Франсвил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франсвил
Масуку
Franceville.jpg
Франсвил се наоѓа во Габон
Франсвил
Локација во Габон
Координати: 1°38′ ЈГШ 13°35′ ИГД / 
Држава  Габон
Покраина Горно Огове
Департман Мпаса
Население (2013 census)
 • Вкупно 110.568

Франсвил (на француски Franceville) е еден од четирите најголеми градови во Габон со население од 110.568 жители (2013). Градот се наоѓа на реката Мпаса, на крајот на трансгабонската железница и Магистралата N3. Старото име му е Масуку (Masuku), но во 1880 г. Саворњан де Браза (Savorgnan de Brazza) го пронашол градот и го сменил името во Франсвил.

Меѓу забележителностите на градот се Црквата „Света Хилер“ (изградена во 1899), големата статуа на Омар Бонго и институтот за медицинско проучување на приматите. Во града има игралишта за голф, додека аеродромот е на 20 километри западно, во Мвенге. Во градот постои пазар каде може да се купат голем број предмети, вклучувајќи облека, овошје и зеленчук, електроника, месо, а исто така се продава и дивеч, кој вклучува африкански питон, мајмуни и локалните видови на животни.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]