Прејди на содржината

Зоран Мирковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоран Мирковиќ
Лични податоци
Роден на 21 септември 1971(1971-09-21)(54 г.)
Роден во Белград, СФРЈ
Држава Југославија Југославија
СР Југославија СР Југославија (1992-2003)
Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора (2003-2006)
Србија Србија (од 2006)
Висина &100000000000001820000001,82 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Сегашен клуб Партизан Партизан (тренер)
Повлекување 2006 (34 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989-1990 Раднички Свилајнац 15 (0)
1990-1993 Рад Рад 62 (1)
1993-1996 Партизан Партизан 82 (1)
1996-1998 Аталанта Аталанта 51 (0)
1998-2000 Јувентус Јувентус 27 (0)
2000-2003 Фенербахче Фенербахче 71 (3)
2004-2006 Партизан Партизан 46 (2)
Репрезентација
1995-2002 СР Југославија СР Југославија 54 (0)
2003 Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора 5 (0)
Раководител на екипите
2015 Синџелиќ Белград
2016–2018 Црна Гора Црна Гора                        (Помошник)
2018- Партизан Партизан

Зоран "Бата" Мирковиќ (роден на 21 септември 1971 година, во Белград) — југословенски и српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Оженет е со Санела Шаулиќ, ќерката на пејачот Шабан Шаулиќ.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Мирковиќ играл фудбал за екипата на Раднички Свилајнац во сезоната 1989-1990, додека во истовреме го служел воениот рок.[2] Своето прво појавување во професионалниот фудбал го имал играјќи за Рад во текот на сезоната 1990-1991, правејќи го своето деби во натпреварот загубен од Пролетер Зрењанин. Мирковиќ поминал три сезони во дресот на Рад како професионален играч, и одиграл вкупно 62 натпревари (пет во сезоната 1990-1991, 26 во сезоната 1991-1992 и 31 во сезоната 1992-1993), постигнувајќи еден гол. Неговиот талент неостанал незабележан од страна на челните луѓе на Партизан кој го поканиле да дојде во клубот и да го брани дресот со црно-белата боја.

Мирковиќ секогаш ги опишувал трите години поминати во Партизан како најубавите години во неговата кариера и вели дека Партизан е клубот кој го сака најмногу. Во овие три години се утврдил како играч, станал прв избор во југословенската репрезентација и освоил три титули (две во Првата лига на СР Југославија во сезоните 1993-1994 и 1994-1995 и една во Купот на СР Југославија 1993-1994). Познат бил и по дресот со број 2 кој го носел за време на овој период. Тој станал херој на навивачите на Партизан, бидејќи бил голем борец на теренот особено во натпреварите против големиот соперник Црвена Ѕвезда. Тој одиграл 82 натпревари во дресот на Партизан (26 во сезоната 1993-1994, 29 во сезоната 1994-1995 и 27 во сезоната 1995-1996), постигнувајќи еден гол.

Во 1996 година Мирковиќ се преселил во Италија, каде потпишал за Аталанта. Во својот прв натпревар во Серија А со клубот од Бергамо, тој се повредил и бил принуден да паузира три месеци. По две сезони во Аталанта, во кои се истакнал пред се со својата разноврсност играјќи и во одбраната и во средниот ред, тој станал интересен за тренерот на Јувентус, Марчело Липи, кој го поканил да му се приклучи на клубот. Тој, бил многу популарен меѓу навивачите на Аталанта, кога клубот сакал да го продаде на Фјорентина, тој изјавил дека „не може туку-така да ја напушти Аталанта“.

Во летото 1998, Мирковиќ потпишал за Јувентус. Кариера на Мирковиќ во гигантот од Торино може да се подели на два различни временски периоди: под водство на тренерот Липи, популарниот „Бата“ одиграл 19 натпревари во Серија А, постигнувајќи еден гол. Тој, исто така, играл натпревари и од Лигата на шампионите. Меѓутоа, кога Карло Анчелоти ја презел функцијата во пролетта 1999 година, Мирковиќ веќе не бил прв избор во Јувентус, и играл претежно само натпревари од Купот на Италија.

Во летото 2000 година, Мирковиќ потпишал три-годишен договор со Фенербахче. Тоа се покажало како многу паметна одлука. Во неговата прва сезона во Истанбул, тој го освоил насловот во турското првенство и бил финалист во Купот на Турција. Во својата втора сезона во Турција, играл во Лигата на шампионите и го освоил второто место во турската лига. Неговата трета сезона во Фенербахче не била толку успешна: трите тренери и проблемите во клубот предизвикале Фенербахче да заврши дури на шесттото место.

