Марко Ригони
| Марко Ригони | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Роден на | 5 јануари 1980 | ||
| Роден во | Монтегрото Терме, Италија | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,78 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | среден ред | ||
| Повлекување | 2014 (34 г.) | ||
| Младинска кариера | |||
|
| |||
|
| |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
| 1999-2003 |
| 1 | (0) |
| 2001 |
→ | 13 | (2) |
| 2002 |
→ | 1 | (0) |
| 2003-2006 |
| 94 | (6) |
| 2006 |
| 17 | (1) |
| 2006-2007 |
→ | 32 | (3) |
| 2007-2009 |
| 50 | (15) |
| 2009-2012 |
| 103 | (18) |
| 2012-2013 |
→ | 10 | (1) |
| 2013 |
→ | 13 | (1) |
| 2013-2014 |
| 26 | (3) |
| Репрезентација | |||
| 1998 |
| 6 | (0) |
Марко Ригони (роден на 5 јануари 1980, во Монтегрото Терме) — италијански поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Кариера
[уреди | уреди извор]Роден во Монтегрото Терме, (Провинцијата Падова) Ригони ја започна својата кариера во родниот град во тимот на Падова. Потоа му се приклучува на тимот на Јувентус, во прво време играјќи како напаѓач, но по само еден настап во Серија А (против екипата на Венеција на 17/1/1999), беше позајмен на Равена во јануари 2001 година и Цитадела во јануари 2002 година во Серија Б, пред да потпише со Триестина во јануари 2003 година. Тој го раскинува неговиот договор со Јуве со цел да и се приклучи на Триестина.
Тој играше редовно во Триестина, но во јануари 2006 година тој беше продаден на друг тим од Серија Б, екипата на Тернана. Откако тимот испадна во Ц1 Лигата, тој замина во Пескара во Серија Б на заем. Тој се врати во Терни во 2007-08 сезона, а потоа му беше понуден и нов 2-годишен договор во 2008 година.
Во летото 2009 година, тој потпиша за Новара каде одново почнува да соработува со Атилио Тесер неговиот тренер од периодот во Триестина. Тој го носи својот тим, до две последователни промоции, прво влегување во Серија Б во 2010 година, а потоа и во Серија А во 2011 година. Во сезоната 2011-12 во Серија А, Ригони ја имаше веројатно неговата најдобра сезона како професионалец, постигнувајќи цели 11 гола за тимот и имаше 8 асистенции. Тој се прослави со два постигнати гола во 4-тото коло кога Новара го победи Интер со 3-1, што беше прва победа за Новара во исто толку соочување со славниот италијански клуб. Во мај 2012 година, тој постигна хет-трик против екипата на Чезена во победата од 3-0. Но, и покрај напорите на Ригони, и тоа што тој беше клучен играч на екипата, Новара се врати назад во Серија Б таа сезона завршувајќи на претпоследното 19-то место на табелата со 32 бода.
По испаѓањето на Новара од Серија А, Ригони останал во врвната дивизија, приклучувајќи му се на Кјево Верона на позајмица со право на откуп.[1] Сепак, во Кјево Ригони разочарал, толку многу, што со промената на тренерската клупа меѓу Доменико Ди Карло и Еуџенио Корини, завршил на маргините во тимот,[2] затоа на 31 јануари 2013 година, тој се преселил во Џенова на позајмица до крајот на сезоната.[3] По завршувањето на Серија А 2012-2013, неговата позајмица во Џенова истекла, и тој се вратил во Новара во Серија Б,[4] каде ја завршил кариерата на крајот од сезоната.
Титули
[уреди | уреди извор]Јувентус
[уреди | уреди извор]
Интертото Куп : 1
- 1999
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Marco Rigoni in prestito al Chievo Verona“. 24 јули 2012. Архивирано од изворникот на 22 февруари 2014. Посетено на 24 јули 2012. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ Simone Antolini (28 декември 2012). „Scusa Palermo: se ti dò Rigoni, mi dai Kurtic?“. Посетено на 2020-10-29.
- ↑ Preso Rigoni, va Acerbi Архивирано на 5 февруари 2013.
- ↑ „Rigoni in ritiro da separato in casa, nel suo futuro c'è il ritorno a Genova“. 2013-07-19. Посетено на 2020-10-29.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Profile at Football.it Архивирано на 11 август 2011 г. (италијански)
- Profile at Novara Архивирано на 8 март 2010 г. (италијански)
- Profile at La Gazzetta dello Sport (2006-07) (италијански)
- Profile a Figc.it Архивирано на 23 март 2012 г. (италијански)