Прејди на содржината

Антонио Флоро Флорес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Антонио Флоро Флорес
Лични податоци
Роден на 18 јуни 1983(1983-06-18)(43 г.)
Роден во Неапол, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Сегашен клуб Беневенто Беневенто (тренер)
Повлекување 2020 (36 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000-2004 Наполи Наполи 62 (3)
2004Сампдорија Сампдорија 4 (1)
2004-2005 Перуџа Перуџа 27 (8)
2005-2007 Арецо Арецо 79 (28)
2007-2011 Удинезе Удинезе 130 (24)
2011-2012Џенова Џенова 18 (10)
2012Гранада Гранада 10 (1)
2013 Џенова Џенова 10 (2)
2013-2016 Сасуоло Сасуоло 72 (12)
2016-2018 Кјево Кјево 26 (1)
2017-2018Бари Бари 40 (7)
2018-2020 Казертана Казертана 29 (4)
Репрезентација
2002-2004 Италија Италија 21 5 (1)
Раководител на екипите
2025- Беневенто Беневенто

Антонио Маријано Флоро Флорес (роден на 18 јуни 1983) — италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, напаѓач. Во моментов ја води екипата на Беневенто.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Флоро Флорес е роден во Неапол, и ја започнал својата кариера во Наполи. Тој го направил своето Серија А деби на 28 јануари 2001 против Рома. По шест месеци како позајмен во Серија А на Сампдорија, Флоро Флорес се преселил во редовите на Перуџа, откако Наполи отишол под стечај. За Перуџа, Флоро Флорес постигнал 8 гола во Серија Б, и уште два против Тревизо во плеј-офот за промоција. Но Перуџа, исто така, се соочува со стечај, а Флоро Флорес се приклучил на Арецо во текот на летото на 2005 година. Тој останал во клубот за две сезони и постигна 28 гола во 79 натпревари во лигата. Откако Арецо испаднал во Серија Ц1 во летото 2007 година, тој потпишал за тимот на Удинезе во ко-сопственост договор. Во 2011 година тој бил позајмен на Џенова и бил во одлична форма за својот нов клуб постигнувајќи 10 гола во 18 натпревари. Во јануари 2011 година, Флоро Флорес бил блиску до преминување во редовите на Јувентус, но тој ја одбил понудата на торинскиот гигант заради тоа што не бил пожелен од страна на навивачите.[1] Во август истата година тој потпишал нов 5-годишен договор со Удинезе.[2] Во текот на летото на 2012 година тој бил испратен на позајмица во Гранада во Ла Лига. На 16 септември 2012 година Антонио Флоро Флорес го постигнал својот прв гол за Гранада во 82 минута против Депортиво Ла Коруња.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Јувентус ќе го ангажира Флоро Флорес како замена за Кваљарела[мртва врска]
  2. www.udinese.it, уред. (9 август 2011). „Флоро Флорес останува во Удинезе до 2016“. Удинезе (италијански). Посетено на 10 август 2011.