ФК Јувентус сезона 2014-2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јувентус
сезона 2014–2015
СопственикИталија Андреа Ањели
ТренерИталија Масимилијано Алегри
Серија АСкудето 1-ви
(31. титула)
Суперкуп на Италијавицешампиони
Куп на ИталијаКуп на Италија шампиони
(10. титула)
Лига на шампионивицешампиони
Најдобар стрелецЛига:
Аргентина Карлос Тевес (20)
Вкупно:
Аргентина Карлос Тевес (29)
Домакин
Гост
Трети

Сезоната 2014-15 за фудбалскиот клуб Јувентус била 117 од неговото основање и осма последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.

Преглед на сезоната[уреди | уреди извор]

Масимилијано Алегри бил назначен за тренер на Јувентус во јули 2014 и веќе во својата прва сезона во клубот успеал да ги освои Скудетото и Купот на Италија. Со тоа станал седмиот тренер кој ја освоил Серија А со два различна клуба.

Почетокот на сезоната бил прилично турбулентен за бјанконерите. Кулминацијата на неколкуте тешки недели во летниот камп за тренинг, била достигната кога тренерот Антонио Конте - еден од главните архитекти на успехот во последните три години, се повеќе и повеќе влегол во судир со раководството[1] - пред конечно да го раскине договорот на 15 јули 2014,[2] а набргу потоа, станал селектор на италијанската репрезентација. Како негова замена на клупата на Јувентус дошол Масимилијано Алегри,[3] име кое во Торино било потценето од страна на експертите,[4] од противниците,[5][6] а највеќе од навивачите,[7][8] но ништо од тоа не го спречило да биде ѕвездата на успешната деби сезона со Старата дама.[9][10][11]

Што се однесува до составот, најголеми промени биле направени во нападот; клубот го напуштиле, Вучиниќ, Кваљарела и Освалдо, и биле заменети со младите таленти Коман и Мората кој биле доведени, од Париз Сен Жермен односно Реал Мадрид; шпанецот Мората, одиграл одлична сезона и успеал да заработи место во почетниот тим како партнер на Тевез во вториот дел од сезоната, за сметка на својот сонародник Љоренте кој се преселил на клупата.[12][13] Останатите промени во составот на Јувентус кој се случиле во летниот трансфер период се следниве; од Торино си заминале одбранбените играчи Пелузо, Исла и Де Челје (последниот, заминал само за првиот дел од сезоната), додека како нови засилување дошле францускиот лев бек Евра од Манчестер Јунајтед, и играчите од средината на теренот Ромуло и Переира од Верона и Удинезе; исто така, во својот матичен клуб се вратил Мароне по една година помината во Сасуоло, додека младиот играч за врска Матиело бил унапреден во првиот тим. Во зимскиот трансферен прозорец, споменатиот Матиело бил позајмен на Кјево, а Џовинко со слободен трансфер се преселил во Торонто, а како негова замена во Јувентус се вратил искусниот напаѓач Матри, а заедно со него бил доведен и младинскиот репрезентативец на Италија, Стураро (двајцата дошле од Џенова). Во поглед на тактиката, Алегри најпрво избрал да продолжи да се фокусира на веќе докажаната 3-5-2, формација која го обележала освојувањето на последните три титули во лигата и била брендирана од страна на Конте, меѓутоа во срцето на сезоната Алегри одлучил да ја промени во 4-3-1-2 со што Јувентус добил повеќе на напаѓачка моќ,[14][15][16] и во која, улогата на играч зад напаѓачите била покриена од страна на играчите кој претходно играле во внатрешната тројка од средниот ред во 3-5-2, Видал или новото засилување Переира.[17]

