Стефано Браски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефано Браски
Роден 6 јуни 1957(1957-06-06)(66 г.)
Барберино ди Муџело, Италија
Националност Италија Италија
Занимање фудбалски судија

Стефано Браски (роден на 6 јуни 1957 во Барберино ди Муџело, Италија) е пензиониран италијански фудбалски судија. Тој зборува три јазици италијански, англиски и француски. Тој на двапати бил избран за судија на сезоната во Серија А во 1999 и 2001 година. Своето деби во Серија А го направил во 1992 година и судел во најквалитетната италијанска лига до 2003 година.