Подоцна, во јануари 2004 година, по шестомесечна пауза од фудбалот, Мирковиќ се вратил во Партизан, потпишувајќи со клубот договор на две и пол години.[3] На 6 март 2006 година, го најавил своето пензионирање на возраст од 34 години поради периодични проблеми со повредата на грбот.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Мирковиќ го носел дресот на репрезентациите на СР Југославија и Србија и Црна Гора во периодот 1995-2003, забележувајќи вкупно 59 сениорски репрезентативни настапи за својата земја (54 за СР Југославија и 5 за Србија и Црна Гора).[4]

Тој ја претставувал СР Југославија на Светското првенство 1998 во Франција, но го пропуштил Европското првенство 2000 поради суспензија од три натпревари која ја заработил заради инцидентот кој се случил во последниот натпревар од квалификациите, игран против Хрватска во Загреб, кога го удрил Роберт Јарни по тестисите по што добил директен црвен картон.[5]

СР Југославија

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― СР Југославија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
31-1-1995ХонгконгХонгконг Лига XI  Хонгконг1 – 3СР Југославија СР ЈугославијаКуп на Лунарна нова година 1995 - Полуфинале-
4-2-1995ХонгконгСР Југославија СР Југославија1 – 0Јужна Кореја Јужна Кореја под 21 годинаКуп на Лунарна нова година 1995 - Финале-
31-3-1995БелградСР Југославија СР Југославија1 – 0Уругвај УругвајПријателска-
31-5-1995БелградСР Југославија СР Југославија1 – 2Русија РусијаПријателска-влегол во игра 46'
20-9-1995СолунГрција Грција0 – 2СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-
12-11-1995Сан СалвадорЕл Салвадор Ел Салвадор1 – 4СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-заменет 82'
24-4-1996БелградСР Југославија СР Југославија3 – 1Фарски Острови Фарски ОстровиКвал. за СП 1998-влегол во игра 61'
23-5-1996ШизуокаМексико Мексико0 – 0СР Југославија СР ЈугославијаКирин куп 1996-
26-5-1996ТокиоЈапонија Јапонија1 – 0СР Југославија СР ЈугославијаКирин куп 1996-
2-6-1996БелградСР Југославија СР Југославија6 – 0Малта МалтаКвал. за СП 1998-
28-12-1996Мар дел ПлатаАргентина Аргентина2 – 3СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-добил жолт картон
7-2-1997ХонгконгРусија Русија1 – 1 прод.
(6 – 5 пен.)
СР Југославија СР ЈугославијаКуп на Лунарна нова година 1997 - Полуфинале-
10-2-1997ХонгконгХонгконг Лига XI Хонгконг1 – 3СР Југославија СР ЈугославијаКуп на Лунарна нова година 1997 - натп. за 3. место-
12-3-1997БелградСР Југославија СР Југославија0 – 0Русија РусијаПријателска-
2-4-1997ПрагаЧешка Чешка1 – 2СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за СП 1998-
30-4-1997БелградСР Југославија СР Југославија1 – 1Шпанија ШпанијаКвал. за СП 1998-добил жолт картон во 7-мата минута 7'
8-6-1997БелградСР Југославија СР Југославија2 – 0Словачка СловачкаКвал. за СП 1998-
12-6-1997СеулГана Гана1 – 3СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-заменет 46'
14-6-1997СувонЕгипет Египет0 – 0СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-
16-6-1997СеулЈужна Кореја Јужна Кореја1 – 1СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-
20-8-1997Санкт ПетербургРусија Русија0 – 1СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-заменет 74'
10-9-1997БратиславаСловачка Словачка1 – 1СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за СП 1998-добил жолт картон во 59-тата минута 59'
29-10-1997БудимпештаУнгарија Унгарија1 – 7СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за СП 1998-