Во првенството почетокот бил сличен по должината на линиите од претходната сезона, дуел за врвот со Рома. Бјанконерите и Џалоросите останале на врвот заедно со еднаков број на бодови се до директниот дуел во Торино на 5 октомври 2014, во кој домаќините победиле со 3-2, со што се успеале да се издвојат како осамени лидери на врвот на табелата,[18] меѓутоа екипата од главниот град нема да се предаде и во продолжение од првенството ќе остане во контакт со Јуве, всушност, веќе во средината на првиот дел од сезоната било јасно дека тандемот на чело на табелата се единствените два клуба со аспирации за титулата, бидејќи јазот меѓу нив и останатите тимови бил многу голем. Со победата од 3-1 над Наполи во гости, прва за Јувентус на овој стадион после четиринаесет години,[19] 11 јануари, 2015 Јувентус освоил еден симболичен наслов за зимски шампион,[20] меѓутоа многу поважно од тоа бил реваншот за загубениот Суперкуп на 22 декември 2014 во Доха, кога Наполитанците оствариле победа по изведувањето на пенали.[21] Во овој прв дел од сезоната за одбележување е уште ремито 1-1 против Сампдорија на Стадион Јувентус, на 14 декември, со што и било ставено крај на серијата од 25 победи по ред на домашен терен:[22] низа која започнала со победата над Лацио со 4-1 на 31 август 2013, со што бил скршен претходниот рекорд (21) поставен пред шеесет и шест години од страна на Гранде Торино кон крајот на четириесеттите години. Четири дена подоцна, со победата од 3-1 на гостувањето кај Калјари, тимот ја завршил календарската година со 95 поени од 37 натпревари, надминувајќи го стариот рекорд за освоени поени во календарска година (92 од 37) на Интер во 2007.[23]

Порано, на европската сцена, Јувентус ја започнал својата кампања во Лигата на Шампионите директно во фазата по групи, каде биле дел од една урамнотежена група која вклучувала само национални шампиони: шпанскиот првак Атлетико Мадрид, исто така финалисти во последното издание на ова натпреварување, грчикот Олимпијакос и шведскиот Малме. Со три победи, едно реми и два порази, Бјанконерите изборија пласман до нокаут фазата како второпласирани во групата, зад јорганџиите.[24]

Патрис Евра во дуел со Лионел Меси од Барселона на Олимпискиот стадион во Берлин, во финалето на Лигата на шампионите.

Со почетокот на новата година, се случува токму спротивното од првиот дел од сезоната во Серија А, наместо изедначена битка за титулата, Јуве се повеќе ја зголемувал предноста во однос на најблиските гонители, претходно споменатите Рома, Наполи и одличниот во вториот дел од сезоната Лацио кој со серија добри резултати во еден период избил на второто место на табелата. Од недела во недела бодовната разлика меѓу Старата дама и конкурентите од престолнината растела - за во април да достигне до +15 годови[25] -, со што набргу станало јасно кој ќе го освои насловот, четврто скудето по ред - победничка низа која во Јувентус, не е видена уште од времето на златните педесети години-, математички скудетото било осигурано на 2 мај, со победата од 1-0 над Сампдорија во Џенова благодарение на голот на Видал;[26] екипата од Пиемонт, никогаш претходно не го освоила шампионатот, од кога за победа се добиваат 3 бода, на четири натпревари до крајот на кампањата.[27] Исто така, Јувентус станал првиот клуб во историјата на италијанскиот фудбал, кој успеал да освои четири скудета по ред во два различни периоди.[28]

Откако насловот во лигата бил веќе осигуран, во месец мај, Јувентус бил единствениот тим на континентот, заедно со Барселона, кој сеуште се натпреварувал на три фронта, благодарение на позитивните резултати остварени во куповите. Со почетокот на нокаут фазата на Лигата на шампионите, зебрите, всушност, биле подобри од германскиот претставник Борусија Дортмунд во осминафиналето, со две победи (2-1 во Торино и 3-0 во Германија)[29] во четврт-финалето биле подобри Монако (1-0 дома и 0-0 во кнежевството),[30] а потоа во полуфиналето наишле на Реал Мадрид, но ниту бранителите на трофејот не успеале да ги сопрат момците на Алегри кој се пласирале во финалето со вкупен резултат 3-2 (2-1 на Стадион Јувентус и 1-1 на Бернабеу)[31] - прво финале после дванаесет години -; на 6 јуни, на Олимпискиот стадион во Берлин, тимот не успеал да дојде до трофејот, бидејќи биле поразени со 1-3 од Барселона.

