Прејди на содржината

Нуно Гомеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нуно Гомеш
Лични податоци
Роден на 5 јули 1976(1976-07-05)(49 г.)
Роден во Амаранте, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2 април 2014 (37 години)
Младинска кариера
Боавишта Боавишта
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994-1997 Боавишта Боавишта 79 (23)
1997-2000 Бенфика Бенфика 101 (60)
2000-2002 Фјорентина Фјорентина 53 (14)
2002-2011 Бенфика Бенфика 189 (66)
2011-2012 Брага Брага 20 (6)
2012-2013 Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 18 (4)
Репрезентација
1995-2011 Португалија Португалија 79 (29)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Нуно Мигел Соареш Переира Рибеиро познат како Нуно Гомеш, (роден на 5 јули 1976, во Амаранте), е поранешен португалски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач. Тој во моментов работи како асистент во меѓународниот сектор во екипата на Бенфика.[1]

Неговиот прекар Гомеш го добил во младоста, по португалскиот напаѓач, Фернандо Гомеш.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Нуно Гомеш го направил своето професионално деби со Боавишта во сезоната 1994-95. Во сезоната 1996-97, тој постигнал 15 гола во лигата: а благодарение на голот во финалето на Купот на Португалија при победата над Бенфика, заработил трансфер во Бенфика, најтрофејниот португалски клуб. После 101 натпревар и 60 гола со орлите од Лисабон, но и неговите настапи за репрезентацијата на Евро 2000 драстично се зголемила неговата вредност на трансфер-пазарот.

Во летото 2000 година Нуно Гомеш го завршил својот трансфер во италијанската Фјорентина, кои платиле 17 милиони евра за тогаш дваесет и четири годишниот напаѓач. Веќе во првата сезона со виола го освоил италијанскиот куп и загубил во Суперкупот на Италија освоен од Рома, пред клубот да банкротира, принудувајќи го Нуно Гомеш, стрелецот на 20 гола за двете последни сезони (14 во лигата), да се врати во Португалија.

Во јануари 2002 година, заедно со Марко Роси, го раскинал договорот со Фјорентина, поради неплаќање на бонус премија од натпревар во вредност од 25.000 €. Гестот, со кој само формално го известил клубот, бил сметан за кршење на пактот за почит од страна на неговите соиграчи[2] како и предавство кон навивачите на Фјорентина. Така, во текот на летото на 2002 година, тој се вратил во Бенфика, каде потоа станал капитен. Го зел дресот со број 21., кој го носел и во Фјорентина.

Нуни Гомеш во дресот на Бенфика во септември 2007 година

Серија од досадни повреди го ограничиле Гомеш да одигра помалку од 70 натпревари од 2002 до 2005 година,[3][4] но и покрај тоа тој и помогнал на Бенфика да го освои домашниот куп во сезоната 2003-04 и лигата следната сезона - во вториот случај, придонел со седум гола во 23 настапи. Во сезоната 2005-06 уживал во неговата најдобра сезона по враќањето во Португалија, постигнувајќи 15 првенствени гола, вклучувајќи ги и двата во гостинската победа против Порто (0-2)[5] како и хет-трикот против Леирија, заземајќи го второто место на списокот на стрелците и освојувајќи го Суперкупот на Португалија, каде тој го постигнал единствениот гол на натпреварот против Виторија Сетубал.[6]

На 15 јуни 2011 објавил дека нема намера да го обнови договорот кој му истекувал, со што по 12 години ја напуштил Бенфика.[7] На 1 јули, како слободен играч потпишал едно-годишен договор со екипата на Брага. На 3 јули 2012, потпишал двегодишен договор со англискиот второлигаш Блекбурн Роверс.[8] На 28 јуни 2013 го раскинал договорот со Роверс. На 2 април 2014 ја завршил својата играчка кариера и истиот ден влегол во раководството на Бенфика, во улога на асистент на меѓународниот сектор.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Тој има 79 настапи и 29 гола за репрезентацијата, и е петти по бројот на постигнати голови за португалската репрезентација зад Кристијано Роналдо (99), Паулета (47 гола), Еузебио (41) и Луис Фиго (32). Сите играчи кои го претходат (освен Кристијано Роналдо) ја имаат завршено репрезентативната кариера.

