Интелигенција или интелект — поим со кој го опишуваме квалитетот на умот што опкружува и многу други способности, како капацитетот за разум, за планирање, за решавање проблеми, за размислување апстрактно, да се здобиваме со идеи, да го користиме јазикот и за учење. Има повеќе начини со кои можеме да го дефинираме поимот интелигенција. Во некои случаии, интелигенцијата може да вклучува особини како креативност, личност, карактер, знаење или мудрост. Како и да е, повеќето психолози не сакаат да ги вклучуваат овие особини во дефинирањето на интелигенцијата. Постојат неколку коефициенти на интелектуалност:
Екстремно ниска интелигенција (до 70)
Незабележително интелигентен (70-90)
Нормално развиена интелигенција (90-110)
Натпросечно ниво (110-130)
Високоинтелигентен (130 и повеќе)
Интелигенцијата како мотив во популарната музика[уреди | уреди извор]
„Вонземска интелигенција“ (англиски: E.T.I. (Extra Terrestrial Intelligence)) — песна на американската рок-група Блу ојстер калт (Blue Öyster Cult) од 1976 година.[1]