Торинезите "гурале" добро, дури и во Купот на Италија, каде што, по точно дваесет години, повторно го освојуваат трофејот. Тие го започнале натпреварувањето во осминафиналето, како еден од најдобро рангиранте клубови од минатата сезона, а на почетокот ја елиминарале Верона, супериорно со голеада во нивната мрежа,[32] и, со повеќе тешкотии, Парма која се борела одлично и покрај големите проблеми на корпоративно и финансиско ниво.[33] Во полуфиналниот двомеч против Фјорентина, Јувентус направил фантастично враќање со победа од 3-0 во вториот натпревар во Фиренца, надоместувајќи го дефицитот од 1-2 од првиот натпревар во Торино;[34] за прв пат во историјата Јувентус успеал да се помине понатаму во една рунда од Купот на Италија после пораз во првиот натпревар, пласирајќи се во свето петнаесетто финале на турнирот.[35] Во завршниот натпревар одигран на 20 мај, на Стадионот Олимпико во Рим, единаесеттмината на Алегри го победиле Лацио со 2-1 по продолженија, со одлучувачкиот гол на Матри: за екипата од Пиемонт тоа било десеттиот успех во ова натпреварување - станувајќи првиот клуб кој симболично ја освоил сребрена ѕвезда- и на третата двојна круна во нивната национална историја[36] после сезоните 1959-60 и 1994-95.

Дресови[уреди | уреди извор]

Спортска опрема: Најк
Главен спонзор: Jeep

Домашен
Гостински
Резервен
Прв голмански
Втор голмански
Трет голмански
Четврти голмански
Петти голмански

Состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Џанлуиџи Буфон Captain sports.svg
2 Италија СР Ромуло
3 Италија ОД Џорџо Кјелини
4 Уругвај ОД Мартин Касерес
5 Италија ОД Анџело Огбона
6 Франција СР Пол Погба
7 Италија СР Симоне Пепе
8 Италија СР Клаудио Маркизио
9 Шпанија НП Алваро Мората
10 Аргентина НП Карлос Тевес
11 Франција НП Кингсли Коман
12 Италија НП Себастијан Џовинко
14 Шпанија НП Фернандо Љоренте
15 Италија ОД Андреа Барцалји
16 Италија ОД Марко Мота
17 Италија ОД Паоло де Челје
19 Италија ОД Леонардо Бонучи
Бр. Позиција Играч
20 Италија СР Симоне Падоин
21 Италија СР Андреа Пирло
22 Гана СР Квадво Асамоа
23 Чиле СР Артуро Видал
24 Италија СР Матија Витале
26 Швајцарија ОД Стефан Лихтштајнер
27 Италија СР Стефано Стураро
30 Италија ГМ Марко Сторари
32 Италија НП Алесандро Матри
33 Франција ОД Патрис Евра
34 Бразил ГМ Рубињо
37 Аргентина СР Роберто Переира
38 Италија СР Федерико Матиело
39 Италија СР Лука Мароне
41 Италија ОД Филипо Ромања
77 Италија ГМ Емил Аудеро

играчите во италик го напуштиле клубот во текот на сезоната

Трансфери[уреди | уреди извор]

Прикажани се само побитните операции

Дошле[уреди | уреди извор]

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората бил купен од Реал Мадрид за сума од 20 милиони €, што претставува најскап трансфер на клубот за сезоната.
Фабио Кваљарела по четири сезони поминати во Јувентус, се преселил во градскиот ривал Торино за 3,5 милиони евра.
Дата Поз. Играч Од Начин и сума
2 февруари 2015 c НП Италија Алесандро Матри Милан Милан позајмен до јуни 2015 [1]
2 февруари 2015 c СР Италија Стефано Стураро Џенова Џенова вратен од заем;
конечно (5,5 мил. €, купен во летото) [2]
30 јануари 2015 c ОД Италија Паоло де Челје Парма Парма вратен од заем [3]
3 јули 2014 c СР Италија Лука Мароне Сасуоло Сасуоло конечно (5,5 мил. €); откупен е само половина од договорот, другата половина клубот веќе ја поседувал [4]
7 јули 2014 c СР Франција Кингсли Коман Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен Бесплатно [5]
19 јули 2014 c НП Шпанија Алваро Мората Реал Мадрид Реал Мадрид конечно (20 мил. €) [6]
23 јули 2014 c ОД Франција Патрис Евра Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед конечно (1.5 мил. €) [7]
25 јули 2014 c СР Аргентина Роберто Переира Удинезе Удинезе позајмица (1.5 мил. €) до јуни 2015 [8]
2 август 2014 c СР Италија Ромуло Верона Верона позајмица (1.5 мил. €) до јуни 2015 [9]