15-11-1997БелградСР Југославија СР Југославија5 – 0Унгарија УнгаријаКвал. за СП 1998-
28-1-1998ТунисТунис Тунис0 – 3СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-
25-3-1998БоготаКолумбија Колумбија0 – 0СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-
22-4-1998БелградСР Југославија СР Југославија3 – 1Јужна Кореја Јужна КорејаПријателска-добил жолт картон во 74-тата минута 74'
29-5-1998БелградСР Југославија СР Југославија3 – 0Нигерија НигеријаПријателска-заменет 27'
6-6-1998БазелШвајцарија Швајцарија1 – 1СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-
14-6-1998Сент-ЕтјенСР Југославија СР Југославија1 – 0Иран ИранСП 1998 - Прва фаза-
29-6-1998ТулузаСР Југославија СР Југославија1 – 2Холандија ХоландијаСП 1998 - Осминафинале-добил жолт картон во 52-рата минута 52'
2-9-1998НишСР Југославија СР Југославија1 – 1Швајцарија ШвајцаријаПријателска-
10-2-1999Та КалиМалта Малта0 – 3СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за ЕП 2000-добил жолт картон во 37-мата минута 37'
8-6-1999СолунСР Југославија СР Југославија4 – 1Малта МалтаКвал. за ЕП 2000-
18-8-1999БелградСР Југославија СР Југославија0 – 0Хрватска ХрватскаКвал. за ЕП 2000-добил жолт картон во 20-тата минута 20'
5-9-1999БелградСР Југославија СР Југославија3 – 1Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2000-
8-9-1999СкопјеМакедонија Македонија2 – 4СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за ЕП 2000-заменет 41'
9-10-1999ЗагребХрватска Хрватска2 – 2СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за ЕП 2000-Red card 42'
28-3-2000БелградСР Југославија СР Југославија1 – 0Кина КинаПријателска-влегол во игра 58'
3-9-2000ЛуксембургЛуксембург Луксембург0 – 2СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за СП 2002-
15-11-2000БукурештРоманија Романија2 – 1СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-заменет 81'
2-6-2001МоскваРусија Русија1 – 1СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за СП 2002-заменет 86'
6-6-2001ТофтирФарски Острови Фарски Острови0 – 6СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за СП 2002-заменет 43'
15-8-2001БелградСР Југославија СР Југославија2 – 0Фарски Острови Фарски ОстровиКвал. за СП 2002-добил жолт картон во 78-мата минута 78'
1-9-2001БазелШвајцарија Швајцарија1 – 2СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за СП 2002-добил жолт картон во 38-мата минута 38'
6-10-2001БелградСР Југославија СР Југославија6 – 2Луксембург ЛуксембургКвал. за СП 2002-
27-3-2002ФорталецаБразил Бразил1 – 0СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-добил жолт картон во 49-тата минута 49'
17-4-2002СмедеревоСР Југославија СР Југославија4 – 1Литванија ЛитванијаПријателска- добил жолт картон
8-5-2002Ист РатерфордЕквадор Еквадор1 – 0СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-
17-5-2002МоскваУкраина Украина2 – 0СР Југославија СР ЈугославијаЕл-Џи куп 2002 (Русија) - Полуфинале-
19-5-2002МоскваРусија Русија1 – 1
(5 – 6 пен.)
СР Југославија СР ЈугославијаЕл-Џи куп 2002 (Русија) - Натп. за 3. место-добил жолт картон во 84-тата минута 84'
21-8-2002СараевоБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина0 – 2СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-заменет 82'
6-9-2002ПрагаЧешка Чешка5 – 0СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-
12-10-2002НеаполИталија Италија1 – 1СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за ЕП 2004-заменет 9'
Вкупно Настапи 54 Голови 0