На Европското првенство 2000 постигнал четири гола, помагајќи и на Португалија да стигне до полуфиналето. Исто така тој бил трет стрелец на турнирот зад Патрик Клајвeрт и Саво Милошевиќ, кој постигнале по 5.

На Европското првенство 2008, тој бил капитен на репрезентацијата, постигнувајќи еден гол за моментални 1-2 против Германија, со што успеал да постигне гол на три европски првенства.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
24-1-1996ПаризФранција Франција3 – 2Португалија ПортугалијаПријателска-
19-2-1997АтинаГрција Грција0 – 0Португалија ПортугалијаПријателска-
7-6-1997ПортоПортугалија Португалија2 – 0Албанија АлбанијаКвал. за СП 1998-
19-8-1998Понта ДелгадаПортугалија Португалија2 – 1Мозамбик МозамбикПријателска-
10-10-1998ПортоПортугалија Португалија0 – 1Романија РоманијаКвал. за Евро 2000-
10-2-1999АмстердамХоландија Холандија0 – 0Португалија ПортугалијаПријателска-
31-3-1999ВадуцЛихтенштајн Лихтенштајн0 – 5Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 2000-
18-8-1999ОеирашПортугалија Португалија4 – 0Андора АндораПријателска-
23-2-2000ШарлроаБелгија Белгија1 – 1Португалија ПортугалијаПријателска-
29-3-2000ЛеиријаПортугалија Португалија2 – 1Данска ДанскаПријателска-
26-4-2000Реџо КалабријаИталија Италија2 – 0Португалија ПортугалијаПријателска-
2-6-2000ЧавесПортугалија Португалија3 – 0Велс ВелсПријателска-
12-6-2000АјндховенПортугалија Португалија3 – 2Англија АнглијаЕвро 2000 - Прва фаза1
17-6-2000АрнемРоманија Романија0 – 1Португалија ПортугалијаЕвро 2000 - Прва фаза-
20-6-2000РотердамПортугалија Португалија3 – 0Германија ГерманијаЕвро 2000 - Прва фаза-
24-6-2000АмстердамТурција Турција0 – 2Португалија ПортугалијаЕвро 2000 - Четвртфинале2
28-6-2000БриселФранција Франција2 – 1 згПортугалија ПортугалијаЕвро 2000 - Полуфинале1
28-2-2001ФуншалПортугалија Португалија3 – 0Андора АндораКвал. за СП 2002-
28-3-2001PortoПортугалија Португалија2 – 2Холандија ХоландијаКвал. за СП 2002-
25-4-2001Сен ДениФранција Франција4 – 0Португалија ПортугалијаПријателска-
6-6-2001ЛисабонПортугалија Португалија6 – 0Кипар КипарКвал. за СП 2002-
15-8-2001ФароПортугалија Португалија3 – 0Молдавија МолдавијаПријателска-
1-9-2001ЛеидаАндора Андора1 – 7Португалија ПортугалијаКвал. за СП 20024
5-9-2001ЛарнакаКипар Кипар1 – 3Португалија ПортугалијаКвал. за СП 20021
6-10-2001ЛисабонПортугалија Португалија5 – 0Естонија ЕстонијаКвал. за СП 20022
14-11-2001ЛисабонПортугалија Португалија5 – 1Ангола АнголаПријателска2
13-2-2002БарселонаШпанија Шпанија1 – 1Португалија ПортугалијаПријателска-
27-3-2002ПортоПортугалија Португалија1 – 4Финска ФинскаПријателска-
25-5-2002МакаоКина Кина0 – 2Португалија ПортугалијаПријателска1
5-6-2002СувонСАД САД3 – 2Португалија ПортугалијаСП 2002 - Прва фаза-
14-6-2002ИнчеонПортугалија Португалија0 – 1Јужна Кореја Јужна КорејаСП 2002 - Прва фаза-
7-9-2002БирмингемАнглија Англија1 – 1Португалија ПортугалијаПријателска-
20-11-2002БрагаПортугалија Португалија2 – 0Шкотска ШкотскаПријателска-
2-4-2003ЛозанаПортугалија Португалија1 – 0Македонија МакедонијаПријателска-
30-4-2003АјндоховенХоландија Холандија1 – 1Португалија ПортугалијаПријателска-
19-11-2003ЛеиријаПортугалија Португалија8 – 0Кувајт КувајтПријателска3
31-3-2004БрагаПортугалија Португалија1 – 2Италија ИталијаПријателска-
28-4-2004КоимбраПортугалија Португалија2 – 2Шведска ШведскаПријателска1