Заминале[уреди | уреди извор]

Дата Поз. Играч Од Начин и сума
3 февруари 2015 c СР Италија Федерико Матиело Кјево Кјево позајмица [10]
2 февруари 2015 c НП Италија Себастијан Џовинко Торонто Торонто Бесплатно [11]
7 август 2014 c ОД Чиле Маурисио Исла КПР КПР позајмица (1.2 мил. €) [12]
18 јули 2014 c НП Италија Фабио Кваљарела Торино Торино конечно (3.5 мил. €) [13]
4 јули 2014 c НП Црна Гора Мирко Вучиниќ Ал Џазира Ал Џазира конечно (6.3 мил. €) [14]
3 јули 2014 c ОД Италија Федерико Пелузо Сасуоло Сасуоло конечно (4.5 мил. €) [15]
30 јуни 2014 c НП Италија Пабло Освалдо Саутхемптон Саутхемптон Вратен од заем

Натпреварувања во сезоната[уреди | уреди извор]

Суперкуп на Италија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Суперкуп на Италија 2014.

Серија А[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Серија А 2014-2015.

Завршна табела[уреди | уреди извор]

Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
Шампион на Италија Освојувач на Купот на Италија Coppacampioni.png 1. Јувентус Јувентус 87 38 26 9 3 72 24 +48
Coppacampioni.png 2. Рома Рома 70 38 19 13 6 54 31 +23
Coppacampioni.png 3. Лацио Лацио 69 38 21 6 11 71 38 +33
Coppauefa.png 4. Фјорентина Фјорентина 64 38 18 10 10 61 46 +15
Coppauefa.png 5. Наполи Наполи 63 38 18 9 11 70 54 +16
6. Џенова Џенова 59 38 16 11 11 62 47 +15
Coppauefa.png 7. Сампдорија Сампдорија 56 38 13 17 8 48 42 +6
8. Интер Интер 55 38 14 13 11 59 48 +11
9. Торино Торино 54 38 14 12 12 48 45 +3
10. Милан Милан 52 38 13 13 12 56 50 +6
11. Палермо Палермо 49 38 12 13 13 53 55 −2
12. Сасуоло Сасуоло 49 38 12 13 13 49 57 −8
13. Верона Верона 46 38 11 13 14 49 65 −16
14. Кјево Кјево 43 38 10 13 15 28 41 −13
15. Емполи Емполи 42 38 8 18 12 46 52 −6
16. Удинезе Удинезе 41 38 10 11 17 43 56 −13
17. Аталанта Аталанта 37 38 7 16 15 38 57 −19
1downarrow red.svg 18. Каљари Каљари 34 38 8 10 20 48 68 −20
1downarrow red.svg 19. Чезена Чезена 24 38 4 12 22 36 73 −37
The death.svg 20. Парма Парма 19 38 6 8 24 33 75 −42
1 Парма била казнета со одземање на 7 бодови.
2 Џенова не добила лиценца од УЕФА за настап во европските натпреварувања па нејзиното место го зазела Сампдорија.

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2015-2016
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2015-2016
      Се квалификува за плејоф рундата (од квалификациите) за УЕФА Лигата на шампионите 2015-2016
      Се квалификува за фазата по групи во УЕФА Лига Европа 2015-2016
      Се квалификува за третото коло од квалификациите за УЕФА Лига Европа 2015-2016
      Испаѓа во Серија Б 2015-2016

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднаков број на бодови помеѓу две или повеќе екипи, позицијата на табелата на екипата ќе биде одредена по следниве критериуми:
  • Освоени бодови во меѓусебните дуели
  • Гол-разлика во меѓусебните дуели
  • Вкупна гол-разлика
  • Вкупен број на постигнати голови
  • Ждрепка

Натпревари[уреди | уреди извор]

Куп на Италија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Фудбалски куп на Италија 2014-2015.

