Келечи Ихеаначо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Келечи Ихеаначо
Лични податоци
Полно име Келечи Промис Ихеаначо[1]
Роден на 3 октомври 1996(1996-10-03)(27 г.)[2]
Роден во Овери, Нигерија
Држава Нигерија Нигерија
Висина &100000000000001850000001,85 м[3]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Лестер Сити Лестер Сити
Број 14
Младинска кариера
Таје Академиja
Манчестер Сити Манчестер Сити
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2017 Манчестер Сити Манчестер Сити 46 (12)
2017- Лестер Сити Лестер Сити 90 (18)
Репрезентација
2013-2015 Нигерија Нигерија 17 7 (8)
2015-2017 Нигерија Нигерија 20 2 (0)
2015- Нигерија Нигерија 31 (9)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23 април 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 23 април 2021

Келечи Ихеаначо (роден на 3 октомври 1996 година, во Овери) — нигериски фудбалер, напаѓач на Лестер Сити и на нигериската репрезентација.

Ихеаначо ја започнал својата сениорска кариера во екипата на Манчестер Сити за време на сезона 2015–2016.[4][5][6] Во 2017 година, тој потпишал за Лестер Сити кој го платил 25 милиони фунти.

Ихеаначо ја претставувал својата родна Нигерија во младинските репрезентации. Тој бил дел од составот на репрезентацијата која го освоила Светското првенство под 17 години 2013 и репрезентацијата под 20 години која настапила на Светско првенство под 20 години 2015. Своето деби за сениорската репрезентација го направил во 2015 година, и играл на Светското првенство 2018.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ихеаначо е роден на 3 октомври 1996 во градот Овери, во сојузната држава Имо. Тој е едно од четирите деца (три момчиња и едно девојче) на Елдер (татко) и Лејт (мајка), и нивниот најмлад син.[7]

Ихеаначо е етнички Игбо.[8]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Левоног фудбалер кој може да игра неколку позиции во нападот, како офанзивно крило во 4-3-3, или како втор напаѓач ако најофанзивната линија во тимот е составена од двајца играчи. Со доаѓањето на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, во отсуство на првиот напаѓач Серхио Агуеро, тој го користел Ихеаначо како централен напаѓач односно таканаречена лажна деветка.

Се одликува со добра техника и е тежок противник за чување особено ќе насобере брзина и има отворен простор да игра еден на еден.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Својата кариера ја започнал во академијата Таје во градот Овери, во својата родна Нигерија.[9] Вниманието кон себе го свртел со својте настапи на Светското првенство под 17 години 2013, кога привлекол интерес на голем број клубови од Европа. Во декември 2012 година, тој потпишал преддоговор со англискиот клуб Манчестер Сити кој ја победил конкуренцијата за негово доведување, според кој Ихеаначо официјално би требало да му се приклучи на клубот во октомври 2014 година - кога ќе наполни 18 години.[10]

Манчестер Сити[уреди | уреди извор]

Ихеаначо со Манчестер Сити во 2015.

Ихеаначо му се приклучил на Манчестер Сити на 10 јануари 2015. Во текот на сезоната 2014-2015, играл само за младите тимови под 19 и под 21 година, но затоа веќе следната сезона бил унапреден во првиот тим.

Дебитирал на 29 август против Вотфорд во натпревар од Премиер лигата, заменувајќи го Рахим Стерлинг последната минута.[11] Својот прв гол во дресот на Манчестер Сити го постигнал на 12 септември 2015 против Кристал Палас, повторно влегувајќи од клупата за резерви на местото на Вилфред Бони;[12] голот бил единствениот виден на тој натпревар и се покажал победнички за небесно сините од Манчестер. Добрите игри му донеле поголема минутажа и улога во тимот, а тој вратил со уште голови. На 30 јануари 2016, Ихеаначо го постигнал својот прв хет-трик во кариерата против Астон Вила во ФА Купот во победата со 4-0, во која тој исто така забележил и асистенција за четвртиот гол.[13] Својата прва професионална сезона ја завршил со 8 гола во Премиер лигата и вкупно 14 голови во сите натпреварувања.

