Хосе Маури

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хосе Маури
Лични податоци
Полно име Хосе Агустин Маури
Роден на 16 мај 1996 (1996-05-16) (воз. 21 г.)
Роден во Реаличо, Аргентина
Висина &100000000000001690000001,69 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Милан
Број 4
Младинска кариера
2011–2013 Парма Парма
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013–2015 Парма Парма 35 (2)
2015– Милан Милан 6 (0)
2016–2017 Емполи Емполи (п) 14 (0)
Репрезентација
2012 Италија U16 2 (0)
2012 Италија U17 6 (2)
2015– Италија U21 0 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 20 август 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 27 август 2017

Хосе Маури (роден на 16 мај 1996 во Реаличо, Аргентина) — аргентински професионален фудбалер кој настапува за ФК Милан, во италијанската Серија А, на позиција среден ред.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Парма[уреди | уреди извор]

Маури својата фудбалска кариера ја започнал во екипата на ФК Парма, за која екипа дебитирал на 3 декември 2013 година во четвртата рунда од Купот на Италија, кога влегол во игра против ФК Варесе и ги одиграл последните 27 минути на натпреварот[1].

Во април 2015 година го постигнал својот прв гол во Серија А против ФК Јувентус[2] , нарекувајќи го овој ден како најсреќен во неговиот живот[3].

Милан[уреди | уреди извор]

На почетокот на сезоната 2015-16, Маури се приклучил на ФК Милан, потпишувајќи четиригодишен договор преку слободен трансфер[4]. Сепак, Милан платил 4 милиони евра од непознати причини [5]. Маури го направил своето прво деби на 1 декември, играјќи 99 минути на натпреварот против ФК Кротоне, кога Милан победил со 3-1 по дополнителноти време. Тој го направил своето деби за Серија А за Милан против Киево на 13 март 2016 година, играјќи ги последните пет минути од натпреварот кој завршил со резултат 0-0.

Емполи[уреди | уреди извор]

На 30 август 2016 година, тој бил позајмен во ФК Емполи[6], играјќи една сезона за клубот, каде одиграл 14 натпревари.

Репрзентативна кариера[уреди | уреди извор]

Бидејќи една од неговите баби била Италијанка, Маури ги исполнил условите за двојно државјанство. И покрај тоа што играл за италијанските младински интернационални екипи, Маури го одбил повикот за настап во италијанскиот тим до 20 години, објавувајќи ја својата желба да ја претставува единствено Аргентина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://soccerway.com/matches/2013/12/04/italy/coppa-italia/parma-fc/as-varese-1910/1568347/
  2. Juve capitulate in Parma“, „Football Italia“, 11 април 2015 (конс. 11 април 2015 г).
  3. Jose Mauri: 'My happiest day'“, „Football Italia“, 11 април 2015 (конс. 12 април 2015 г).
  4. A.C. Milan official statement“, „acmilan.com“, Associazione Calcio Milan, 6 јули 2015 (конс. 6 јули 2015 г).
  5. A.C. Milan S.p.A. bilancio (financial report and accounts) on 31 December 2015 (in Italian), PDF purchased from Italian C.C.I.A.A.
  6. „AC Milan official statement“. acmilan.com. Associazione Calcio Milan. 30 август 2016. http://www.acmilan.com/en/news/first-team/2016-08-30/ac-milan-official-statement. конс. 30 август 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]