Србија и Црна Гора

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Србија и Црна Гора
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
27-3-2003КрушевацСрбија и Црна Гора Србија и Црна Гора1 – 2Бугарија БугаријаПријателска-
30-4-2003БременГерманија Германија1 – 0Србија и Црна Гора Србија и Црна ГораПријателска-заменет 66'
3-6-2003ЛестерАнглија Англија2 – 1Србија и Црна Гора Србија и Црна ГораПријателска- заменет 46'
7-6-2003ТампереФинска Финска3 – 0Србија и Црна Гора Србија и Црна ГораКвал. за ЕП 2004-заменет 80'
11-6-2003БакуАзербејџан Азербејџан2 – 1Србија и Црна Гора Србија и Црна ГораКвал. за ЕП 2004-добил жолт картон во 86-тата минута 86'
Вкупно Настапи 5 Голови 0

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на бил поставен од Фудбалскиот сојуз на Србија за директор на сите репрезентации на Србија,[6] но после само неколку месеци тој поднел оставка од фунцијата заради несогласувања со луѓето од сојузот.[7]

Во меѓувреме тој се стекнал со тренерска лиценца, а во јуни 2015 година го имал својот прв ангажман откако бил назначен за тренер на екипата на Синѓелиќ од Белград, кој се натпреварувал во Првата лига на Србија,[8] и на клупата на овој тим останал до декември истата година.[9] Во 16 натпревари во кои го предводел клубот од клупата во првиот дел од сезоната, Синѓелиќ забележал шест победи и по пет порази и ремија.[10]

Во февруари 2016, тој се приклучил во тренерскиот на репрезентацијата на Црна Гора, како помошник на селекторот Љубиша Тумбаковиќ.[11]

На 5. августа 2018 година, Мирковиќ бил назначен за тренер на Партизана.[12] Своето деби на клупата на клубот чиј дрес го носел како фудбалер, го имал на гостувањето кај Норшелан во квалификациите за Лига Европа, славејќи победа со 2-1.[13] Откако Партизан бил подобар и во реваншот со 3-2, клубот се пласирал во плејоф рундата.[14] Сепак, таму се сретнале со турскиот клуб Бешикташ, који бил пресилен за белградските црно-бели.[15] Во Суперлигата на Србија, Партизан под водството на Мирковиќ не бил поразен се до 6 март 2019, кога на стадионот на Партизан, гостувал Раднички Ниш кој победил со 0-1.[16] Во следното коло, Партизан со истиот резултат бил поразен и на гостувањето кај Вождовац,[17] по што Мирковиќ поднел оставка.[18] Иако Мирковиќ со Партизан имал само два порази во првенството, имал и дури осум нерешени резултати па во моментот на неговата оставка, клубот се наоѓал тек на третото место на првенствената табела, со 21 бод заостаток зад лидерот Црвена ѕвезда.[17] Вкупно, Мирковиќ го водел Партизан во 29 натпревари во сите натпреварувања и забележал 17 победи, девет ремија и три порази.[18]

Партизан

[уреди | уреди извор]
1993–1994, 1995–1996, 2004-2005
1994

Јувентус

[уреди | уреди извор]
1999

Фенербахче

[уреди | уреди извор]
2000-2001
  1. „Ћерка Шабана Шаулића удала се за фудбалера Бату Мирковића“. blic.rs. 21. 5. 2013. Посетено на 11. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Мирковић директор ФСС“. politika.rs. 25. 4. 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Зоран Мирковић потписао за Партизан“. arhiva.srbija.gov.rs. 29 јануари 2004.
  4. „Yugoslavia (Serbia (and Montenegro)) – Record International Players“. rsssf.com. Посетено на 12 March 2009.
  5. https://www.youtube.com/watch?v=tb4b_ugKtg4&feature=player_embedded
  6. „Бата Мирковић директор ФСС“. novosti.rs. 20. 4. 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. „Мирковић поднео оставку на место директора репрезентације“. rtv.rs. 1. 12. 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. „Бата Мирковић на кормилу Синђелића“. mozzartsport.com. 15. 6. 2015. Посетено на 11. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. „Оде Бата у Америку“. mondo.rs. 17. 12. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. „Зоран Мирковић“. transfermarkt.com. Посетено на 11. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. „УЗ ТУМБАКОВИЋА Зоран Мирковић помоћни тренер Црне Горе“. sport.blic.rs. 19. 2. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. „Зоран Бата Мирковић нови тренер Партизана!“. mondo. 3. 8. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. „Неки нови Партизан: Црно-бели славили у Данској на дебију Мирковића [ВИДЕО]. sportskacentrala.com. 9. 8. 2018. Архивирано од изворникот на 10. 08. 2018. Посетено на 11. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  14. „Партизан је у плеј-офу за Лигу Европе: Црно-бели надиграли Нордсјеланд и заказали двомеч са истанбулским великаном /ФОТО/“. sport.blic.rs. 16. 8. 2018. Посетено на 11. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  15. „Црно-бели немоћни – Бешикташ елиминисао Партизан из Европе“. b92.net. 30. 8. 2018. Посетено на 11. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  16. „Први пораз Мирковића у првенству: "Нисмо могли да убацимо у вишу брзину... плашили смо се овог меча". sport.blic.rs. 6. 3. 2019. Посетено на 11. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  17. 1 2 „КРАЈ: Вождовац - Партизан 1:0“. novosti.rs. 10. 3. 2019. Посетено на 11. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  18. 1 2 „Мирковић поднео оставку пред играчима, управа сазнала!“. mondo. 10. 3. 2019. Посетено на 11. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]