Следната сезона под водството на Пеп Гвардиола, Ихеаначо му помогнал на Сити да го победи Манчестер Јунајтед со 1-2 на Олд Трафорд во Дербито на Манчестер, постигнувајќи го победничкиот погодок за својот тим; претходно тој, исто така, бил и асистент за првиот гол на граѓаните.[14] Само четири дена подоцна, влегувајќи од клупата за резерви тој го постигнал својот прв погодок во Лигата на шампионите во победата со 4-0 над Борусија Менхенгладбах. Веќе во следниот натпревар со голот кој го постигнал во победата со 4-0 над Борнмут, тој влегол во историјата како еден од малкуте играчи кој успеале да постигнат 10 гола во Премиер лигата пред да наполнат 20 години. Својата авантура со Манчестер Сити ја завршил во летото 2017, забележувајќи вкупно 63 настапи и 21 гол во првенството, националните купови и европските натпреварувања.

Лестер Сити[уреди | уреди извор]

На 3 август 2017, се преселил во Лестер Сити во трансфер вреден 25 милиони фунти.[15] Осум дена подоцна дебитирал за лисиците против Арсенал, во поразот со 4-3.[16] Својот прв гол го постигнал против Лидс Јунајтед во Лига купот на 24 октомври 2017,[17] а првиот гол во Премиер лигата во дресот на Лестер го постигнал на 10 март 2018 во победата со 4-1 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион.

Во првите три сезони, Ихеаначо воглавно бил резерва за првата ѕвезда на клубот Џејми Варди, многу ретко започнувајќи ги натпреварите во почетната постава. Така, тој најчесто играл во куповите каде редовно постигнувал голови. Сепак, за време на сезоната 2020-2021, Варди се повредил и пропуштил неколку натпревари во јануари и февруари и Ихеаначо ја искористил својата шанса: тој го постигнал својот прв гол за сезоната во Премиер лигата во победата со 2-0 над Фулам. Осум дена подоцна тој го постигнал единствениот гол во победата со 1-0 над Брајтон, во петтото коло на ФА Купот. Првиот хет-трик за Лестер го постигнал против Шефилд Јунајтед на 14 март 2021,[18] а седум дена подоцна со два гола и една асистенција му помогнал на Лестер да го елиминира Манчестер Јунајтед од ФА Купот со победа од 3-1. На 18 април 2021, тој бил стрелец на единствениот гол во победата со 1-0 над Саутхемптон во полуфиналето на ФА Купот одиграно на Вембли. Победата ги одвела лисиците во нивното прво финале на ФА Купот од 1969 година.[19] На 26 април го постигнал својот 10-ти гол во Премиер лигата за сезоната, во победата со 2-1 на домашен терен над Кристал Палас.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Ихеаначо со Нигерија во 2017

Во 2013 година, Ихеаначо бил повикан да игра за нигериската репрезентација под 17 години на Светското првенство за играчи на спомената возраст, кое оваа репрезентација го освоила. Со 6 гола на 7 натпревари, тој исто така бил номиниран за најдобар играч на турнирот.

Во 2015 година, учествувал на Светското првенство под 20 години со соодветната репрезентација, излегувајќи на теренот само во два наврати.

Во октомври истата година тој бил повикан од селекторот на сениорска репрезентација, Сандеј Олисех. Своето деби го направил на 13 ноември, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 66-тата минута од натпреварот против Есватини во квалификациите за СП 2018, кој завршил 0-0. Неговиот прв старт за сениорскиот тим го имал на 25 март 2016 година, во ремито 1-1 со Египет во квалификациски натпревар за Африканскиот куп на нации 2017.[20] На 27 мај 2016, го постигнал својот прв гол во дресот со националниот грб во пријателски натпревар против Мали кој завршил 1-0 за Орлите.

Во 2018 година, бил повикан од селекторот Гернот Рор во составот од 23 играчи за Светското првенство 2018. Тој играл во сите три натпревари од групата против Хрватска, Исланд и Аргентина, но неговата репрезентација била елиминирана уште во првата фаза на мундијалот во Русија.

