Човеколики мајмуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Човеколики мајмуни
Период: Доцен олигоцен - денес
Ларски гибон (Hylobates lar)
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Primates
Подред: Haplorrhini
Парворед: Catarrhini
Натфамилија: Hominoidea
Gray, 1825
Фамилии

Hylobatidae
Hominidae
Proconsulidae
Dryopithecidae
Oreopithecidae
Pliopithecidae

Човеколиките мајмуни, хоминоидите или антропоморфидите (латински: Hominoidea, Anthropomorphidae) се надфамилија на тесноносни мајмуни (Catarrhini) чија градба на телото е слична со онаа на човекот.

Според последните антрополошки податоци и општоприфатената теорија за потеклото на видовите, сите мајмуни од Стариот Свет (Catarrhini) се делат на две поголеми надфамилии: кучелики и човеколики мајмуни. Многу анатомски одлики ги одделуваат првите од вторите. За човеколиките мајмуни е најкарактеристично многу покрупното тело, отсуството на опашка, присуството на образните торбички и седалните перничиња (тие постојат и кај гибоните, но се помали). За човеколиките мајмуни е својствен принципиелно различен начин на движење по дрвја: наместо да трчаат по гранките со сите четири екстремитети, тие најчесто се движат на нив само со рацете, под гранките (се придржуваат за нив). Овој начин на движење е познат како брахијација. Приспособувањето на ваков начин на движење по гранки предизвикало низа анатомски промени: пофлексибилни и подолги раце, подвижен раменски зглоб, зарамнување на антериопостериорната оска на градната празнина.

Сите човеколики мајмуни имаат слична градба на забите и покрупен (во однос на кучеликите мајмуни) черепен мозок. Освен тоа, нивниот мозок е и посложен, со високоразвиени оддели одговорни за движењето на јазикот и очите.

Човеколиките мајмуни најпрво се појавиле во Стариот Свет при крајот на олигоцен (пред околу 30 милиони години). Меѓу нивните најпознати претци се проплиопитекусите — примитивни гибоновидни мајмуни од тропските шуми на Ел Фаијум (Египет), кои дале почеток на развитокот на плиопитекусите, гибоните и дриопитекусите. Во миоцен дошло до остро зголемување на бројот и разнообразието на видовите на човеколики мајмуни. Тоа била епохата на расцут на дриопитекусите и други хоминиди, кои пред околу 20-16 милиони години се раселиле од Африка во Европа и Азија. Среде азиските хоминоиди биле и сивапитекусите — претци на орангутаните, чија линија се одделила пред околу 16-13 милиони години. Според податоците на молекуларната биологија, одделувањето на шимпанзата и горилите од заедничкото стебло со човекот се случило пред околу 8-6 милиони години.

Систематика[уреди]

Традиционално се разликуваат три фамилии на човеколики мајмуни: гибони, понгиди (орангутани, горили и шимпанзи) и хоминиди (човекот и неговите претци). Меѓутоа, скорешните биохемиски истражувања укажуваат дека оваа поделба е необјаснива поради сродството меѓу човекот и понгидите е многу блиско. Поради тоа, фамилијата на понгидите денес е вклучена во фамилијата на хоминиди како подфамилија понгини, а некои автори во фамилијата на хоминиди ги вбројуваат уште и гибоните.

Современата систематика на човеколиките мајмуни е следна (зборот ,,род‘‘ не е укажан):

Фосилни човеколики мајмуни[уреди]

Најстарите познати претставници на хоминоиди се камојапитекус (од пред 25 милиони години) и моротопитекус (пред 20,6 милиони години).

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.). уред. „Mammal Species of the World“ (III издание). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 178–184. ISBN 0-801-88221-4. http://www.bucknell.edu/msw3. 
  2. M. Goodman, D. A. Tagle, D. H. Fitch, W. Bailey, J. Czelusniak, B. F. Koop, P. Benson, J. L. Slightom (1990). „Primate evolution at the DNA level and a classification of hominoids“. „Journal of Molecular Evolution“ 30 (3): 260–266. doi:10.1007/BF02099995. PMID 2109087.