ФК Јувентус сезона 2011-2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јувентус Јувентус
сезона 2011–2012
СопственикИталија Андреа Ањели
ТренерИталија Антонио Конте
Серија АСкудето 1-ви
(28. титула)
Куп на Италијафинале
Најдобар стрелецЛига:
Италија Алесандро Матри (10)
Вкупно:
Италија Алесандро Матри
Италија Клаудио Маркизио
Црна Гора Мирко Вучиниќ (10)
Домакин
Гост
фinco
Трети

Сезоната 2011-12 на фудбалскиот клуб Јувентус беше неговата 114-та во историјата и петта по ред во Серија А.

Дресови[уреди | уреди извор]

За оваа сезона 2011-12 дресовите на Јувентус беа направени од страна на Најк, додека главен спонзор на предната страна од дресот беше BetClic. Дресовите официјално се претставени на 6 јули 2011-та. Домашниот дрес според зборовите на претседателот на клуботги претставува традиционалните бои на клубот, црно-белите, со 3D ефекти. Гаќиците на домашниот дрес беа со бела боја за разлика од минатата сезона кога биле црни, додека гостинскиот дрес на екипата беше со розева боја и со голема црна ѕвезда на предната страна. Розевата боја на дресовите ја означуваше бојата на првите вистински дресови кој клубот ги имал на почетокот на 20-тиот век, а имале токму розева боја. Броевите на играчите официјално се претставени на 20 август.

Преглед на сезоната[уреди | уреди извор]

Јувентус во новата сезона тргна со нов тренер, Антонио Конте, откако Лујџи Дел Нери заработи отказ по завршувањето на претходната сезона. Истотака, Јувентус во сезоната 2011-12 за прв пат игра на својот нов стадион, Јувентус Стадион. Од 2006-тата година клубот настапуваше на Олимпискиот Стадион во Торино.

Стадионот официјално е отворен на 8 септември 2011 а гостина на пријателскиот натпревар беше англискиот Нотс Каунти, најстарата екипа на светот. Поради слабото 7-мо место во Серија А претходната сезона, Јувентус оваа сезона не настапуваше во европските натпреварувања.

Јувентус ја освои титулата во Италијанското првенство на 6 мај 2012, кога со 2-0 беше победен Калјари во Трст, додека нивните најголеми конкуренти за насловот екипата на Милан истиот ден е поразен од Интер во градското дерби. Истотака ова беше единствената сезона во историјата на торинскиот тим во која тие непретрпеа ниту еден пораз цела сезона (Имаа биланс од 23 победи и 15 нерешени). Титулата првак на Италија се враќа во Торино по 2006-та година.

Популарните Бјанконери оваа сезона стигнаа и до финалето на Италијанскиот Куп, но поразен се таму од екипата на Наполи во Рим со резултат 2:0. Тоа воедно беше и нивниот единствен пораз во официјални натпревари во оваа сезона.

Заминувањето на легендата[уреди | уреди извор]

Сезоната 2011-12 беше последната во дресот на Јувентус за Алесандро Дел Пиеро, долгогодишниот капитен на клубот, кој дебитираше пред 19 години за клубот, во септември 1993-тата година. Својот последен натпревар популарниот Пинтуричио (Алекс Дел Пиеро) го одигра во финалето на Италијанскиот куп, но вистинското простување од саканиот клуб го направи една седмица порано во последното коло во Серија А за оваа сезона во натпреварот против екипата на Аталанта, кога почна како стартер и постигна погодок во 28-ата минута.

Состав[уреди | уреди извор]

Оваа се играчите кој настапувале за Јувентус во оваа сезона:


Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Џанлујџи Буфон
2 Италија ОД Марко Мота
3 Италија ОД Џорџо Кјелини
4 Уругвај ОД Мартин Касерес
5 Италија СР Микеле Пациенца
6 Италија ОД Фабио Гросо
7 Италија СР Симоне Пепе
8 Италија СР Клаудио Маркизио
9 Италија НП Винченцо Јакинта
10 Италија НП Алесандро Дел Пиеро (кап)
11 Италија ОД Паоло де Челје
13 Австрија ГМ Алекс Манингер
14 Црна Гора СР Мирко Вучиниќ
15 Италија ОД Андреа Барцалји
17 Холандија СР Елјеро Елија
Бр. Позиција Играч
18 Италија НП Фабио Кваљарела
19 Италија ОД Леонардо Бонучи
20 Италија СР Симоне Падоин
21 Италија СР Андреа Пирло
22 Чиле СР Артуро Видал
23 Италија НП Марко Бориело
24 Италија СР Емануеле Џакерини
26 Швајцарија ОД Стефан Лихтштајнер
27 Србија СР Милош Красиќ
28 Парагвај СР Марсело Естигарибија
30 Италија ГМ Марко Сторари
32 Италија НП Алесандро Матри
33 Данска ОД Фредерик Соренсен
34 Италија СР Лука Мароне