На 25 декември 2021, Ихеаначо бил повикан во составот на репрезентацијата од вршителот на должноста селектор на Нигерија, Остин Егуавон, за Африканскиот куп на нации 2021.[21] Тој го постигнал првиот гол за нигеријците на турнирот, и тој се покажал како победнички во успехот со 1-0 над Египет во првиот натпревар од групата.[22]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Нигерија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
13-11-2015 Лобамба Свазиленд Свазиленд 0 – 0 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 66'
25-3-2016 Кадуна Нигерија Нигерија 1 – 1 Египет Египет Квал. за АКН 2017 - заменет 62'
27-5-2016 Ле Пети Кевији Нигерија Нигерија 1 – 0 Мали Мали Пријателска 1 влегол во игра 74'
31-5-2016 Луксембург Луксембург Луксембург 1 – 3 Нигерија Нигерија Пријателска 1
3-9-2016 Ујо Нигерија Нигерија 1 – 0 Танзанија Танзанија Квал. за АКН 2017 1
9-10-2016 Ндола Замбија Замбија 1 – 2 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2018 1
12-11-2016 Ујо Нигерија Нигерија 3 – 1 Алжир Алжир Квал. за СП 2018 -
23-3-2017 Лондон Нигерија Нигерија 1 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска 1
1-6-2017 Сен-Ле-ла-Форе Нигерија Нигерија 3 – 0 Того Того Пријателска 1 заменет 70'
10-6-2017 Ујо Нигерија Нигерија 0 – 2 Јужна Африка Јужна Африка Квал. за АКН 2019 - заменет 71'
1-9-2017 Ујо Нигерија Нигерија 4 – 0 Камерун Камерун Квал. за СП 2018 1 влегол во игра 61'
4-9-2017 Јаунде Камерун Камерун 1 – 1 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 80'
10-11-2017 Константин Алжир Алжир 1 – 1 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2018 -
14-11-2017 Краснодар Аргентина Аргентина 2 – 4 Нигерија Нигерија Пријателска 1 добил жолт картон во 16-тата минута 16' заменет 70'
23-3-2018 Вроцлав Полска Полска 0 – 1 Нигерија Нигерија Пријателска - заменет 82'
28-5-2018 Порт Харкурт Нигерија Нигерија 1 – 1 ДР Конго ДР Конго Пријателска - заменет 46'
2-6-2018 Лондон Англија Англија 2 – 1 Нигерија Нигерија Пријателска - влегол во игра 77'
16-6-2018 Калининград Хрватска Хрватска 2 – 0 Нигерија Нигерија СП 2018 - Прва фаза - влегол во игра 75'
22-6-2018 Волгоград Нигерија Нигерија 2 – 0 Исланд Исланд СП 2018 - Прва фаза - заменет 85'
26-6-2018 Санкт Петербург Нигерија Нигерија 1 – 2 Аргентина Аргентина СП 2018 - Прва фаза - заменет 46'
8-9-2018 Викторија Сејшели Сејшели 0 – 3 Нигерија Нигерија Квал. за АКН 2019 - добил жолт картон во 59-тата минута 59' заменет 64'
11-9-2018 Монровија Либерија Либерија 1 – 2 Нигерија Нигерија Пријателска - влегол во игра 46'
17-11-2018 Јоханесбург Јужна Африка Јужна Африка 1 – 1 Нигерија Нигерија Квал. за АКН 2019 - заменет 69'
20-11-2018 Асаба Нигерија Нигерија 0 – 0 Уганда Уганда Пријателска - влегол во игра 88'
9-10-2020 Клагенфурт Нигерија Нигерија 0 – 1 Алжир Алжир Пријателска - влегол во игра 67'
13-10-2020 Абуџа Нигерија Нигерија 1 – 1 Тунис Тунис Пријателска 1 добил жолт картон во 76-тата минута 76'
13-11-2020 Бенин Сити Нигерија Нигерија 4 – 4 Сиера Леоне Сиера Леоне Квал. за АКН 2021 - влегол во игра 62'
17-11-2020 Фритаун Сиера Леоне Сиера Леоне 0 – 0 Нигерија Нигерија Квал. за АКН 2021 - заменет 84'
27-3-2021 Котону Бенин Бенин 0 – 1 Нигерија Нигерија Квал. за АКН 2021 - заменет 46'
30-3-2021 Абеокута Нигерија Нигерија 3 – 0 Лесото Лесото Квал. за АКН 2021 - заменет 85'
Вкупно Настапи 30 Голови 9

