Мајмун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на овој поим, видете Мајмун (појаснување).
Мајмун
Monkey batu.jpg
Макаки мајмун (Macaca fascicularis)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Подред: Haplorrhini
Инфраред: Simiiformes
Фамилија

-{Cebidae}-
-{Aotidae}-
-{Pitheciidae}-
-{Atelidae}-
-{Cercopithecidae}-

Приближна светска дистрибуција на мајмуните

Мајмун е име за неколку различни животински видови од редот примати, кој спаѓа во класата на цицачи. Тоа не е систематски термин. Редот на приматите може да се подели во две групи: во првата се вбројуваат сите полумајмуни (Prosimii), а во другата вистинските мајмуни, човеколиките мајмуни и луѓето (Anthropoidea). Во потесна смисла, терминот „мајмун“ би се однесувал за вистинските и човеколиките мајмуни (но не е грешно и ако се вклучат полумајмуните, бидејќи самиот термин не е монофилетска група). Во поширока смисла на зборот, мајмун би бил термин за кој било вид на примат, освен човекот и неговите непосредни претци.

Општи особини[уреди | уреди извор]

Лицето на мајмуните е главно без влакна и е со развиена мускулатура која ја овозможува мимиката, која е важна за меѓусебната комуникација. Сетилото за мирис е послабо развиено. Забите се од бунодонтен тип. Стопалата се зарамнети, сите екстремитети се петточлени, а на врвот на прстите се наоѓаат широки, зарамнети и орожнати нокти. Првиот прст (палец) и на предните, а и на задните екстремитети им опонира на останатите, што е адаптација кон подобро прифаќање на предметите (прилагодување за живот на дрво). Женката има само еден пар на млечни жлезди кои се сместени на градите. Матката е едноставна, а плацентата е дискоидална. Бројот на родените млади е мал, а најчесто изнесува едно младенче.
Мајмуните се одликуваат со висока интелигенција и со развиени моторички способности, т.е. тие се во состојба да извршуваат сложени работи и да решаваат тешки проблеми. На пример, во 2015 година, весникот „Пекинг њуз“ објавил дека кинеската армија обучила пет мајмуни-мажјаци од видот „резус“, со цел да помогнат во уништувањето на гнездата на птиците, кои претставувале опасност за воените авиони. Претходно, мајмуните биле подложени на обука во траење од три месеци.[1]

Еволуција[уреди | уреди извор]

Од самото име на редот се заклучува дека се работи за најсовршените цицачи. Приматите се многу стара група која во текот на Терциер се одвоила од своите сродници. Притоа се сочувале многу примитивни карактеристики кои се слични на оние од инсектојадите и другите примитивни цицачи. Многу други групи на цицачи, како копитарите, неспоредливо помалку ја менувале својата организација во текот на еволуцијата. Единствено мозокот кај приматите достигнал неспоредливо повисок степен на организација за разлика од останатите животни. Кај мајмуните, големиот мозок е силно развиен, а мозочната кора е доста набрана.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Одред мајмуни во кинеската армија се бори против птици“, Дневник, година XIX, број 5856, четврток, 3 септември 2015, стр. 21.