Лимасол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лимасол
Λεμεσός / Limasol
Поглед на Лимасол
Амблем на Лимасол
Амблем
Лимасол is located in Кипар
Лимасол
Лимасол
Координати: 34°40′29″N 33°02′39″E / 34.67472° СГШ; 33.04417° ИГД / 34.67472; 33.04417
Држава Кипар
ОбластЛимасол
Управа
 • ГрадоначалникАндреас Христоу
Површина
 • Градска35,87 км2 (1,385 ми2)
Население (2011)
 • Градско101.000[1]
 • Градскo165.000−176.700[2][3]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEСТ (UTC+3)
Поштенски код3010–3150
Мреж. местоwww.limassolmunicipal.com.cy

Лимасол или Лемесос (грчки: Λεμεσός - Lemesos; турски: Leymosun) — втор по големина и најважниот град во Кипар. Истовремено и најголемо пристаниште во Кипар, во последните неколку децении станал многу значаен туристички центар. Се наоѓа меѓу двата антички града Аматус и Куријон. Непосредно западно од Лимасол е подрачјето Акротири, каде се наоѓа воената база на Обединетото Кралство.

Географски одлики[уреди | уреди извор]

Лимасол се наоѓа на јужниот брег на островот Кипар. Од главниот град Никозија, е оддалечен 75 километри на југозападно, а од Ларнака 60 км западно. Лимасол се наоѓа на Акротирскиот Залив на Средоземното Море, на 0-30 метри надморска височина. Климата во Лимасол е средоземна со елементи на сува, степска клима. Просечната годишна температура е 25 степени, а количеството на врнежи е околу 410 мм/мм2.

Население[уреди | уреди извор]

Лимасол денес има околу 101.000 жители во границите на градот,[1] и околу 165-176.700 илјади жители во поширокото градско подрачје.[2][3] Мнозинско население во градот се грците, додека некогаш присутното турско малцинство се иселило после турската инвазија. Во исто време, градот е полн со илјадници грчки бегалци од северниот дел на островот. Во последните години, во градот сè повеќе се населуваат странци или економски доселеници од истокот или некогашните туристи од западот.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Средновековниот замок бил изграден од страна на Византија околу 1000 година. Замокот сега е музеј, а од 1790 г. до 1940 година служел како затвор.
  • Националниот археолошки музеј има голема колекција на антиквитети од неолитското доба до староримскиот период.;
  • Ботаничка и мала зоолошка градина;
  • Лимасол е значаен и по лимасолскиот карневалот и винскиот фестивал. Карневалот трае 10 дена.

Литература[уреди | уреди извор]

Ннадворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Population Census – Key Figures Архивирано на 12 јуни 2018 г. – Statistical Service of Cyprus
  2. 2,0 2,1 World Urban Areas – Demographia, 2013
  3. 3,0 3,1 „Intercultural city: Limassol, Cyprus“. Council of Europe.