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 22 април 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2015-2016 Англија Манчестер Сити ПЛ 26 8 ФАКуп+ЛК 3+2 4+2 ЛШ 4 0 - - - 35 14
2016-2017 ПЛ 20 4 ФАКуп+ЛК 3+2 1+0 ЛШ 4[23] 2[24] - - - 28 7
Вкупно Манчестер Сити 46 12 10 7 8 2 - - 64 21
2017-2018 Англија Лестер Сити ПЛ 21 3 ФАКуп+ЛК 5+2 4+1 - - - - - - 28 8
2018-2019 ПЛ 30 1 ФАКуп+ЛК 1+4 0+1 - - - - - - 35 2
2019-2020 ПЛ 20 5 ФАКуп+ЛК 2+4 1+4 - - - - - - 26 10
2020-2021 ПЛ 19 9 ФАКуп+ЛК 5+1 4+0 ЛЕ 7 3 - - - 32 16
Вкупно Лестер Сити 90 18 24 15 7 3 - - 121 36
Вкупно во кариерата 136 30 34 22 15 5 - - 185 57

Рекорди[уреди | уреди извор]

  • Африкански играч со најмногу постигнати голови во историјата на ФА Купот: 14.[25]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Сити[уреди | уреди извор]

2015-2016

Англија Лестер Сити[уреди | уреди извор]

2020-2021
2021

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Нигерија Нигерија под 19 години[уреди | уреди извор]

2013

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Cup Russia 2018: List of Players: Nigeria“ (PDF). FIFA. 15 July 2018. стр. 19. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 June 2019.
  2. „Kelechi Iheanacho: Overview“. ESPN. Посетено на 14 April 2021.
  3. „Kelechi Iheanacho: Overview“. Premier League. Посетено на 14 April 2021.
  4. „Iheanacho in City's first team squad next season“. Football. Архивирано од изворникот на 18 June 2015.
  5. Rob Pollard. „Why Kelechi Iheanacho Will Be the Next Star to Come Through Man City's Academy“. Bleacher Report.
  6. „Kelechi Iheanacho scores brace in Manchester United U21 defeat“. Goal.com.
  7. Hale Hendrix. „Kelechi Iheanacho Childhood Story“. Посетено на 25 април 2021.
  8. „Reason Why 'Ịheanachọ' Has Two Dots Under His Name“. CheapGoals (англиски). 16 February 2018. Посетено на 12 April 2021.
  9. „Kelechi Iheanacho: Profile“. worldfootball.net. HEIM:SPIEL. Посетено на 14 April 2021.
  10. „Transfer news: Manchester City deal for Kelechi Iheanacho claimed“. Sky Sports. 10 January 2014. Посетено на 20 June 2015.
  11. Bevan, Chris (29. 8. 2015). „Man City 2–0 Watford“. BBC Sport. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. Cryer, Andy (12. 9. 2015). „Crystal Palace 0–1 Man City“. BBC Sport. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. „Aston Villa 0–4 Man City“. BBC Sport. 30. 1. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. „Iheanacho pleased with derby heroics“. supersport.com. Посетено на 12 September 2016.
  15. „Leicester City Sign Striker Kelechi Iheanacho“. Leicester City F.C. 3. 8. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  16. „Arsenal 4–3 Leicester City“. BBC Sport. 11. 8. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  17. „Leicester 3–1 Leeds“. BBC. 24. 10. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  18. „Kelechi Iheanacho hits hat-trick as Leicester thrash sorry Sheffield United“. The Guardian. 14. 3. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  19. McNulty, Phil (18 April 2021). „Leicester City 1-0 Southampton: Kelechi Iheanacho earns Foxes first FA Cup final spot since 1969“. BBC Sport. Посетено на 18 April 2021.
  20. „Nigeria 1 – 1 Egypt Match report – 3/25/16 Africa Cup of Nations Qualification“. Goal. Посетено на 27 March 2016.
  21. Football, CAF-Confedération Africaine du. „Eguavoen announces Nigeria final TotalEnergies AFCON squad“. CAFOnline.com. Посетено на 11 January 2022.
  22. „[LIVE] Nigeria vs Egypt: Iheanacho's goal puts impressive Super Eagles ahead at half time“. Punch Newspapers. 11 January 2022. Посетено на 11 January 2022.
  23. 1 настап во плејофот
  24. 0 голови во плејофот
  25. „Kelechi Iheanacho breaks Didier Drogba's FA Cup record“. 21 март 2021. Посетено на 26 април 2021. Занемарен непознатиот параметар |publihser= (се препорачува |publisher=) (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]