Јувентус го започнал своето учество во Купот на Италија директно во осминафиналето, како една од осумтте најдобро рангирани екипи.

Лига на шампиони[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „УЕФА Лига на шампиони 2014/15.

Фаза по групи[уреди | уреди извор]

Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1. Шпанија Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 6 4 1 1 14 3 +11 13
2. Италија Јувентус Јувентус 6 3 1 2 7 4 +3 10
3. Грција Олимпијакос Олимпијакос 6 3 0 3 10 13 -3 9
4. Шведска Малме Малме 6 1 0 5 4 15 -11 3

Нокаут фаза[уреди | уреди извор]

Осминафинале[уреди | уреди извор]
Четвртфинале[уреди | уреди извор]
Полуфинале[уреди | уреди извор]
Финале[уреди | уреди извор]

Статистика[уреди | уреди извор]

Листа на стрелци[уреди | уреди извор]

Вклучени се сите официјални натпревари.

Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Куп на Италија Суперкуп УЕФА ЛШ Вкупно
1 10 НП Аргентина Карлос Тевес 20 0 2 7 29
2 9 НП Шпанија Алваро Мората 8 2 0 5 15
3 6 СР Франција Пол Погба 8 1 0 1 10
4 14 НП Шпанија Фернандо Љоренте 7 1 0 1 9
5 23 СР Чиле Артуро Видал 7 0 0 1 8
6 37 СР Аргентина Роберто Переира 4 2 0 0 6
7 21 СР Италија Андреа Пирло 4 0 0 1 5
8 19 ОД Италија Леонардо Бонучи 3 1 0 0 4
9 8 СР Италија Клаудио Маркизио 3 0 0 0 3
26 ОД Швајцарија Стефан Лихтштајнер 3 0 0 0 3
11 12 НП Италија Себастијан Џовинко 0 2 0 0 2
32 НП Италија Алесандро Матри 0 2 0 0 2
13 4 ОД Уругвај Мартин Касерес 1 0 0 0 1
7 СР Италија Симоне Пепе 1 0 0 0 1
27 СР Италија Стефано Стураро 1 0 0 0 1
33 ОД Франција Патрис Евра 1 0 0 0 1
17 3 ОД Италија Џорџо Кјелини 0 1 0 0 1
11 НП Франција Кингсли Коман 0 1 0 0 1
Авто голови 1 0 0 1 2
ВКУПНО 72 13 2 17 104

Последен пат ажурирано: 6 јуни 2015
Извор: Официјални натпревари

Асистенции[уреди | уреди извор]

Вклучени се сите официјални натпревари.

Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Куп на Италија Суперкуп УЕФА ЛШ Вкупно
1 10 НП Аргентина Карлос Тевес 7 0 0 1 8
2 8 СР Италија Клаудио Маркизио 6 1 0 1 8
3 26 ОД Швајцарија Стефан Лихтштајнер 5 2 0 0 7
4 6 СР Франција Пол Погба 3 0 1 3 7
5 9 НП Шпанија Алваро Мората 5 0 0 0 5
21 СР Италија Андреа Пирло 5 0 0 0 5
7 23 СР Чиле Артуро Видал 4 0 0 0 4
20 СР Италија Симоне Падоин 4 0 0 0 4
9 37 СР Аргентина Роберто Переира 3 0 0 1 4
10 33 ОД Франција Патрис Евра 2 1 0 0 3
11 11 СР Франција Кингсли Коман 2 0 0 0 2
12 7 СР Италија Симоне Пепе 1 1 0 0 2
14 НП Шпанија Фернандо Љоренте 1 1 0 0 2
14 3 ОД Италија Џорџо Кјелини 1 0 0 0 1
14 22 СР Гана Квадво Асамоа 0 0 0 1 1
ВКУПНО 49 6 1 7 63

Последен пат ажурирано: 6 јуни 2015
Извор: ESPNFC.com

Суви мрежи[уреди | уреди извор]

Вклучени се сите официјални натпревари.

Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Куп на Италија Суперкуп УЕФА ЛШ Вкупно
1 1 ГМ Италија Џанлујџи Буфон 18 0 0 6 24
2 30 ГМ Италија Марко Сторари 1 2 0 0 3
ВКУПНО 19 2 0 6 27

Последен пат ажурирано: 6 јуни 2015
Извор: Официјални натпревари

Дисциплина[уреди | уреди извор]

Вклучени се сите официјални натпревари.

Ранг Бр. Поз Нац Име Серија А Куп на Италија Суперкуп УЕФА ЛШ Вкупно
добил жолт картон Red card добил жолт картон Red card добил жолт картон Red card добил жолт картон Red card добил жолт картон Red card
1 26 ОД Швајцарија Стефан Лихтштајнер 8 1 0 0 0 0 3 0 11 1
2 8 СР Италија Клаудио Маркизио 9 0 2 0 0 0 1 0 12 0
3 23 СР Чиле Артуро Видал 7 0 1 0 0 0 4 0 12 0
4 10 НП Аргентина Карлос Тевес 6 0 1 0 1 0 4 0 12 0
5 19 ОД Италија Леонардо Бонучи 8 0 1 0 0 0 2 0 11 0
6 3 ОД Италија Џорџо Кјелини 7 0 1 0 0 0 3 0 11 0
7 9 НП Шпанија Алваро Мората 6 1 0 1 0 0 2 0 8 2
8 6 СР Франција Пол Погба 4 0 1 0 0 0 3 0 8 0
9 33 ОД Франција Патрис Евра 4 0 1 0 0 0 0 0 5 0
10 37 СР Аргентина Роберто Переира 2 0 0 0 1 0 2 0 5 0
11 20 СР Италија Симоне Падоин 2 2 0 0 0 0 0 0 2 2
12 5 ОД Италија Анџело Огбона 4 0 0 0 0 0 0 0 4 0
13 15 ОД Италија Андреа Барцалји 2 0 0 0 0 0 0 0 2 0
22 СР Гана Квадво Асамоа 2 0 0 0 0 0 0 0 2 0
15 4 ОД Уругвај Мартин Касерес 1 0 1 0 0 0 0 0 2 0
27 СР Италија Стефано Стураро 1 0 1 0 0 0 0 0 2 0
17 7 СР Италија Симоне Пепе 0 1 0 0 0 0 0 0 0 1
18 32 НП Италија Алесандро Матри 0 0 1 0 0 0 0 0 1 0
19 12 НП Италија Себастијан Џовинко 0 0 0 0 0 0 1 0 1 0
ВКУПНО 73 5 11 1 2 0 25 0 111 6

