Вилфред Ндиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вилфред Ндиди
Ndidi 20170114.jpg
Лични податоци
Полно име Онјинје Вилфред Ндиди
Роден на 16 декември 1996 (1996-12-16) (25 г.)
Роден во Лагос, Нигерија
Држава Нигерија Нигерија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Лестер Сити Лестер Сити
Број 25
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2017 Генк Генк 61 (4)
2017- Лестер Сити Лестер Сити 159 (7)
Репрезентација
2013-2015 Нигерија Нигерија 20 7 (0)
2015- Нигерија Нигерија 46 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23 април 2021.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 23 април 2021

Вилфред Ндиди (роден на 16 декември 1996 година, во Лагос) — нигериски фудбалер, играч од средниот ред на Лестер Сити и на нигериската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Во мај 2019, Ндиди се оженил со својата долгогодишна девојка Динма Форчјун во Абуџа.[1]

Во 2019 година, Ндиди започнал да студира за диплома за бизнис и менаџмент на Универзитетот Де Монфорт.[2]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Тој претежно игра како дефанзивен играч за врска пред одбраната.[3][4] Тактички дисциплиниран играч подготвен максимално да ја изврши задачата доверена од тренерот,[4] физички силен,[5] максимално борбен,[4] отпорен,[5] а меѓу неговите најсилни страни е враќањето на топката во посед на неговата екипа и силниот удар.[4][6] Доколку е потребно, тој може да игра и како централен дефанзивец.[5]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Генк[уреди | уреди извор]

На 14 јануари 2015, на возраст од 19 години, Ндиди направил трансфер во Европа потпишувајќи за Генк, откако белгискиот клуб му платил 180.000 евра на неговиот дотогашен клуб Нат Бојс Академи од Нигерија. Петтнаесет дена подоцна по комплетирањето на трансферот, Ндиди го направил своето деби за Генк во Белгиската Про лига, во поразот со 1-0 од Шарлероа. Тој ги одигра првите 74 минути од ова гостување, пред да биде заменет од Јарне Вријсен.[7]

За време на натпреварот од плејофот во белгиската лига против Клуб Бриж, Ндиди постигнал гол од далечина, кој подоцна бил прогласен за гол на сезоната во белгиското првенство. Откако добил еден дуел за освојување на топката надвор од шеснаесетникот, тој потоа непречено ја подигнал топката над противничкиот играч пред да упати жесток волеј во горниот десен агол.[8][9] Проценките биле дека топката патувала со над 111 км/ч.[10] Во дресот на Генк тој поминал две години од јануари 2015 до истиот месец 2017, забележувајќи вкупно 83 настапи и 7 голови.

Лестер Сити[уреди | уреди извор]

На 3 декември 2016 година, Генк се согласил да го продаде Ндиди за сума од 17 милиони фунти на Лестер Сити.[11][12] Трансферот бил комплетиран на 5 јануари 2017.[13]

Ндиди го направил своето деби за клубот на 7 јануари 2017 година, во победата со 2–1 против Евертон во третото коло од ФА Купот.[14] Својот прв настап во Премиер лигата го имал на 14 јануари 2017 година, против Челси на домашен терен во поразот од 0–3.[15] Во повторениот натпревар од четвртото коло на ФА Купот против Дарби Каунти на 8 февруари 2017 година, Ндиди влегол во игра во првото продолжение и го постигнал својот прв гол за Лестер со удар од далечина помагајќи му на својот тим да победи со 3-1 и да се пласира во следната рунда.[16] Во победата со 3–1 над Ливерпул на 27 февруари 2017 година, Ндиди освои 11 од неговите 14 дуели,[17] подобар од него во тој сегмент бил само Н'Голо Канте од Челси кој остварил 14 добиени дуели против истиот клуб во јануари.[18]

На 16 декември 2017 година, Ндиди бил исклучен за првпат во својата кариера за време на поразот на лисиците на домашен терен со 3-0 од Кристал Палас.[19] Тој го постигнал првиот гол за сезоната 2019–2020 во ремито против Челси на отворањето на новата сезона во Премиер лигата на 18 август 2019 година.[20] На 13 септември 2020 година, Ндиди го започнал воведниот натпревар на Лестер Сити во Премиер лигата за сезоната 2020-2021 играјќи како централен дефанзивец и помогнал тимот да одржи чиста мрежата во победата со 3–0 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион. Ндиди претрпел повреда на адукторот на 20 септември 2020 година и бил отсутен од 6 до 12 недели.[21] Тој се вратил во акција на 3 декември во поразот на Лестер од Зорија Луганск во Лига Европа.

