Прејди на содржината

Француски франк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пет франци - 1945 година.

Француски франк, ISO 4217 : FRF — поранешно официјално платежно средство во Франција. Се означувал со симболот FF или F и бил поделен на 100 сантими.

Пет сребрени франци - 1821 година, Луј XVIII.

Историјата на францускиот франк досега до раздобјето од 1360 до 1641 година, кога златниците наречени франци првпат биле воведени во Франција. Франкот бил повторно воведен во 1795 година кога ја заменил француската ливра, а бил заменет со евро во 2002 година по стапка од 1 евро = 6,55957 франци.

Во оптек имало монети од 5, 10, 20 сантими и од ½, 1, 2, 5, 10, 20 франци и банкноти од 20, 50, 100, 200 и 500 франци.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]