Кенет Андерсон
Бернт Кенет Андерсон (6 октомври 1967 година) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата како напаѓач.
Започнувајќи ја својата кариера со ИФК Ескилстуна во средината на 1980те, тој продолжил да игра фудбал професионално во Шведска, Белгија, Франција, Италија и Турција пред да се пензионира во 2002 година.
Како репрезентативец помеѓу 1990 и 2000 година, Бернт одиграл 83 натпревари, а постигна 31 гол за репрезентацијата на Шведска и бил клучен член на тимот на Шведска која во 1994 година завршила на третото место на Светското првенство во фудбал во Соединетите Амарикамски Држави. Исто така ја претставувал Шведска на УЕФА ЕВРО1992 и 2000 година.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Андерсон е роден во Ескилстуна. На клупско ниво, тој играл за следните клубови: Тунафорс СК (1976–1981), Ескилстуна (1982–88), Гетеборг (1988–91), Мехелен- Белгија (1991–92), Норшепинг (1993), Лил-Франција (1993–94), Каен-Франнција ( 1994–95), Бари-Италија(1995–96), Болоња-Италија(1996–99 и 1999–2000), Лацио-Италија(1999), Фенербахче-Турција(2000–02) и Герда БК (2005).
Меѓународна кариера
[уреди | уреди извор]За Шведска, Андерсон одиграл 83 натпревари и постигнал 31 гол каде во двете статистички вредности се наоѓал на врвот од шведската фудбалска националната историја.[1] Играл на Европските првенства во 1992 и 2000 година. Тој го предводел шведскиот тим на Светското првенство во 1994 година, постигнувајќи 5 гола,[2] со што бил на делба на третото место на фудбалскиот турнир. Неговата физичка големина му давала предност во воздухот, а на овој турнир станал познат по тоа што ги надскокнувал противничките одбранбени играчи и така ги постигнувал своите голови со глава. Во четвртфиналето кога Шведска победила против Романија, тој постигнал гол со глава и притоа успеал да го надскока дури и противничкиот голман Стелаеа.
Стил на игра
[уреди | уреди извор]Андерсон важел за еден од напаѓачите на неговата генерација од врвна класа.[3][4] Висок, атлетски и физички силен напаѓач, кој бил расен стрелец, и покрај недостатокот на темпо во играта или забележителни технички недостатоци во фудбалската вештина, тој бил познат по својата игра со грб свртен кон противничкиот гол, а особено неговите одлични способности за висок скок во воздухот, кои му овозможувале да постигнува голови со глава и да се насочува кон долгите топки за да им помага на соиграчите. Поради неговиот стил на игра тој во текот на неговата кариера често бил нарекуван „старомоден“ центарфор.[5][6][7][8][9] Телевизијата Би-Би-Си го опишала Андерсон како „еден од најголемите напаѓачи во светот во воздушна игра“, додавајќи дека „неговите воздушни способности се надополнети со доста пристојни проигрувања и несебична игра за поддршка на целиот тим што им овозможувало на другите напаѓачи во тимот да бидат среќни и да играат добра игра“. Во врска со неговата воздушна моќ, Карло Анчелоти го опишал како „практично невозможно“ да се задржи и да се оневозмои во воздушната игра.
Статистика во кариерата
[уреди | уреди извор]Меѓународна
[уреди | уреди извор]Настапи и голови во репрезентација и по години.
Репрезентација | Сезона | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
Шведска | |||
1990 година | 4 | 1 | |
1991 година | 8 | 5 | |
1992 година | 6 | 4 | |
1993 година | 0 | 0 | |
1994 година | 17 | 7 | |
1995 година | 10 | 5 | |
1996 година | 8 | 3 | |
1997 година | 9 | 4 | |
1998 година | 3 | 1 | |
1999 година | 8 | 1 | |
2000 година | 10 | 0 | |
Вкупно | 83 | 31 |
Меѓународни голови
- Резултатите 1 се головите на тимот, а резултатите 2 го наведуваат бројот на голови за Шведска постинати од Андерсон.