На 19 јануари 2021 година, Ндиди го постигнал својот прв гол за сезоната 2020-2021 во победата на лисиците со 2-0 над Челси. Победата му помогнала на Лестер да избие на првото место на табелата во првенството.[22] На 15 мај 2021 година, Ндиди го започнал и го одиграл до крај финалето на ФА Купот, во кое Лестер ја освоил титулата совладувајќи го Челси со 1-0 со голот на Јури Тилеманс.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Ндиди со Нигерија против Аргентина

Како тинејџер, тој бил повикан да игра за репрезентацијата на Нигерија под 17 години. Сепак, додека го играше африканското првенство за играчи под 17 години со Нигерија, тој бил исклучен заедно со уште двајца играчи од натпреварувањето како мерка на претпазливост, по тестот за возраста на МНР што сугерирал дека е малку над прагот.[23]

Како и да е, тој се придружил на своите соиграчи во тимот под 20 години следната година, формирајќи ја основата на средниот ред. Тој бил повикан во сениорската репрезентација на Нигерија на 8 октомври 2015 година, дебитирајќи на пријателскиот натпревар против ДР Конго и играјќи повторно неколку дена подоцна во победата од 3-0 против Камерун, кога го заменил Џон Оби Микел во 63-тата минута.[24]

Во 2016 година, тој бил избран на поширокиот список од 35 играчи за Летните олимписки игри 2016.[25] Сепак, тој не се нашол на конечниот список на играчи кои настапиле на турнирот.

Во мај 2018 година, тој бил избран во поширокиот состав од 30 играчи на Нигерија за Светското првенство 2018 во Русија.[26] Ги одиграл сите три натпревари на својата земја во групната фаза.

Следната година, тој бил вклучен во тимот на Super Eagles кои настапил на Африканскиот куп на нации 2019.[27] Ндиди ги одиграл сите натпревари помагајќи и на Нигерија да го освои третото место.

