MiniDisc

Од Википедија — слободната енциклопедија
MiniDisc Sony

MiniDisc или Minidisc (MD), на македонски МиниДиск или Минидиск (МД), е уред за складирање на магнето-оптички диск, дизајниран првенствено за снимање дигитализирани аудио информации - првично со времетраење до 74 минути, а подоцна и на 80 минути. Во формата на Hi-MD на брендот Sony, MD станал широко достапен.

Форматот MiniDisc бил воведен од Sony на 12 јануари 1992 година, а во септември 1992 година било објавено пуштањето во продажба: што се случило во ноември истата година во Јапонија, а еден месец подоцна - во декември - производот бил достапен и во САД и Европа. Новиот музички формат првично бил наменет за ATRAC Аудио компресија на податоци, но можноста обезбедена од овој формат за линеарно PCM дигитално снимање подоцна била искористена за да се постигне квалитет на звукот, споредлив со онаа на CD.

MiniDisc е популарен и воспоставен формат во Јапонија и до одреден степен во Европа, но има ограничена дистрибуција на други места, особено во САД. Причината за оваа појаве е комерцијална, бидејќи системот MiniDisc дозволува до еден милион снимки на еден диск со споредлив квалитет, што ја спречува продажбата на поп-музика, особено ЦД-иња на големите американски производствени компании, затоа што форматот MD заради неговите одлики со тоа ја ограничува дистрибуцијата на производството и, соодветно на тоа, нивниот профит од ЦД носителите во тоа време, чии записи се значително поскапи и недостапни за пошироката јавност.