Марк Олбрајтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марк Олбрајтон
Marc Albrighton
Marc Albrighton cropped.jpg
Лични податоци
Роден на 11 јуни 1989 (1989-18-11) (24 г.)
Роден во Сатон Колдфилд, Англија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Положба крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Астон Вила Астон Вила
Број 12
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009– Астон Вила 78 (7)
2013 Виган Атлетик 4 (0)
Репрезентација
2005 Англија 21 8 (1)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Марк Кевин Олбрајтон (роден на 18 ноември, 1989) е англиски фудбалер кој игра во Премиер лигата за тимот на Астон вила како крилен играч. Неговата најудобна позиција на теренот е на десната страна во средниот ред или како десно крило, но е доволно ефикасен и лево. На 21 декември, 2011 година тој го постигна 20.000-от гол во Премиер Лигата, против тимот на Арсенал.

Клупска кариера[уреди]

Астон Вила[уреди]

Олбрајтон ја започна својата кариера во родниот град во клубот Мајл Оук Монархс, пред да му биде понуден на проби на локалните ривали на Вила Вест Бромвич Албион. Тој беше одбиен од страна на Албион, тогаш последователно потпиша за Вила на возраст од осум години.

По импресивните настапи во тимот под-18 години и играњето за резервите, првиот вкус во сениорскиот тим Олбрајтон го има на 10 Јули, 2008, играјќи 17 минути како замена во 6-0 победата во пријателски меч од пред стартот на сезоната против швајцарскиот Вил.

Олбрајтон дебитира за првиот тим на Вила на стартот од сезоната 2009-10 во Премиер лигата против Виган Атлетик на Вила Парк.

Својот прв професионален погодок на клупско ниво во официјален натпревар, Олбрајтон го постигна на 2 октомври 2010 против Тотенхем со кој му донел водство на својот тим од 1-0 во 16-тата минута, но на крајот Астон Вила загубила со 2-1 на ова гостување.

Своето деби во Премиер лигата го имал во првото коло од сезоната 2009-10, против Виган Атлетик на Вила Парк, појавувајќи се како замена во второто полувреме.[1]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Астон Вила 0–2 Виган: Match Facts“, Sky Sports, 15 август 2009 (конс. 24 септември 2009).