Хавиер Санети

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хавиер Занети)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хавиер Санети
Metalist-Inter (2).jpg
Лични податоци
Полно име Хавиер Аделмар Санети
Роден на 10 август 1973 (1973-08-10) (45 г.)
Роден во Буенос Аирес, Аргентина
Позиција Одбрана
Младинска кариера
1982–1989 Индепендиенте
1991–1992 Талерес
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1993 Талерес 33 (1)
1993–1995 Банфилд 66 (4)
1995–2014 Интер 615 (12)
Вкупно 714 (17)
Репрезентација
1996 Аргентина 23 12 (0)
1994–2011 Аргентина 143[1]:1 (5)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Хавиер Аделмар Санети (шпански изговор: [xaˈβjeɾ saˈneti]; роден на 10 август 1973 година) е аргентински поранешен фудбалер, кој настапувал како одбранбен играч за фудбалскиот клуб Интер и за аргентинската фудбалска репрезентација.

Тој ја започнал својата кариера во Аргентина, најпрво во тимот на Талерес, а потоа и во фудбалскиот клуб Банфилд. Од 1995 до 2014 година настапувал за италијанскиот клуб Интернационале, а бил негов капитен од 2001 година.[2]

Со 1114 одиграни официјални натпревари, тој е петти играч во историјата на фудбалот со најмногу настапи во кариерата. Тој е исто така странски играч со најмногу настапи во Серија А (615) и четврти по бројот на најмногу настапи во лигата, зад само Паоло Малдини, Џанлуиџи Буфон и Франческо Тоти. Тој е играч со најмногу настапи во историјата на Интер (858) и освоил 16 трофеи со клубот: пет скудета, четири купа на Италија, четири супер купа, еден Куп на УЕФА, една Лига на Шампиони и Светско клупско првенство на ФИФА. Тој е исто така и играч со најмногу настапи како капитен во Лигата на шампионите (82).

Со Аргентинскиот национален тим настапил на 145 натпревари, бројка што го прави играч со најмногу настапи во историјата на La Albiceleste . Со Аргентина стигнал до финалето на Копа Америка 2004, Копа Америка 2007 и Купот на Конфедерации во 1995, како и Куп на Конфедерации во 2005.Познат по неговата разноврсност, тој бил многу вешт на двете крила од теренот, играјќи на двете страни како играч од одбраната и од средниот ред.[3] . Со неговото пензионирање, клубот се пензионирал со неговиот број 4 и го именувал како негов потпретседател. ФИФА го назначила за амбасадор на СОС детското село во Аргентина, додека во 2005 година ја добил наградата "Амгрогино д'Оро" од градот Милано за неговите социјални иницијативи. Санети е и амбасадор на амбасадата за Специјални олимписки игри.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.fifa.com/mm/document/fifafacts/stats-centclub/52/00/59/centuryclub290715_neutral.pdf
  2. He started wearing the captain band in late 1999, but at that time he was replacing the injured Ronaldo. Source: „Ronaldo e la fascia da capitano: "Giusto che la porti Zanetti" e in serata il sì di Cuper“ (на italian). Football Club Internazionale Milano. 3 ноември 2001. http://www.inter.it/it/news/5173. посет. 26 мај 2017 г. 
  3. „tactical Formations“. Football-Lineups.com. http://www.football-lineups.com/players/player.php?route=109. посет. 25 јануари 2007 г.