План

Од Википедија — слободната енциклопедија

Плановите се карти со крупен размер. Тие се изработуваат во размер 1:100 до 1:1000, а најчесто во размер 1:1000 до 1:5000. На овие карти се прикаќани помали површини или објекти, како село, град, лозови насади, овоштарници и др. Плановите се најпрецизни карти. Така, на пример, во плановите на градовите се внесени сите улици и позначајни објекти како: болници, музеи, театри, училишта, хотели, административни објекти и др. На овие карти нема мрежа од напоредници и меридијани ниту, пак, е прикажан релјефот.