На 25 декември 2021 година, Ндиди бил избран во 28-члениот тим на Нигерија за Африканскиот куп на нации 2021 од страна на привремениот селектор Аугустин Егуавон.[28]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Нигерија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
8-10-2015 Визе ДР Конго ДР Конго 2 – 0 Нигерија Нигерија Пријателска - влегол во игра 83'
11-10-2015 Брисел Нигерија Нигерија 3 – 0 Камерун Камерун Пријателска - влегол во игра 63'
31-5-2016 Луксембург Луксембург Луксембург 1 – 3 Нигерија Нигерија Пријателска - влегол во игра 63'
3-9-2016 Ујо Нигерија Нигерија 1 – 0 Танзанија Танзанија Квал. за АФКОН 2017 - влегол во игра 63'
9-10-2016 Ндола Замбија Замбија 1 – 2 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2018 -
12-11-2016 Ујо Нигерија Нигерија 3 – 1 Алжир Алжир Квал. за СП 2018 - влегол во игра 83'
23-3-2017 Лондон Нигерија Нигерија 1 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска -
1-6-2017 Сен-Ле-ла-Форе Нигерија Нигерија 3 – 0 Того Того Пријателска - заменет 58'
10-6-2017 Ујо Нигерија Нигерија 0 – 2 Јужна Африка Јужна Африка Квал. за АФКОН 2019 -
1-9-2017 Ујо Нигерија Нигерија 4 – 0 Камерун Камерун Квал. за СП 2018 -
4-9-2017 Јаунде Камерун Камерун 1 – 1 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2018 -
7-10-2017 Ујо Нигерија Нигерија 1 – 0 Замбија Замбија Квал. за СП 2018 -
10-11-2017 Константин Алжир Алжир 1 – 1 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2018 -
14-11-2017 Краснодар Аргентина Аргентина 2 – 4 Нигерија Нигерија Пријателска -
23-3-2018 Вроцлав Полска Полска 0 – 1 Нигерија Нигерија Пријателска -
27-3-2018 Лондон Нигерија Нигерија 0 – 2 Србија Србија Пријателска - заменет 85'
6-6-2018 Швехат Нигерија Нигерија 0 – 1 Чешка Чешка Пријателска -
16-6-2018 Калининград Хрватска Хрватска 2 – 0 Нигерија Нигерија СП 2018 - Прва фаза -
22-6-2018 Волгоград Нигерија Нигерија 2 – 0 Исланд Исланд СП 2018 - Прва фаза -
26-6-2018 Санкт Петербург Нигерија Нигерија 1 – 2 Аргентина Аргентина СП 2018 - Прва фаза -
8-9-2018 Викторија Сејшели Сејшели 0 – 3 Нигерија Нигерија Квал. за АФКОН 2019 -
11-9-2018 Монровија Либерија Либерија 1 – 2 Нигерија Нигерија Пријателска - заменет 46'
13-10-2018 Кадуна Нигерија Нигерија 4 – 0 Либија Либија Квал. за АФКОН 2019 - добил жолт картон во 25-тата минута 25'
16-10-2018 Сфакс Либија Либија 2 – 3 Нигерија Нигерија Квал. за АФКОН 2019 - добил жолт картон во 90+2-тата минута 90+2'
23-3-2019 Асаба Нигерија Нигерија 3 – 1 Сејшели Сејшели Квал. за АФКОН 2019 -
26-3-2019 Асаба Нигерија Нигерија 1 – 0 Египет Египет Пријателска -
16-6-2019 Исмаилија Нигерија Нигерија 0 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска -
22-6-2019 Александрија Нигерија Нигерија 1 – 0 Бурунди Бурунди Африкански куп на нации 2019 - Прва фаза -
26-6-2019 Александрија Нигерија Нигерија 1 – 0 Гвинеја Гвинеја Африкански куп на нации 2019 - Прва фаза -
30-6-2019 Александрија Мадагаскар Мадагаскар 2 – 0 Нигерија Нигерија Африкански куп на нации 2019 - Прва фаза - влегол во игра 46'
6-7-2019 Александрија Нигерија Нигерија 3 – 2 Камерун Камерун Африкански куп на нации 2019 - Осминафинале -
10-7-2019 Каиро Нигерија Нигерија 2 – 1 Јужна Африка Јужна Африка Африкански куп на нации 2019 - Четвртфинале -
14-7-2019 Каиро Алжир Алжир 2 – 1 Нигерија Нигерија Африкански куп на нации 2019 - Полуфинале -
17-7-2019 Каиро Тунис Тунис 0 – 1 Нигерија Нигерија Африкански куп на нации 2019 - за 3. место - добил жолт картон во 18-тата минута 18'
13-10-2019 Сингапур Бразил Бразил 1 – 1 Нигерија Нигерија Пријателска - добил жолт картон во 87-мата минута 87'
13-11-2019 Ујо Нигерија Нигерија 2 – 1 Бенин Бенин Квал. за АФКОН 2021 -
17-11-2019 Масеру Лесото Лесото 2 – 4 Нигерија Нигерија Квал. за АФКОН 2021 -
27-3-2021 Котону Бенин Бенин 0 – 1 Нигерија Нигерија Квал. за АФКОН 2021 -
30-3-2021 Абеокута Нигерија Нигерија 3 – 0 Лесото Лесото Квал. за АФКОН 2021 -
4-6-2021 Винер Нојштат Нигерија Нигерија 0 – 1 Камерун Камерун Пријателска -
8-6-2021 Винер Нојштат Камерун Камерун 0 – 0 Нигерија Нигерија Пријателска -
3-9-2021 Лагос Нигерија Нигерија 2 – 0 Либерија Либерија Квал. за СП 2022 -
13-11-2021 Монровија Либерија Либерија 0 – 2 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2022 -
16-11-2021 Лагос Нигерија Нигерија 1 – 1 Зелен ’Рт Зелен ’Рт Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 17-тата минута 17'
11-1-2022 Гаруа Нигерија Нигерија 1 – 0 Египет Египет Африкански куп на нации 2021 - Прва фаза -
15-1-2022 Гаруа Нигерија Нигерија 3 – 1 Судан Судан Африкански куп на нации 2021 - Прва фаза -
19-1-2022 Гаруа Гвинеја-Бисао Гвинеја-Бисао 0 – 2 Нигерија Нигерија Африкански куп на нации 2021 - Прва фаза -
23-1-2022 Гаруа Нигерија Нигерија 0 – 1 Тунис Тунис Африкански куп на нации 2021 - Осминафинале -
Вкупно Настапи 48 Голови 0

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 27 јануари 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
јан.-јун. 2015 Белгија Генк ПЛ 1+5[29] 0 КБ 0 0 - - - - - - 6 0
2015-2016 ПЛ 26+12[29] 1+3 КБ 5 0 - - - - - - 43 4
2016-јан. 2017 ПЛ 19 0 КБ 3 1 ЛЕ 12[30] 2[31] - - - 34 3
Вкупно Генк 46+17 1+3 8 1 12 2 - - 83 7
јан.-јун. 2017 Англија Лестер сити ПЛ 17 2 ФА Куп+ЛК 2+0 1+0 ЛШ 4 0 - - - 24 3
2017-2018 ПЛ 33 0 ФАКуп+ЛК 3+2 1+0 - - - - - - 37 1
2018-2019 ПЛ 38 2 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 40 2
2019-2020 ПЛ 32 2 ФАКуп+ЛК 3+4 0 - - - - - - 39 2
2020-2021 ПЛ 26 1 ФАКуп+ЛК 6+0 0 ЛЕ 4 0 - - - 36 1
2021-2022 ПЛ 13 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 ЛЕ 4 1 КШ 1 0 36 1
Вкупно Лестер Сити 159 7 24 2 12 1 1 0 196 10
Вкупно во кариерата 222 11 32 3 24 3 1 0 279 17

