Гнездо
Гнездото претставува живелиште за животни кое служи за несење јајца и одгледување на подмладокот. Вообичаено е направено од органски материјали како: гранчиња, листови, кал, трева и сл., но може да биде и едноставна дупка во земјата, во дрвјата, карпите или на згради. Материјалите изработени од човекот, како што се: пластика, хартија, платно, коса, може да се искористат за правење гнездо. Секој вид има сопствен стил на градење гнездо. Може да се сретнат во различни живеалишта. Примарно, гнезда градат птиците, но може да бидат изградени и од други животни: цицачи (на пр. верверици), риби, инсекти (оси, термити, пчели), влекачи (змии, желки) итн. Поривот за создавање и градење гнездо произлегува од инстинктот за размножување кај животните.
Птичји гнезда[уреди | уреди извор]
Повеќето видови птици градат разни видови гнезда, но има и такви кои ги снесуваат јајцата незаштитено, директно на земја. Видовите гнезда варираат од многу едноставни, речиси воопшто необложени дупки во земјата, до совршено изградени сложени конструкции. Некои птици градат гнезда на дрвја, други на гребени и карпи, трети на вода, итн. Може да ги содржат некои или сите елементи: структурен слој, сврзувачки материјали, надворешна декорација и постава.
Сателитски гнезда[уреди | уреди извор]
Покрај основното гнездо, некои организми градат и сателитски гнезда. Тие можат да бидат сместени на променливи растојанија. Овие гнезда се користат како обезбедување од предаторите и паразитите. Ако основното гнездо е нападнато, ќе има некои членови на гнездото коишто може да преживеат во сателитското гнездо.
Гнездото како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
Гнездото се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Гнездо“ - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[1]
- „Гнездото на сколовранецот крај мојот прозорец“ (The Stare's Nest by my Window) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[2]
- „Гнездо во брановите“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
Литература[уреди | уреди извор]
- Hansell, Bird nests and construction behaviour, CUP 2005, ISBN 0-521-01764-5
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Гнезда — Еаrthlifе
Ernest Ingersoll. (1920). „Nidification (англиски)“. Енциклопедија „Американа“.
Ernest Ingersoll. (1920). „Fishes, Nest-making by (англиски)“. Енциклопедија „Американа“.
|