29-5-2004АгуедаПортугалија Португалија3 – 0Луксембург ЛуксембургПријателска1
5-6-2004СетубалПортугалија Португалија4 – 1Литванија ЛитванијаПријателска1
12-6-2004ПортоПортугалија Португалија1 – 2Грција ГрцијаЕвро 2004 - Прва фаза-
16-6-2004ЛисабонРусија Русија0 – 2Португалија ПортугалијаЕвро 2004 - Прва фаза-
20-6-2004ЛисабонШпанија Шпанија0 – 1Португалија ПортугалијаЕвро 2004 - Прва фаза1
24-6-2004ЛисабонПортугалија Португалија2 – 2 прод.
(6 - 5 пен.)
Англија АнглијаЕвро 2004 - Четвртфинале-
30-6-2004ЛисабонПортугалија Португалија2 – 1Холандија ХоландијаЕвро 2004 - Полуфинале-
4-7-2004ЛисабонПортугалија Португалија0 – 1Грција ГрцијаЕвро 2004 - Финале-
13-10-2004ЛисабонПортугалија Португалија7 – 1Русија РусијаКвал. за СП 2006-
9-2-2005ДаблинИрска Ирска1 – 0Португалија ПортугалијаПријателска-
26-3-2005БарселосПортугалија Португалија4 – 1Канада КанадаПријателска1
8-10-2005АвеироПортугалија Португалија2 – 1Лихтенштајн ЛихтенштајнКвал. за СП 20061
12-10-2005ПортоПортугалија Португалија3 – 0Латвија ЛатвијаКвал. за СП 2006-
12-11-2005КоимбраПортугалија Португалија2 – 0Хрватска ХрватскаПријателска-
15-11-2005БелфастѕСеверна Ирска Северна Ирска1 – 1Португалија ПортугалијаПријателска-
21-6-2006ГелзенкирхенМексико Мексико1 – 2Португалија ПортугалијаСП 2006 - Прва фаза-
8-7-2006ШтутгартГерманија Германија3 – 1Португалија ПортугалијаСП 2006 - Натпревар за 3. место1
1-9-2006КопенхагенДанска Данска4 – 2Португалија ПортугалијаПријателска-
6-9-2006ХелсинкиФинска Финска1 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 20081
7-10-2006ПортоПортугалија Португалија3 – 0Азербејџан АзербејџанКвал. за Евро 2008-
11-10-2006КраковијаПолска Полска2 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 20081
15-11-2006КоимбраПортугалија Португалија3 – 0Казахстан КазахстанКвал. за Евро 2008-
6-2-2007ЛондонПортугалија Португалија2 – 0Бразил БразилПријателска-
24-3-2007ЛисабонПортугалија Португалија4 – 0Белгија БелгијаКвал. за Евро 20081
28-3-2007БелградСрбија Србија1 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 2008-
22-8-2007ЕреванЕрменија Ерменија1 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 2008-
8-9-2007ЛисабонПортугалија Португалија2 – 2Полска ПолскаКвал. за Евро 2008-
12-9-2007ЛисабонПортугалија Португалија1 – 1Србија СрбијаКвал. за Евро 2008-
21-11-2007ПортоПортугалија Португалија0 – 0Финска ФинскаКвал. за Евро 2008-
26-3-2008ДиселдорфГрција Грција2 – 1Португалија ПортугалијаПријателска1
31-5-2008ВизеуПортугалија Португалија2 – 0Грузија ГрузијаПријателска-
7-6-2008ЖеневаПортугалија Португалија2 – 0Швајцарија ШвајцаријаЕвро 2008 - Прва фаза-
11-6-2008ЖеневаЧешка Чешка1 – 3Португалија ПортугалијаЕвро 2008 - Прва фаза-
19-6-2008БазелГерманија Германија3 – 2Португалија ПортугалијаЕвро 2008 - Прва фаза1
6-9-2008Та КалиМалта Малта0 – 4Португалија ПортугалијаКвал. за СП 2010-
10-9-2008ЛисабонПортугалија Португалија2 – 3Данска ДанскаКвал. за СП 2010-
15-10-2008БрагаПортугалија Португалија0 – 0Албанија АлбанијаКвал. за СП 2010-
5-9-2009КопенхагенДанска Данска1 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за СП 2010-
10-10-2009ЛисабонПортугалија Португалија3 – 0Унгарија УнгаријаКвал. за СП 2010-
7-10-2011ПортоПортугалија Португалија5 – 3Исланд ИсландКвал. за Евро 2012-
11-10-2011КопенхагенДанска Данска2 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 2012-
Вкупно Настапи 79 Голови (5. место) 29

Статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 13 април 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1994-1995Португалија БоавиштаПД171КП20КУ41---212
1995-1996ПД287КП21------308
1996-1997ПД3415КП54КУ62---4521
Вкупно Боавишта792395103--9831
1997-1998Португалија БенфикаПД3318КП64КУ10---4022
1998-1999ПД3424КП23ЛШ7[9]7[10]---4334
1999-2000ПЛ3418КП21КУ51---4120
2000-2001Италија ФјорентинаА309КИ34КУ00---3313
2001-2002A235КИ10КУ62СИ10317
Вкупно Фјорентина53144462106520
2002-2003Португалија БенфикаПЛ279КП10------289
2003-2004ПЛ217КП30ЛШ+КУ0+55---2912
2004-2005ПЛ237КП52КУ63---3412
2005-2006ПЛ2915КП41ЛШ80СП114318
2006-2007ПЛ237КП52ЛШ+КУ8[9]+63[10]+1---4113
2007-2008ПЛ237КП+ЛКП5+02ЛШ+КУ7[9]+11+0---369
2008-2009ПЛ247КП+ЛКП1+20+1КУ61---349
2009-2010ПЛ133КП+ЛКП2+20ЛЕ6[11]1[12]---234
2010-2011ПЛ64КП+ЛКП1+10+1ЛШ+ЛЕ00СП0085
Вкупно Бенфика2901264217682311401167
2011-2012Португалија БрагаПЛ205КП+ЛКП2+20ЛЕ5[11]1---296
2012-2013Англија Блекбурн РоверсЧЛ184ФАКуп+ЛК2+00------204
Вкупно кариера4601726126892921612228

Португалија Боавишта

[уреди | уреди извор]
1996-1997.
2004-2005, 2009-2010.
2003-2004.
2005.
2008-2009, 2009-2010.

Италија Фјорентина

[уреди | уреди извор]
2000-2001.

Орден Инфанта на Дон Енрике
2004

  1. „BENFICA, Nuno Gomes dirigente“. 1 април 2014. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 2020-04-13.
  2. „Fiorentina, i giocatori se ne vogliono andare“. 30 јануари 2002.
  3. Early finish for Nuno Gomes; UEFA.com, 15 May 2003
  4. Nuno Gomes enjoys happy return; UEFA.com, 5 November 2003
  5. Nuno Gomes inspires Benfica; UEFA.com, 15 October 2005
  6. Benfica earn Super Cup success; UEFA.com, 13 August 2005
  7. Tuttomercatoweb.com, уред. (15 јуни 2011). „UFFICIALE: Nuno Gomes lascia il Benfica“.
  8. Rovers.co.uk, уред. (3 јули 2012). „Rovers sign Nuno Gomes“. Архивирано од изворникот на 2012-07-06. Посетено на 2015-04-06.
  9. 1 2 3 2 настапи во квалификациските кола.
  10. 1 2 2 гола во квалификациските кола.
  11. 1 2 1 настап во квалификациските кола.
  12. Во квалификациските кола.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]