Маноло Габијадини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маноло Габијадини
Southampton FC versus Sevilla (35994679430) - Manolo Gabbiadini (American shot).jpg
Лични податоци
Полно име Маноло Габијадини[1]
Роден на 26 ноември 1991 (1991-11-26) (27 г.)[1]
Роден во Калчинате, Италија
Држава  Италија
Висина &100000000000001860000001,86 м[1]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Саутхемптон Саутхемптон
Број 20
Младинска кариера
Аталанта Аталанта
Палацоло
Монтикјари
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2010 Аталанта Аталанта 2 (0)
2010-2011 Читадела Читадела 27 (5)
2011-2012 Аталанта Аталанта 23 (1)
2012-2013 Јувентус Јувентус 0 (0)
2012-2013Болоња Болоња 30 (6)
2013-2015 Сампдорија Сампдорија 47 (15)
2015-2017 Наполи Наполи 55 (15)
2017- Саутхемптон Саутхемптон 42 (9)
Репрезентација
2010 Италија Италија 20 3 (2)
2010-2013 Италија Италија 21 24 (12)
2012- Италија Италија 11 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Маноло Габијадини (роден во Калчинате, 26 ноември 1991) е италијански фудбалер, напаѓач на Саутхемтон.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој е помлад брат на Меланија Габијадини, напаѓач на Бардолино и женската репрезентација на Италија.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Комплетен напаѓач со добра физичка сила и голема брзина кои може да играат на различни позиции. Неговиот прекар е "Лоци". Тој има одличнo чувството за простор, и убиствена лева нога со која ги постигнал поголемиот дел од своите голови.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Деби во Серија А со Аталанта[уреди | уреди извор]

Роден во околината на Бергамо, раснел играјќи фудбал во младинските категории на Болгаре а подоцна и во оние на Аталанта, од каде бил отстапен прво на Палацоло (2006-2007), а потоа и на Монтикјари (2007-2008) пред се врати во Бергамо, каде што тој дебитирал во Серија А со црно-синиот дрес на 14 март 2010, на возраст од 18 години и четири месеци, заменувајќи го во второто полувреме Симоне Тирибоки во натпреварот кој Аталанта го загубила со 1-0 од Парма[3]. Сезоната ја завршил со само 2 настапи и со испаѓање на клубот од Бергамо.

Сезоната во Читадела[уреди | уреди извор]

На 9 јули 2010 е официјализиран неговиот премин на заем во Читадела, заедно со соиграчот Даниеле Гаспарето во размената, што го довела во Бергамо напаѓачот Матео Ардемањи.[4] Тој го направил своето деби за новиот клуб на 14 август во натпреварот од италијанскиот куп против Верона. Во првенството дебитирал во првото коло од шампионатот против Портогруаро (пораз со 2-0). На 29 ноември 2010, го постигнал својот прв професионале гол во натпреварот против Модена на Алберто Браља.
Во текот на сезоната за венецијанскиот клуб собрал 27 првенствени настапи, и реализирал 5 гола. Тој исто така бил избран од страна на Sky, заедно со 32 други играчи, во гласањето за најдобар млад играч на Серија Б во сезоната 2010-2011.[5].

Враќање во Аталанта[уреди | уреди извор]

По сезоната во Серија Б со Читадела, целосно е откупен од Аталанта во замена за другата половина од договорот на Даниеле Гаспарето плус доплата на необјавена сума. И покрај своите добри перформанси и вниманието што го привлекол на неколку други италијански клубови, како и европски (пред сите Хамбургер), неговиот агент Силвио Паљари, навел дека Аталанта нема намера да се фокусира на него.

На 21 август, во првиот натпревар од сезоната го постигнал својот прв гол во дресот на Аталанта израмнувајќи на 3-3 во третиот круг на италијанскиот куп против Губио (натпреварот завршил 4-3 за Губио). [6] На 25 март 2012, 20-годишниот напаѓач го постигнал својот прв гол во Серија А во натпреварот против Болоња (2-0) игран на Атлети Аѕури д'Италија.

Јувентус и Болоња[уреди | уреди извор]

На 24 август 2012, половина од неговиот договор е купен од страна на Јувентус за 5.500.000 € ; играчот веднаш бил позајмен на Болоња до јуни 2013 година.[7] На 18 ноември 2012, го одбележува својот прв гол во дресот на Болоња во натпреварот против Палермо. На крајот на сезоната се обновува ко-сопственост договорот помеѓу Аталанта и Јувентус. Заемот на играчот завршил на почетокот на јуни и тој се вратил во Јувентус.[8]

Сампдорија[уреди | уреди извор]

На 9 јули 2013, Сампдорија откупила половина од договорот од Аталанта, за сума од 5.500.000 €, а останатите 50% од договорот останале во сопственост на Јувентус. Со откупувањето на половина договор Сампдорија ги обезбедила правата на играчот за сезоната 2013-14.[9].

На 17 август, во својот прв официјален натпревар во дресот на Сампдорија постигнал два гола овозможувајќи победа во третото коло од италијанскиот куп, против Беневенто со 2-0. Својот прв гол во првенството за Сампдорија го постигнал во второто коло против Болоња, со прекрасно изведен слободен удар, поставувајќи го конечниот резултат 2-2.

Наполи[уреди | уреди извор]

На 5 јануари 2015, Габијадини бил купен од Наполи за 12,5 милиони евра.

Саутхемптон[уреди | уреди извор]

На 31 јануари 2017, Габијадини потпишал четири годишен договор со англискиот премиерлигаш Саутхемтон.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На 10 август 2012, за прв пат добил повик во репрезентацијата од селекторот Чезаре Прандели. [10] Тој го направил своето деби во репрезентацијата на 15 август 2012, со 20 години, влегувајќи во второто полувреме од пријателскиот натпревар Италија- Англија (1-2), одигран на Стад де Свис во Берн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 bolognafc.it (уред.). „Manolo Gabbiadini“. конс. 10 декември 2012. 
  2. Generazioneditalenti.it (уред.). „Scheda di Manolo Gabbiadini su Generazioneditalenti.it“. 
  3. fcparma.com (уред.). „Parma-Atalanta 1-1/Il tabellino“. конс. 14-03-2010. 
  4. ascittadella.it (уред.). „Gabbiadini e Gasparetto in granata“. конс. 09-07-2010. 
  5. sport.sky.it (уред.). „Il miglior giovane della Serie B? Sceglilo tu!“. конс. 01-02-2011. 
  6. „Coppa Italia 2011-2012, Atalanta-Gubbio 3-4“. конс. 9 март 2014.  Unknown parameter |editore= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош);
  7. juventus.com (уред.). „Accordi con l'Atalanta Bergamasca Calcio“ (PDF). конс. 24 август 2012. 
  8. tuttobolognaweb.it (уред.). „Allarme attacco: al Bologna manca il 50% dei gol“. конс. 1 јули 2013. 
  9. Comunicato ufficiale della società Juventus 9 luglio 2013
  10. Sono 8 le novità di Prandelli per l'amichevole con l'Inghilterra Figc.it

Надворешни врски[уреди | уреди извор]