Луис Оливеира

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луис Оливеира
Luisayrtonoliveirabarroso.jpg
Лични податоци
Роден на 24 март 1969 (1969-03-24) (50 г.)
Роден во Сао Луис, Бразил
Држава Бразил Бразил
Белгија Белгија (од 1992)
Висина &100000000000001760000001,76 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Сегашен клуб Муравера (тренер)
Младинска кариера
Андерлехт Андерлехт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988–1992 Андерлехт Андерлехт 95 (36)
1992-1996 Каљари Каљари 121 (42)
1996–1999 Фјорентина Фјорентина 95 (27)
1997-2000 Каљари Каљари 24 (4)
2000-2001 Болоња Болоња 17 (1)
2001-2002 Комо Комо 38 (23)
2002-2004 Катанија Катанија 74 (28)
2004-2005 Фоџа Фоџа 14 (0)
2005 Венеција Венеција 17 (5)
2005-2006 Лукезе Лукезе 19 (3)
2006-2008 Нуорезе 63 (25)
2008-2009 Дертона 32 (16)
Репрезентација
1992-1999 Белгија Белгија 31 (7)
Раководител на екипите
2010-2011 Муравера
2012-2013 Муравера
2014 Шаблон:Fb team Pro Patria
2015-2016 Флоријана Флоријана
2017- Муравера
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Луис Аиртон Баросо "Лулу" Оливеира (роден на 24 март 1969 година, во Сао Луис, Бразил) е белгиски тренер и поранешен играч, со бразилско потекло, кој играл на позицијата напаѓач.

Тој во моментов е тренер на италијанскиот нисколигаш Муравера.

Кариера[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Оливеира го поминал најголемиот дел од неговата играчка кариера во Италија. По почетоците во Белгија во дресот на Андерлехт за кој играл од 1988 до 1992, тој се преселил во Калјари во Серија А пред почетокот на сезоната 1992-93. Набрзо тој станал еден од клучните играчи на сардинијците, а во сезоната 1995-96 бил најдобар стрелец на тимот со 15 постигнати гола. По оваа мошне успешна сезона за него екипата Фјорентина го довела во својте редови во летото 1996. Оливеира имал три успешни сезони во дресот на виола, но во зимата 2000 година се вратил во Калјари. И во својте подоцнежни години од кариерата тој останал да игра во тимови од Италија се до крајот на неговата кариера, настапувајќи за: Болоња во Серија А една сезона (2000-01); Комо, Катанија, Венеција во Серија Б; Фоџа и Лукезе во Серија Ц1; Нуорезе во Серија Ц2 и на крајот за Дертона во Серија Д.

За репрезентацијата на Белгија има вкупно 31 настап и 7 постигнати гола. Тој ја претставувал својата репрезентација на Светското првенство 1998 во Франција и бил стартер во сите три натпревари од групната фаза, во која Белгија била елиминирана со освоени 3 бода завршувајќи на 3. место.

Тренер[уреди | уреди извор]

По завршувањето на играчката кариера станал тренер на малку познатиот италијански клуб Муравера.

Титули[уреди | уреди извор]

Белгија Андерлехт[уреди | уреди извор]

Италија Фјорентина[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]