле 1994-1995 и 1995-1996: во текот на овие две сезони тој ги освоил скудетото, Купот на Италија, Суперкупот на Италија и Лигата на шампионите, а последователно успехот во Европа му овозможил да ги освои и Интерконтиненталниот куп и Суперкупот на Европа. Во меѓувреме, на 10 септември 1995 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата со 4-0 над Пјаченца. Неговиот трет и последен гол за Јувентус, го постигнал во победата со 4-0 на гостувањето кај Ренџерс во Лигата на шампионите.

Во последните две негови сезони во Торино 1996-1997 и 1997-1998, тој сè уште е протагонист, помагајќи му на Јувентус да освои уште две нови национални титули и достигнувајќи до уште две финалиња во Лигата на шампионите.

Вкупно за Јувентус одиграл 230 натпревари и постигнал 3 гола.

Фјорентина и последните години од кариерата

[уреди | уреди извор]

Во летото 1998 година, Торичели - откако во меѓувреме завршил на маргините во екипата на Јувентус - побарал и добил да биде продаден на Фјорентина;[11] една од главните причини за изборот и доаѓањето во Фиренца била можноста повторно да соработува со Трапатони, тренерот кој го открил шест години порано и многу го почитувал како играч.[12] Дебитирал за виола на 12 септември 1998, играјќи од почеток до крај во победата со 2-0 на домашен терен во тосканското дерби против Емполи; својот прв гол за клубот го постигнал на 10 ноември истата година, во победата со 4-0 над Лече во Купот на Италија.

Тој одиграл три сезони во Тоскана, освојувајќи еден трофеј во Купот на Италија 2000-2001, сè до летото 2002 година кога Фјорентина паднала во економски банкрот.

После шест месеци без договор, во јануари 2003 година, Торичели за прв пат ја напуштил татковината и се преселил во Шпанија каде потпишал за екипата на Еспањол.[13] Дебитирал во шпанскиот фудбал на 2 февруари 2003, во натпреварот Еспањол - Реал Мадрид 2-2, во кои играл до 72-рата минута пред да биде заменет од Иван Амаја. За сезона и половина во каталонскиот клуб, тој одиграл вкупно 34 натпревари без постигнат гол.

Во ноември 2004 година, тој се вратил во Италија придружувајќи и се на екипата на Арецо, во Серија Б;[14] истиот месец го направил своето деби за клубот а воедно и за првпат во кариерата заиграл во натпревар во Серија Б, против Катанцаро. Својата авантура со Арецо, ја завршил со 26 настапи и 2 гола, помагајќи му на клубот да опстане во лигата.

Во летото 2006 година, како слободен играч, тој кратко тренирал со играчи без договор[15] пред да објави дека ја завршува својата играчка фудбалска кариера.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Во периодот помеѓу 1996 и 1999 година тој добил 21 повик во италијанската репрезентација, остварувајќи 10 настапи. Откако го направил своето деби на 24 јануари 1996 година во пријателски натпревар против Велс (италијанците победиле 3-0), тој бил избран од селекторот Ариго Саки во тимот за Европското првенство 1996 во Англија, каде настапил само на последниот натпревар од групната фаза (Германија - Италија 0-0), после кој Аѕурите биле елиминирани од турнирот. Подоцна бил повикан од селекторот Чезаре Малдини за Светското првенство 1998, на кое сепак не одиграл ниту еден натпревар. Тој останал во репрезентацијата и во првите месеци од управувањето на новиот селектор Дино Ѕоф, забележувајќи го последниот настап на 10 февруари 1999 година во Пиза, во пријателскиот натпревар Италија - Норвешка 0-0.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
24-1-1996 Терни Италија Италија 3 – 0 Велс Велс Пријателска -
29-5-1996 Кремона Италија Италија 2 – 2 Белгија Белгија Пријателска -
1-6-1996 Будимпешта Унгарија Унгарија 0 – 2 Италија Италија Пријателска -
19-6-1996 Манчестер Италија Италија 0 – 0 Германија Германија Евро 1996 - Прва фаза -
06-11-1996 Сараево Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 2 – 1 Италија Италија Пријателска -
28-1-1998 Катанија Италија Италија 3 – 0 Словачка Словачка Пријателска -
10-10-1998 Удине Италија Италија 2 – 0 Швајцарија Швајцарија Квал. за Евро 2000 -
18-11-1998 Салерно Италија Италија 2 – 2 Шпанија Шпанија Пријателска -
16-12-1998 Рим Италија Италија 6 – 2 World Stars World Stars Пријателска -
10-2-1999 Пиза Италија Италија 0 – 0 Норвешка Норвешка Пријателска -
Вкупно Настапи 10 Голови 0

