Прејди на содржината

Џанлујџи Донарума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џанлујџи Донарума
Лични податоци
Полно име Џанлујџи Донарума
Роден на 25 февруари 1999(1999-02-25)(27 г.)
Роден во Касталамаре ди Стабија, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001960000001,96 м[1]
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Сити Манчестер Сити
Број 25
Младинска кариера
2003-2013 Клуб Наполи
2013-2015 Милан Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2021 Милан Милан 215 (0)
2021-2025 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 104 (0)
2025- Манчестер Сити Манчестер Сити 8 (0)
Репрезентација
2014 Италија Италија 15 4 (0)
2014–2015 Италија Италија 17 10 (0)
2016–2017 Италија Италија 21 7 (0)
2016– Италија Италија 78 (0)

Џанлујџи "Џиџио" Донарума[2] (роден на 25 февруари 1999 во Касталамаре ди Стабија) — италијански фудбалер, голман на Манчестер Сити и на италијанската репрезентација.

Тој ја започнал својата кариера со Милан во 2015 година, станувајќи втор најмлад голман што дебитирал во Серија А, на возраст од 16 години и 242 дена; Тој веднаш настапил во почетната линија, заработувајќи репутација како еден од најдобрите млади голмани во светот. Исто така, тој го соборил рекордот како најмладиот играч на Италија под 21 година што некогаш играл, на возраст од 17 години и 28 дена во март 2016 година. Шест месеци подоцна, го направил своето прво репрезентативно деби, за сениорскиот тим на Италија, со што станал најмладиот голман кој некогаш настапил за Италија, на возраст од 17 години и 189 дена.

Џанлуиџи е помал брат на голманот Антонио Донарума.[3].

  1. „Gianluigi Donnarumma“.
  2. 'Donnarumma? Raiola is waiting…'. Football Italia. 14 December 2016. Посетено на 8 January 2017.
  3. Pietro Mazzara (1 July 2013). „Esclusiva MN - Colpo Milan: ha firmato Gianluigi Donnarumma“. milannews.it (италијански). Посетено на 31 July 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]