играчите во италик го напуштија тимот во текот на сезоната

Завршна табела[уреди | уреди извор]

P W D L F A GD Pts
Шампион 1 Јувентус 38 23 15 0 68 20 +48 84
ЛШ 2 Милан 38 24 8 6 74 33 +42 80
ЛШ Кв. 3 Удинезе Калчо 38 18 10 10 52 35 +17 64
Европа Л. 4 Лацио 38 18 8 12 56 47 +9 62
Европа Л. 5 Наполи 38 16 13 9 66 46 +20 61
Европа Л. 6 Интер 38 17 7 14 58 55 +3 58
  7 Рома 38 16 8 14 60 54 +6 56
  8 Парма 38 15 11 12 54 53 +1 56
  9 Болоња 38 13 12 13 41 43 −2 51
  10 Кјево 38 12 13 13 35 45 -10 49
  11 Катанија 38 11 15 12 47 52 −5 48
  12 Аталанта 38 13 13 12 41 43 -2 46*
  13 Фјорентина 38 11 13 14 37 43 −6 46
  14 Сиена 38 11 11 16 45 45 0 44
  15 Калјари 38 10 13 15 37 46 −9 43
  16 Палермо 38 11 10 17 52 62 −10 43
  17 Џенова 38 11 9 18 50 69 −19 42
Испаѓа 18 Лече 38 8 12 18 40 56 −16 36
Испаѓа 18 Новара 38 7 11 20 35 65 −30 32
Испаѓа 18 Чезена 38 4 10 24 24 60 −36 22
  • Аталанта почна со казна од -6 бодови

Натпревари[уреди | уреди извор]






































Куп на Италија[уреди | уреди извор]

Фаза-Најдобрите 16[уреди | уреди извор]

Четвртфинале[уреди | уреди извор]

Полуфинале[уреди | уреди извор]


Финале[уреди | уреди извор]

Листа на стрелци[уреди | уреди извор]

Интересно е тоа што во сезоната 2011-2012 дури 19 фудбалери на Јувентус успеаа да постигнат погодок во Серија А. Еве ја комплетната листа на стрелците:

Позицја Земја Број Име Серија А Куп на Италија Вкупно
Напаѓач Flag of Italy.svg 32 Матри 10 0 10
Среден ред Flag of Italy.svg 8 Маркизио 9 1 10
Напаѓач Flag of Montenegro.svg 14 Вучиниќ 9 1 10
Среден ред Flag of Chile.svg 22 Видал 7 0 7
Среден ред Flag of Italy.svg 7 Пепе 6 0 6
Напаѓач Flag of Italy.svg 10 Дел Пиеро 2 2 4
Напаѓач Flag of Italy.svg 18 Кваљарела 4 0 4
Одбрана Flag of Uruguay.svg 4 Касерес 1 2 3
Среден ред Flag of Italy.svg 21 Пирло 3 0 3
Среден ред Flag of Italy.svg 24 Џакерини 1 2 3
Напаѓач Flag of Italy.svg 23 Бориело 2 0 2
Одбрана Flag of Switzerland.svg 26 Лихтштајнер 2 0 2
Одбрана Flag of Italy.svg 19 Бонучи 2 0 2
Одбрана Flag of Italy.svg 3 Кјелини 2 0 2
Среден ред Flag of Paraguay.svg 28 Естигарибија 1 0 1
Среден ред Flag of Serbia.svg 27 Красиќ 1 0 1
Одбрана Flag of Italy.svg 11 де Челје 1 0 1
Среден ред Flag of Italy.svg 20 Падоин 1 0 1
Среден ред Flag of Italy.svg 34 Мароне 1 0 1

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Натпреварот беше првично закажан за 6-ти ноември, но беше одложен за 29-ти ноември поради поплавениот терен во Неапол.