# | Дата | Локација | Противник | Резултат | Резултат | Натпревари |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 26 септември 1990 | Стадион Ресунда, Солна, Шведска | Бугарија | 2–0 | 2–0 | Пријателски натпревар |
2. | 1 мај 1991 | Стадион Ресунда, Солна, Шведска | Австрија | 1–0 | 6–0 | Пријателски натпревар |
3. | 2–0 | |||||
4. | 6–0 | |||||
5. | 5 јуни 1991 | Стадион Ресунда, Солна, Шведска | Колумбија | 2–2 | 2–2 | Пријателски натпревар |
6. | 15 June 1991 | Идротспаркен, Норшепинг, Шведска | Данска | 3–0 | 4–0 | Сканија 100 турнир |
7. | 22 април 1992 | Стаде Ел Мензах, Тунис, Тунис | Тунис | 1–0 | 1–0 | Пријателски натпревар |
8. | 7 мај 1992 | Стадион Ресунда, Солна, Шведска | Полска | 1–0 | 5–0 | Пријателски натпревар |
9. | 2–0 | |||||
10. | 21 јуни 1992 | Стадион Ресунда, Солна, Шведска | Германија | 2–3 | 2–3 | Европско првенство УЕФА 1992 |
11. | 20 февруари 1994 | Стадион Џо Роби, Мајами, Флорида, САД | САД | 2–1 | 3–1 | Џо Роби Куп |
12. | 28 јуни 1994 | Понтијак Силвердом,Понтијак, Мичиген, САД | Бразил | 1–0 | 1–1 | Светско првенство ФИФА1994 во САД |
13. | 3 јули 1994 | Котон Боул, Далас, Тексас, САД | Саудиска Арабија | 2–0 | 3–1 | Светско првенство ФИФА1994 во САД |
14. | 3–1 | |||||
15. | 10 јули 1994 | Стадион Стенфорд, Стенфорд, Калифорнија, САД | Романија | 2–2 | 2–2 (5–4 p) |
Светско првенство ФИФА1994 во САД |
16. | 16 јули 1994 | Роуз Боул, Пасадена, Калифорнија, САД | Бугарија | 4–0 | 4–0 | Светско првенство ФИФА1994 во САД |
17. | 12 октомври 1994 | Стадион Ванкдорф, Берн, Швајцарија | Швајцарија | 1–0 | 2–4 | УЕФА 1996 ЕВРО квалификации |
18. | 8 март 1995 | Стадион Цирион, Лимасол, Кипар | Кипар | 2–2 | 3–3 | Пријателски натпревар |
19. | 29 март 1995 | Стадион Инону, Истанбул, Турција | Турција | 1–0 | 1–2 | УЕФА 1996 ЕВРО квалификации |
20. | 8 јуни 1995 | Еланд Роуд, Лидс, Англија | Англија | 3–1 | 3–3 | Умбро Куп |
21. | 10 јуни 1995 | Сити Граунд, Нотингем, Англија | Јапонија | 1–1 | 2–2 | Умбро Куп |
22. | 2–1 | |||||
23. | 1 јуни 1996 | Стадион Ресунда, Солна, Шведска | Белорусија | 1–0 | 5–1 | Квалификации за ФИФА 1998 светско првенство |
24. | 3–0 | |||||
25. | 1 септември 1996 | Стадион Даугава, Рига,Латвија | Латвија | 2–0 | 2–1 | Квалификации за ФИФА 1998 светско првенство |
26. | 30 април 1997 | Улеви, Гетеборг, Шведска | Шкотска | 1–0 | 2–1 | Квалификации за ФИФА 1998 светско првенство |
27. | 2–0 | |||||
28. | 8 јуни 1997 | Стадион Кадриорг, Талин, Естонија | Естонија | 3–0 | 3–2 | Квалификации за ФИФА 1998 светско првенство |
29. | 20 август 1997 | Стадион Динамо, Минск, Белорусија | Белорусија | 1–1 | 2–1 | Квалификации за ФИФА 1998 светско првенство |
30. | 2 јуни 1998 | Улеви, Гетеборг, Шведска | Италија | 1–0 | 1–0 | Пријателски натпревар |
31. | 9 октомври 1999 | Стадион Ресунда, Солна, Шведска | Полска | 1–0 | 2–0 | Квалификации за ЕВРО 2000 година |
Освоени почести
[уреди | уреди извор]ИФК Гетеборг
- Алсвенскан : 1990, 1991 година (шампион во шведско првенство)
- Свенска Купен: 1990–91 победник во шведскиот куп)
Болоња
- Куп на УЕФА Интертото: 1998 година (поедник во Интертото купот)
Лацио
- Серија А: 1999-2000 (шампион на Италија)
- Суперкуп на УЕФА: 1999 година (победа во суперкупот)
Фенербахче
- Супер лига: 2000–01 (победа со Фенербахче во турската супер лига)
Шведска
- Трето место на Светскиот првенство на ФИФА : 1994 година во САД
Индивидуален
- Алсвенскан најдобар стрелец: 1991 година (во шведската прва лига)
- Бронзена копачка на Светскиот куп на ФИФА: 1994 година во САД (трето место за најдобар стрелец со 5 постинати голови)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mamrud, Roberto (25 July 2004). „Kennet Andersson – Goals in International Matches“. RSSSF.
- ↑
- Кенет Андерсон – Профил на службената страница на ФИФА
- ↑ „Swedish gem who propelled Parma“. Fédération Internationale de Football Association (FIFA) – FIFA.com. Архивирано од изворникот на 6 March 2016. Посетено на 1 March 2016.
- ↑ „BBC Sport – Kennet Andersson“. BBC Sport. Посетено на 6 March 2016.
- ↑ Alessandro Di Gioia (16 October 2016). „Che fine ha fatto? Kennet Andersson, il gigante di Bologna oggi allena la mente“ (италијански). Calciomercato.com. Посетено на 9 March 2017.
- ↑ Alberto Cerruti; Silvano Stella (8 November 1999). „E' un' Inter da scherzi a parte“ (италијански). La Gazzetta dello Sport. Посетено на 23 July 2018.
- ↑ Phil Shaw (5 July 1994). „Football / World Cup USA '94: Nilsson relieved to make up for past traumas: Sweden's wily full-back insists this could be their year. Phil Shaw reports“. The Independent. Посетено на 23 July 2018.
- ↑ „Happy Birthday to Kennet Andersson!“. www.bolognafc.it. 6 October 2016. Посетено на 23 July 2018.
- ↑ Phil Shaw (1 May 1997). „Football: Scots scuppered by Andersson“. The Independent. Посетено на 23 July 2018.