Немања Матиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Србија Немања Матиќ
Nemanja Matić 27 September 2017 cropped.jpg
Лични податоци
Полно име Немања Матиќ[1]
Роден на 24 ноември 1989 (1989-11-24) (29 г.)
Роден во Шабац, СФР Југославија
Висина &100000000000001940000001,94 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 31
Младинска кариера
Раднички Обреновац Раднички Обреновац
Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда
Јединство Уб Јединство Уб
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2006 Колубара Колубара 16 (0)
2009-2009 Кошице Кошице 70 (4)
2009-2011 Челси Челси 2 (0)
2010-2011Витесе Витесе 27 (2)
2011-2014 Бенфика Бенфика 56 (6)
2014-2017 Челси Челси 116 (3)
2017- Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 52 (2)
Репрезентација
2008-2010 Србија Србија 21 11 (2)
2008- Србија Србија 46 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 3 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 3 јули 2012

Немања Матиќ (Врело, 1 август 1988) — српски фудбалер, играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и на српската репрезентација.

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Првите почетоци Немања Матиќ ги направил во локалниот ФК Обреновац 1905 од Обреновац, а во пионирските денови играл за лазаревачка Колубара и Јединство од Уб. Во младите категории наступувал за Црвена звезда и Партизан.[3]

Колубара и Кошице[уреди | уреди извор]

Сениорската кариера ја започнал со 16 години во лазаревачка Колубара, во која одиграл три сезони и забележил 16 настапи, пред да замине во 2007 година во Словачка во редовите на Кошице. Импресионирал со своите настапи во Кошице, каде што станал стандарден првотимец, и му помогнал на тимот да дојде до Купот на Словачка во 2009 година и четвртото место во првенството.

Челси[уреди | уреди извор]

На 18 август 2009 година потпишал четригодишен договор со Челси. Обештетувањето на Кошице изнесувало околу 1,5 милиони фунти. За Челси во Премиер лигата дебитирал на 21 ноември 2009 во натпреварот против Вулверхемптон, каде влегол како замена во 69-тата минута.[4] Вториот натпревар во Премиер лигата го одиграл во последното коло во сезоната 2009-2010 против Виган Атлетик.

Витесе[уреди | уреди извор]

Матиќ во дресот на Бенфика.

На 23 август 2010 година Матиќ бил испратен на позајмица во холандскиот Витесе.[5] Во сезоната 2010/11 за Витесе вкупно одиграл 27 првенствени натпревари при што постигнал два гола.

Бенфика[уреди | уреди извор]

Матиќ на 31 јануари 2011 година бил купен од страна на португалскиот тим Бенфика, во рамките на трансферот на Давид Луиз во Челси, за 25 милиони евра обештетување, плус Немања Матиќ. Меѓутоа му било дозволено да ја заврши сезоната во Витесе на позајмица. Официјално се придружил на Бенфика во сезоната 2011/12. Првииот гол во дресот на Бенфика го постигнал на 14 јануари 2012 година против Виториа Сетубал. После заминувањето на Хави Гарсија во Манчестер сити 31 август 2012 година, Матиќ станал незаменлив во средниот ред на Бенфика.

После голот против Порто на 13 јануари 2013 година, веќе наредниот ден Матиќ бил награден со продолжување на договорот до 2018 година, и поставена откупна клаузула од 45 милиони евра.[6]

Враќање во Челси[уреди | уреди извор]

Матиќ во дресот на Челси во победата над Марибор со 6-0 во Лигата на шампионите на 21 октомври 2014

На 15 јануари 2014 Немања Матиќ потпишал договор со Челси на пет и пол години.[7] Матиќ дебитирал за Челси против Манчестер Јунајтеда.[8] Тој влегол во игра во 86. минута на местото на Бразилцот Вилијан во победата на Челси од 3-1 на Стамфорд бриџ. Во сезони 2013/14, Матиќ за Челси одиграл вкупно 19 натпревари и забележил 4 асистенции.

На 30 август 2014 Матиќ го постигнал својот прв гол во дресот на Челси, против Евертон на Гудисон парк во победета на Челси од 3-6. Месец дана подоцна, Матиќ го постигнал победоносниот гол против лисабонски Спортинг во Лигата на шампионите во победата на Челси од 0-1.[9] Во неомври 2014г. Матиќ го постигнал својот втор гол во сезоната 2014/15. во Лигата на шампионите и донел бод на Челси на гостовању против Марибора.[10] Матиќ во анкетата на „Вечерњи новости“ е изабран за најдобар српски фудбалер во странство во 2014. година бидејќи за него гласало најголемото мнозинство на капитените од учесниците во Суперлигата на Србија.[11]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

На 31 јуни 2017 година, Матиќ потпишал 3 годишен договор со Манчестер Јунајтед, во трансфер вреден 48 милиони евра и со тоа станал најскапиот српски фудбалер во историјата[12].

Репрезентација[уреди | уреди извор]

После само три натпревари и два гола во дресот на младата селекција на Србија, селекторот Радомир Антиќ веднаш го прекомандувал во сениорската репрезентација за пријателскиот натпревар против Полска. На тој натпревар одигран на 14 декември 2008 Матиќ дебитирал за најдобрата селекција на Србија.[3]

Трофеи[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Словачка Кошице[уреди | уреди извор]

Англија Челси[уреди | уреди извор]

Португалија Бенфика[уреди | уреди извор]

Индивидуални[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hugman, Barry J., уред (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Mainstream Publishing. стр. 282. ISBN 978-1-84596-601-0. 
  2. Player Profile: Nemanja Matić“, chelseafc.com.
  3. 3,0 3,1 Немања Матић, www.reprezentacija.rs
  4. Lyon, Sam. „Chelsea 4–0 Wolves“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 21. 11. 2009. (посет. 21. 11. 2009. г).
  5. "Vitesse huurt drietal van Chelsea". nos.nl. 23 August 2010. 
  6. PortuGOAL: Matic handed new Benfica deal 14. 1. 2013.
  7. Matić potpisao za Čelsi, Murinjo oduševljen njegovim angažmanom blic. 15 January 2014. Retrieved 20 January 2014.
  8. "Chelsea 3–1 Manchester United" BBC Sport. 19 January 2014. Retrieved 20 January 2014.
  9. Sporting 0–1 Chelsea“, „BBC Sport“, 30 септември 2014 (посет. 30 септември 2014 г).
  10. Handanovič helps Maribor to Chelsea draw“, UEFA, 5 ноември 2014 (посет. 5 ноември 2014 г).
  11. Вечерње новости: Капитени бирају: Шкулетић и Матић шампиони за 2014. годину (29. децембар 2014)
  12. ODUŠEVLJENJE NA TEATRU SNOVA Junajted: Stigao Matić!“, „Blic.rs“, 31 јули 2017. (на sr-SP)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]