Гонзало Игуаин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Гонзало Жерардо Игуаин (Шпнски изговор: [ɡonˈθalo iɣwaˈin]; роден на 10 декември 1987 година е аргентински професионален фудбалер. Тој е роден во Франција, а од 2007 година стекна и аргентинско државјанство, па сега има двојно државјанство. Тој е син на поранешниот фудбалер Џорџе Игуаин и помал брат на фудбалерот Федерико Игуаин.

Раниот живот[уреди]

Игуаин е роден во Брест, Франција, како син на поранешниот фудбалер Џорџе Игуаин кој играше за Стејт Брестиос 29 како имигрант. Токму затоа тој поседува двојно државјанство. Тој ја напушти земјата на возраст од 10 месеци и не се брати во Франција се до 1998 година за светското првенство. Иако не зборува француски, Игуаин поседува француски пасош бидејќи татко му е национализиран французин.Тој успешно аплицираше за аргентинско државјанство во 2007 година.

Игуаин започна да игра во младинските тимови, а своето деби го имаше на 29 мај, 2005 година со Ривер Плата, со поразот од 2-1 против Гимназија и енигма Де Ла Плата.3[1] На 12 февруари, 2008 година тој го постигнна првиот лигашки гол во победата од 3-1 над Бенфилд.3[2] Игуаин ја заврши сезоната 2005-06 со 5 постигнати гола на 12 настапи.3[3] По неговиот настап во дербито супер класико против Бока Јуниор на 8 октомври, 2006 година менаџерот на Ривер Плата, Даниел Пасарела изјави дека Игуаин има "огромна иднина" и "судено му е да биде мега ѕвезда."3[4] Во следната сезона тој постигна 18 гола во 17 лигашки натпревари.3[3]

Реал Мадрид[уреди]

Игуаин во Реал Мадрид славејќи го голот постигнат против Атлетико Мадрид. Игуаин славејќи гол постигнат против ФК Цирих во натпревар на Лига Шампиони Во декември 2005 година, шпанскиот клуб Реал Мадрид потпиша договор со Игуаин за 13 милиони евра, откако Ривер Плата претходно ја одби понудата од 10 милиони евра за за 19 годишниот напаѓач.3[5] Неговото деби се случи на 11 јануари 2007 година против Реал Бетис во втората рунда од Копа Дел Реј (Кралскиот Куп) во Севиља. Неговиот настап во лигата се случи 3 дена подоцна, на 14 февруари 2007 година, против Реал Сарагоса дома. Игуаин беше дел од создавањето на бројни шанси за голови и асистенцијата за единствениот гол кој му донесе победа на Реал Мадрид. Првиот гол во Реал Мадрид го постигна на 24 февруари кога тимот се соочи со Атлетико Мадрид на дербито во Мадрид на стадионот Висенте Калдерон, кој беше израмнувачки гол за 1-1. Подоцна во оваа сезона , Игуаин покажа импресивана изведба со постигнувањето гол во последната минута на еден натпревар во лигата против Еспањол за да му донесе победа на неговиот тим од 4-3 кога на семафорот веќе беше означено нерешено.3[6] Како и да е, за време на неговата прва сезона во Бернабе, Игуаин покрена некои сомневања во врска со неговиот перформанс поради малкуте постигнати голови.За време на сезоната 2007-08 Игуаин успеа да создаде едно импресивно издание. Понатму, тој се соочи со криза во формата. Сепак, за време на последната фаза од лигата тој успеа да се покаже како еден од клучните играчи на Реал Мадрид. Прво, постигна гол во последната минута и му донесе победа на својот тим со 2-1 во камбекот против Осасуна, што му овозможи на Реал Мадрид да биде математички крунисан шампион во Лигата втора година едноподруго.3[7] Пипита уште еднаш влезе во центарот на вниманието постигнувајќи го третиот гол и прегазувајќи ја Барселона со 4-1 на Ел Класико. Оваа изведба беше особено цената поради голот на Игуаин постигнат само 57 секунди по влегувањето во игра.3[8]. Во сезоната 2%2008-09 на Игуаин му беше дадена шанса да биде стартер како резултат на сериозната повреда што ја доживеа холандскиот напаѓач Руд Ван Нистелрој .3[9] На 21 април 2009 година, тој направи уште еден одличен перформнс кога го реши натпреварот со голот постигнат во последната минута против Гетафе, донесувајќи му победа на Реал Мадрид со 3-2, што му овозможи на тимот да ги следи квалификациите на Барселона на Џозеф Гвардиола.3[10] Во август, 2008 година му донесе победа на Реал Мадрид над Валенсија во шпанскиот супер куп.3[11] Кратко потоа, тој ги постигна сите 4 гола во победата од 4-3 над Малага. Паради тоа тој стекна интернационално признание и во исто време беше еден од водечките стрелци во Шпанската лига покрај неговиот противник од Барселона, Самуел Ето.[12] Истата сезона, Игуаин се сметаше за едно од најголемите светски ветувања во светскиот фудбал по стапките на спектакуларните игри и особено импресивен во головите во последна минута. Игуаин ја заврши сезоната со 22 гола во лигата,3[13] 24 во сите натпревари, блескајќи покрај долгогодишните ѕвезди како Давид Виља и Тиери Анри. Во сезоната 2%2009-10 Игуаин стана стрелец број 1 на Реал Мадрид со 27 лигашки гола, а во исто време и втор стрелец во Шпанската лига само зад Лионел Меси,но изненадувајќи ги шведскиот интернационалец Златан Ибрахимович и дури и неговиот соиграч Кристијано Роналдо. Во 2010 година Реал Мадрид го продолжи договорот со Игуаин до 2016 година.3[14] На 23 октомври тој го постигна 5 200тиот лигашки гол за Реал Мадрид против Расинг Сантандер кога Белите ги прегазија со 6-1. На 4 ноември истата година, Гонзало влезе во историјата на клубот на Реал Мадрид со тоа што стана мајстор на 700тиот гол за Реал Мадрид во Лигата во шампиони.3[15] Во првата недела на декември 2010 година, Игуаин доби дијагноза дека има лумбален пршлен со хернејаи медицинскиот персонал на Реал Мадрид му препорача да го оперира. Иако Игуаин се уште не го застапува истото мислење, доста веројатно е да помине 3-4 месеци надвор од полето на фудбалот во процес на закрепнување.3[17]

