Ерик Ламела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аргентина Ерик Ламела
Lamela CSKA Tott 2016.JPG
Лични податоци
Роден на 25 март 1992 (1992-03-25) (27 г.)
Роден во Буенос Аирес, Аргентина
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем
Број 11
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2011 Ривер Плејт Ривер Плејт 36 (4)
2011-2013 Рома Рома 62 (19)
2013- Тотенхем Тотенхем 117 (14)
Репрезентација
2011-2012 Аргентина Аргентина 20 4 (3)
2011- Аргентина Аргентина 22 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Ерик Ламела (роден на 25 март 1992 во Буенос Аирес) е аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Тотенхем и на аргентинската репрезентација.

Најчесто игра на позицијата крило.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ривер Плејт[уреди | уреди извор]

Ламела го направил своето деби за првиот тим на Ривер Плејт на 14 јуни 2009 година, во натпревар против Тигре во сезоната 2008-2009 во аргентинскиот фудбал во Шампионатот Клаусура; тој влегол во игра во 80-тата минута, како замена за Роберт Флорес. Ламела го постигнал својот прв гол за Ривер на 5 декември 2010 година во натпреварот против Колон во Шампионатот Апертура во сезоната 2010-2011. Тој го постигнал својот втор гол против Ланус во последниот натпревар од Апертура, помагајќи им на Ривер да победат во натпреварот со 4-1.

Играчот за врска бил редовен стартер во тимот за време на сезоната 2010-2011, одигрувајќи 34 натпревари во кој постигнал 4 гола. Тој му помогнал на својот тим да заврши на вкупното шесто место (по собирање на бодовите од двата шампионата) во пласманот, што им донело квалификација за Копа Судамерикана.

Рома[уреди | уреди извор]

На 6 август 2011 година, Рома го купила Ламела од Ривер Плејт за сума од 12.000.000 €, плус 2.000.000 € бонус (доколку одигра 20 натпревари). Тој бил меѓу повиканите играчи за Римското дерби против Лацио на 16 октомври 2011, но останал целиот наѕпревар на клупата за резерви и не добил шанса да влезе во игра. Сепак, една недела подоцна тој дебитирал во Серија А во дресот на Рома играјќи како стартер во натпреварот против Палермо, постигнувајќи го единствениот погодок во победата со 1-0. Тоа бил негов дебитантски погодок за новиот клуб. На 11 јануари 2012 тој постигнал два гола во победата на својот тим над Фјорентина со 3-0 во Купот на Италија. На 23 април бил суспендиран на три натпревари од страна на арбитражниот суд за спорт за плукање врз дресот на играчот на Јувентус Стефан Лихтштајнер во последните минути од натпреварот Јувентус-Рома, кој завршил со резултат 4-0 за Јувентус. Во текот на истата сезона, тој постигнал голови и против екипите на Лече и Новара во месец април и против Чезена во мај. Својата прва сезона во дресот на Рома ја завршил со вкупно 31 настап и 6 постигнати гола.

Следната сезона (2012-2013) била многу важна за развојот на самиот Ламела а особено за развојот на неговите голгетерски способности, благодарение на доаѓањето на клупата на Зденек Земан, љубител на напаѓачкиот стил на игра. На 16 септември 2012 Ламела го постигнал својот прв погодок за сезоната во првенствениот пораз од Болоња во поразот на домашен терен со 2-3. На почетокот на октомври во натпреварот против Аталанта тој ја започна својата серија од шест натпревари последователно во кој ги тресел противничките мрежи, а покрај Аталанта негови жртви биле и екипите на Џенова, Удинезе (постигнал два гола), Парма, Палермо и Лацио (Рома загубила во римското дерби со 3-2 на гости). Неговата серија завршила во натпреварот против Торино на 19 ноември 2012, во кој неговата екипа победила со 2-0. Сезоната ја завршил со 15 постигнати гола во Серија А (негов најдобар резултат во кариерата по бројот на постигнати голови во една сезона).

Тотенхем[уреди | уреди извор]

На 30 август 2013, Тотенхем го купил Ламела за 30 милиони евра плус бонуси, со што станал најскапо платениот играл во историјата на Тотенхем. Своето деби за петлите го направил два дена подоцна на 1 септември, влегувајќи од клупата за резерви во 75-тата минута во поразот од Арсенал со 1-0 на Емирати во Северно-лондонското дерби.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Тој го направил своето деби за аргентинската репрезентација на 25 мај 2011 година, во пријателски натпревар против Парагвај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]