Последен пат ажурирано: 6 јуни 2015
Извор: Официјални натпревари

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jacopo Gerna (15 luglio 2014). gazzetta.it, уред. „Clamoroso Juventus-Conte, addio consensuale. Agnelli: "Si riparte da zero". 
  2. juventus.com (уред.). „Grazie Antonio“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  3. juventus.com, уред. (16 luglio 2014). „Allegri: «La Juve è un onore»“. 
  4. corrieredellosport.it (уред.). „Јуве, еве зошто Алегри не е најдобриот избор“.  Unknown parameter |цитат= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош); Unknown parameter |auhtor= ignored (помош)
  5. Ланфранко Паче. ilfoglio.it, уред. „Aziendalista, senza gioco e poco simpatico. Adesso Allegri è tutto vostro, cari bianconeri. E io, milanista, godo“.  Unknown parameter |цитат= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  6. Џакомо Валтолина. corriere.it, уред. „No, cara Juve: c’è poco da stare Alégher“.  Unknown parameter |цитат= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  7. Carlo Valentino (16 luglio 2014). ilfattoquotidiano.it, уред. „Juve, Conte via, arriva Allegri: da #agghiacciande a #noAllegri“. 
  8. Алберто Мауро. gazzetta.it, уред. „Allegri alla Juventus, contestazione a Vinovo: ultrà a colloquio coi dirigenti“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  9. Андреа Тундо (2 maggio 2015). ilfattoquotidiano.it, уред. „Juventus campione d’Italia: cronaca di un successo non annunciato. Allegri da reietto a idolo dei tifosi“. 
  10. Џовани Капуано. panorama.it, уред. „La rivincita di Allegri: dagli insulti all'amore dei tifosi della Juve“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  11. Алесандро Франкети. sportmediaset.mediaset.it, уред. „La scalata di Allegri, l'ex indesiderato“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  12. „Juventus, Morata: assist, gol, colpi di tacco e recuperi. Che intesa con Tevez“.  Unknown parameter |autore= ignored (помош); Unknown parameter |editore= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  13. Enrico Turcato (13 febbraio 2015). wired.it, уред. „Morata-Tevez: la Juventus ha una coppia da Champions“. 
  14. Timothy Ormezzano. repubblica.it, уред. „Juventus, Allegri non torna indietro: "Avanti col nuovo modulo".  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  15. Alberto Mauro (8 novembre 2014). gazzetta.it, уред. „Juventus, Allegri: "Il nuovo modulo porterà nuovi stimoli". 
  16. „Ora è la Juve di Allegri. Tanti pregi e due dubbi“. 23 novembre 2014.  Unknown parameter |authore= ignored (помош); Unknown parameter |editore= ignored (помош);
  17. „Un trequartista per la nuova Juventus: oggi Vidal, domani Shaqiri o Berardi?“. 6 novembre 2014.  Unknown parameter |autore= ignored (помош); Unknown parameter |editore= ignored (помош);
  18. Valerio Clari (5 ottobre 2014). gazzetta.it, уред. „Juventus-Roma 3-2 tra mille polemiche: risolve l'eurogol di Bonucci“. 
  19. Roberto Perrone. corriere.it, уред. „Dopo 14 anni la Juve vince a Napoli“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  20. Fabiana Della Valle (11 gennaio 2015). gazzetta.it, уред. „Napoli-Juventus 1-3, gol di Pogba, pari di Britos, rete di Caceres e Vidal“. 
  21. Jacopo Manfredi (22 dicembre 2014). repubblica.it, уред. „Juventus-Napoli 7-8 ai rigori, la Supercoppa è azzurra“. 
  22. goal.com, уред. (14 dicembre 2014). „Ancora la Sampdoria di mezzo, Juventus fermata in casa dopo 25 successi di fila“. 
  23. gazzetta.it (уред.). „Juventus, un 2014 da record. Allegri: "Ma a Cagliari troppi rischi...".  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  24. Владимир Котуњо. tuttosport.com, уред. „Champions, Juve-Atletico 0-0: bianconeri agli ottavi“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  25. Гвидо Вачијаго (18 aprile 2015). tuttosport.com, уред. „Juventus-Lazio 2-0, Tevez e poi l'eurogol di Bonucci portano i bianconeri a +15“. 
  26. gazzetta.it (уред.). „Sampdoria-Juventus 0-1: Vidal, è festa scudetto. La Signora cala il poker“.  Unknown parameter |autore= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  27. goal.com (уред.). „Storica Juventus: Scudetto mai così in anticipo, Allegri nel gotha allenatori“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  28. fifa.com (уред.). „Captains, creators and domestic dominance“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  29. Fabiana Della Valle. gazzetta.it, уред. „Dortmund-Juve 0-3: Tevez fa due gol e un assist, Allegri ai quarti di Champions“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  30. Jacopo Manfredi. repubblica.it, уред. „Monaco-Juventus 0-0, bianconeri in semifinale dopo 12 anni“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  31. Valerio Clari. gazzetta.it, уред. „Juve da sogno: è finale! L’ex Morata gela il Real Madrid“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  32. Федерико Сала. repubblica.it, уред. „Juventus-Verona 6-1: scaligeri travolti, bianconeri ai quarti“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  33. Фабијана Дела Вале. gazzetta.it, уред. „Coppa Italia, Parma-Juve 0-1, Morata gol all'89': Allegri in semifinale“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  34. Giacomo Luchini. repubblica.it, уред. „Coppa Italia, Fiorentina-Juventus 0-3: i bianconeri rimontano e volano in finale“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  35. goal.com (уред.). „Juventus potenziale 'Tripletista': come lei solo Barcellona, Bayern e PSG“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  36. Јаопо Герна. „Juve infinita, vince la 10ª Coppa Italia: Matri piega la Lazio ai supplementari“, 20 мај 2015.