Интернационална кариера[уреди]

На почетокот Игуаин го одолговлекуваше донесувањето олука дали да игра за аргентинскиот или за францускиот тим, тврдејќи дека во тоа време бил неодлучен за која држава преферира да игра за на крај да се одлучи за Аргентина.3[18][19][20] Игуаин беше повикан од Аргентинскиот Олимписки Тим на пријателски натпревар против Гватемала во февруари 2008 година и постигна 2 гола во убедливото деби кога Аргентиба победи со 5-0, иако натпреварот не беше официјално од ФИФА како инернацнонален натпревар од А група. Игуаин беше избран за Аргентина од тренерот Диего Марадона во квалификациите за последното Светско Првенство против Перу и Уругвај. Тој го постигна првиот гол од првиот натпревар во 49 минута за победа од 2-1 над Перу на 10 октомври 2009 година. На 3 март 2010 година, тој го постигна вториот гол за Аргентина во победата над Германија со 1-0 на Алианц арената во Минхен веднаш по нападот во второто полувреме, искористувајќи ја грешката на германскиот голман Рене Адлер при што шутна и погоди од далечина од 20 метри.3[22] По квалификациите во Аргентина, Игуаин беше вклучен во тимот за Светското Првенство 2010 година. Тој постигна хет трик во победата на Аргентина над Јужна Кореја од 4-1 во финалето на Светското Првенство по Жилермо Стабиле во 1930 година и и Габриел Батистута во 1994 година и 1998 година3[23][24] и првиот играч кој постигнал хет трик во Светските Првенства од 2002 година. Неговиот гол во поразот од 3-1 над Мексико му донесе вкупно 4 и тој стана еден од топ стрелците на Аргентина на натпреварот. Кратко по разочарувачката кампања за Светското првенство, на 7 септември 2010 година, Игуаин постигна 2 гола во пријателскиот натпревар против ново- крунисаниот Светски шампион Шпанија постигнувајќи резултат од 2-1 за натпреварот да заврши 4-1. Игуаин е еден од тројцата играчи родени надвор од Аргентина кои играа за Аргентина во Светското Првенство заедно со Педро Арико Суарез313[25] Константино Урбиета Соса.3[26]