Инсектојади

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шумски еж

Инсектојади (insectivorous) се мала група месојадци кои се хранат со инсекти.[1] Алтернативен назив e ентомфагија[2], што се однесува и на луѓе кои јадат инсекти.

Овде спаѓаат ежовите, кртовите, ровките и некои помалку познати животни, како што се тенреците и влакнестите ежови. Многу инсектојади се ноќни животни. Тие излегуваат ноќе во потрага по храна. Имаат долги рилки и многу силно сетило за мирис со чија помош го наоѓаат својот плен. Повеќето инсектојади се хранат со инсекти, црви и други мали животни. Но некои ровки можат да убијат и голем плен, како на пример жаба. Едни видови инцектојади се хранат и живеат на површината на земјата, а други, особено кртовите, живеат во подземни дупки. Ровката што наликува на видра и којашто припаѓа на фамилијата тенреци, подолго престојува во вода, токму како и обична видра. Ежовите и некои видови тенреци имаат [[боцки што им служат за заштита. Кожата со непријатен мирис има иста функција кај кртовите и ровките. Поголемите животни, како што се панголинот и јужноафричкиот мравојад, исто така се хранат со инсекти.

Тие ги напаѓаат мравките и термитите, вовлекувајќи ги своите долги и лепливи јазици во нивните гнезда. Некои панголини можат да изедат и до 200.000 мравки за една ноќ. Јужноафриканскиот мравојад и панголинот се ноќни и претежно живеат сами. Тие го користат своето развиено сетило за мирис кога бараат храна. Имаат силни предни нозе кои им користат за разбиvање на гнездата на инсектите, како и за копање на дупки (јужноафриканскиот мравојад), или качување на дрвја (панголини).

Гигантски мравојад

Ако е во опасност панголинот ќе се свитка во топка и боцките го штитат од напаѓачите. За разлика од панголинот, јужноафриканскиот мравојад кога е во опасност, со голема брзина може да се закопа во земја.

Билки инсектојади[уреди | уреди извор]

Drosera capensis се придвижува за да зароби инсект.

Билките инсектојади се хранат делумно или целосно со инсекти[3] кои сами ги заробуваат. Се нарекуваат и месојадни билки, и најчесто растат на тло што е сиромашн осо хранливи материи.[3] Во оваа група спаѓаат Венерина муволовка, неколку видови на цеволовки, видови од родот Pinguicula, Utricularia, Aldrovanda vesiculosa, Brocchinia и други. Овие билки добиваат азот преку инсектите, кои ги ловат на разни начини: со стапица, леплива површина, ситни влакна и слично.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miller, George A. (2009). "WordNet - About Us." : entry on insectivorous. Princeton University. Посетено на 1 април 2010.
  2. Gullan, P. J. & Cranston P. S. (2005). The insects: an outline of entomology (5th Ed). Wiley-Blackwell, ISBN 1-4051-1113-5, ISBN 978-1-4051-1113-3. Ltd preview in Google Books.
  3. 3,0 3,1 3,2 Slack, Adrian; Gate, Jane (2000). Carnivorous Plants. MIT Press. стр. 240. ISBN 9780262690898. |access-date= бара |url= (help)