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Англија Лестер Сити[уреди | уреди извор]

2020-2021
2021

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Okoroji, Chidozie (23 May 2019). „Wilfred Ndidi weds longtime girlfriend, Dinma in Abuja“. Brila. Посетено на 26 May 2019.
  2. Taiwo, Taiye (23 August 2019). „Ndidi: Leicester City midfielder studying business and management“. Goal. Посетено на 24 August 2019.
  3. „The 25 Best Defensive Midfielders in World Football - Ranked“. 90Min. 23 March 2021. Посетено на 15 August 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Il Leicester è una delle squadre più interessanti in Europa“. 30 октомври 2019. Посетено на 31 октомври 2019.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Ndidi, primo colpo del Leicester: 15 milioni per il mediano della Nigeria“. Посетено на 3 јануари 2017.
  6. „Watch Leicester's Ndidi score long-range screamer“. UEFA.com. 4 January 2017. Посетено на 18 September 2020.
  7. „Charleri vs. Genk – 31 January 2015 – Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 1 February 2015.
  8. Football Score (20 April 2016). „Wilfred Ndidi Amazing Goal ● KRC Genk vs Club Brugge KV ● Belgium Jupiler League 20/04/2016“ – преку YouTube.
  9. „Hanni is Profvoetballer van het Jaar, ook Preud'homme, Bailey, Sels, Ndidi en Simons bekroond“.
  10. „Footballeur Pro de l'année: Wilfred Ndidi, auteur du plus beau but“.
  11. Seyi Daniels (23 December 2016). „7 FACTS you didn't know about Leicester City new signing Wilfred Ndidi“. soccerblitz.com. Архивирано од изворникот на 24 December 2016. Посетено на 5 January 2017.
  12. „Leicester agree deal to sign Nigeria international Wilfred Ndidi from Genk“. ESPNFC.com. Посетено на 5 January 2017.
  13. „Wilfred Ndidi: New Signing Trains After Finalising Leicester City Transfer“. lcfc.com. 5 January 2017. Посетено на 5 January 2017.
  14. McNulty, Phil (7 January 2017). „Everton 1–2 Leicester City“. BBC Sport. Посетено на 29 January 2017.
  15. „Match Report – Leicester 0–3 Chelsea“. www.lcfc.com (англиски). Leicester City F.C. 14 January 2017. Посетено на 29 January 2017.
  16. „Ndidi first Leicester goal“. espnfc.com. Посетено на 8 February 2017.
  17. Phil Dawkes (27 February 2017), „Leicester City 3–1 Liverpool“, BBC Sport, Посетено на 3 June 2017
  18. Colin Udoh (28 February 2017), Leicester dynamo Wilfred Ndidi has potential to surpass N'Golo Kante, ESPN FC, Посетено на 3 June 2017
  19. Shina Oludare (16 December 2017), Birthday boy Ndidi gets first career red against Crystal Palace, GOAL.COM, Посетено на 17 December 2017
  20. „Chelsea Vs Leicester“. Premier League.
  21. „Rodgers Confirms Wilfred Ndidi Injury“. www.lcfc.com (англиски). 23 September 2020. Посетено на 27 October 2020.
  22. „Leicester City moved to the top of the Premier League table and increased the pressure on struggling Chelsea manager Frank Lampard with an impressive victory at The King Power Stadium“. BBC Sport. 19 January 2021. Посетено на 4 May 2021.
  23. Baffour, Katherine (15 April 2013). „Three Nigerian Footballers Caught Age Cheating“.
  24. „Nigeria v Cameroon Live Commentary & Result, 11/10/2015, Friendlies - Goal.com“.
  25. Oluwashina Okeleji (24 June 2016). „Kelechi Iheanacho included in Nigeria's Olympics squad“. BBC Sport. Посетено на 25 June 2016.
  26. Crawford, Stephen (4 June 2018). „Revealed: Every World Cup 2018 squad - Final 23-man lists“. Goal. Посетено на 11 July 2019.
  27. Shittu, Ibitoye (11 June 2019). „AFCON 2019: Iwobi, Ndidi, 18 other Nigerian stars who will be making debut“. Legit.ng. Посетено на 11 July 2019.
  28. Football, CAF-Confedération Africaine du. „Eguavoen announces Nigeria final TotalEnergies AFCON squad“. CAFOnline.com (англиски). Посетено на 2022-01-23.
  29. 29,0 29,1 Плејоф
  30. 6 настапи во квалификациските кола.
  31. 2 гола во квалификациските кола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]