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1988-1989 Италија Оџионо Екел. 15 0 - - - - - - - - - 15 0
1989-1990 Екел. 34 0 - - - - - - - - - 34 0
Вкупно Оџионо 49 0 - - - - - - 49 0
1990-1991 Италија Каратезе Д 27 2 - - - - - - - - - 27 2
1991-1992 Д 30 1 - - - - - - - - - 30 1
Вкупно Каратезе 57 3 - - - - - - 57 3
1992-1993 Италија Јувентус А 30 0 КИ 8 0 КУ 10 1 - - - 48 1
1993-1994 А 32 0 КИ 1 0 КУ 8 0 - - - 41 0
1994-1995 А 26 0 КИ 6 0 КУ 9 0 - - - 41 0
1995-1996 А 28 1 КИ 2 0 ЛШ 8 1 СИ 1 0 39 2
1996-1997 А 17 0 КИ 3 0 ЛШ 5 0 СУ+ИнтК 2+1 0 28 0
1997-1998 А 20 0 КИ 6 0 ЛШ 7 0 СИ 0 0 33 0
Вкупно Јувентус 153 1 26 0 47 2 4 0 230 3
1998-1999 Италија Фјорентина А 31 2 КИ 9 1 КУ 2 0 - - - 42 3
1999-2000 А 15 0 КИ 2 0 ЛШ 6 0 - - - 23 0
2000-2001 A 24 0 КИ 5 0 КУ 0 0 - - - 29 0
2001-2002 А 29 0 КИ 0 0 КУ 3 0 СИ 0 0 32 0
Вкупно Фјорентина 99 2 16 1 11 0 0 0 126 3
јан.-јун. 2003 Шпанија Еспањол ПД 18 0 КШ 0 0 - - - - - - 18 0
2003-2004 ПД 15 0 КШ 1 0 - - - - - - 16 0
Вкупно Еспањол 33 0 1 0 - - - - 34 0
2004-2005 Италија Арецо Б 26 1 КИ 0 0 - - - - - 26 1
Вкупно во кариерата 417 7 43 1 58 2 4 0 522 10

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
Извор:[16]
Фудбалска репрезентација на Италија
Год. Наст Гол
1996 5 0
1997 0 0
1998 4 0
1999 1 0
Вкупно 10 0

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
1994-1995, 1996-1997, 1997-1998
1994–1995
1995, 1997
1992-1993
1995-1996
1996
1996

Италија Фјорентина

[уреди | уреди извор]
2000–2001
  1. Chiara Biondini (5 ноември 2012). „Torricelli: "Ecco chi mi ha soprannominato Geppetto".
  2. Marino Bartoletti (1 јуни 2002). „Torricelli, il panchinaro contento: «Vice di Bergomi, la mia vittoria»“. Corriere della Sera. Архивирано од изворникот на 17 октомври 2015.
  3. „Lutto in casa Torricelli. È scomparsa la moglie“. 27 октомври 2010.
  4. Stefano Sergi (21 giugno 2014). „La nuova vita valdostana di Moreno Torricelli: "Rispetto e determinazione così si diventa campioni". Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Moreno Torricelli: «Il calcio? Scomparsa mia moglie, ho scelto di stare coi figli». Corriere della Sera. 24 април 2015. http://video.corriere.it/moreno-torricelli-il-calcio-scomparsa-mia-moglie-ho-scelto-stare-coi-figli/79196df2-7b10-11e4-825c-8af4d2bb568e. 
  6. Moreno Torricelli valdostano per amore на YouTube
  7. „JMatchTime, una grande stagione al via su JTv!“. 20 август 2016.
  8. Franco Melli (18 септември 1992). „Torricelli, il giocatore qualunque. "Dal mobilificio fino alla Juventus il mio viaggio è ancora un sogno". Corriere della Sera. стр. 45. Архивирано од изворникот на 27 јуни 2010.
  9. Matteo Baccellini (30 март 2009). „Torricelli: "In panchina con la grinta da falegname".
  10. Fabio Vergnano (12 август 1992). „Si chiama Torricelli la Cenerentola del calcio“. La Stampa. стр. 25.
  11. Fabio Vergnano (14 јуни 1998). „Torricelli: Trap mi ama, Lippi no“. La Stampa. стр. 28.
  12. Carlo Laudisa (7 јули 1998). „Torricelli torna alla corte del Trap“. La Gazzetta dello Sport. стр. 18.
  13. Carlo Laudisa (23 јануари 2003). „È una Reggina pigliatutto“. La Gazzetta dello Sport. стр. 15.
  14. Nicola Binda (3 ноември 2004). „Infinito Torricelli: riparte da Arezzo“. La Gazzetta dello Sport. стр. 22.
  15. Carlo Lovati (24 јули 2006). „Scende in campo la squadra che non c'è“. стр. 7. Архивирано од изворникот на 15 декември 2014. Занемарен непознатиот параметар |pubblicazione= (help)
  16. „TORRICELLI MORENO, Convocazioni e presenze in campo“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]