Хоминиди

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<div style="position:absolute; height:100%; text-align:center; background-color:; left:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px; width:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px;">С<div style="position:absolute; height:100%; text-align:center; background-color:; left:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px; width:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px;">Д<div style="position:absolute; height:100%; text-align:center; background-color:; left:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px; width:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px;">К<div style="position:absolute; height:100%; text-align:center; background-color:; left:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px; width:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px;">П<div style="position:absolute; height:100%; text-align:center; background-color:; left:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px; width:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px;">Т<div style="position:absolute; height:100%; text-align:center; background-color:; left:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px; width:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px;">Ј<div style="position:absolute; height:100%; text-align:center; background-color:; left:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px; width:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px;">Кр<div style="position:absolute; height:100%; text-align:center; background-color:; left:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px; width:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px;">Пг<div style="position:absolute; height:100%; text-align:center; background-color:; left:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px; width:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px;">Н
Доцен миоцендо денес
Хоминиди
Период: 7–0 мг
<div style="position:absolute; height:100%; text-align:center; background-color:; left:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px; width:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px;">Ҝ
<div style="position:absolute; height:100%; text-align:center; background-color:; left:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px; width:Грешка во изразот: Неочекуван оператор <px;">О
250px
Реконструкција на Australopithecus africanus
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Primates
Подред: Haplorrhini
Инфраред: Simiiformes
Парворед: Catarrhini
Натфамилија: Hominoidea
Фамилија: Hominidae
Gray, 1825
Родови
Синоними
  • Pongidae Elliot, 1913

Хоминидите (латински: Hominidae, познати и како големи човеколики мајмуни[а]) образуваат фамилија во која се класифицирани четири современи родови: шимпанза, горили, луѓе и орангутани.

Порано во оваа група се вбројувале само луѓето и нивните изумрени претци, додека орангутаните, горилите и шимпанзата биле сместувани во одделната фамилија на понгиди. Меѓутоа, при ваквото систематизирање, фамилијата на понгидите станува парафилетска (т. е. не ги вклучува сите видови кои потекнуваат од најблискиот заеднички предок), а денес современата биологија се стреми кон создавање на монофилетски таксони. Затоа, многу биолози денес ги вклучуваат орангутаните во фамилијата на хоминиди како подфамилија Ponginae. Исто така, горилите и шимпанзата најчесто се вклучуваат во подфамилијата Homininae, заедно со луѓето. Токму ваквата систематика е претставена подолу.

Останува отворено прашањето за класификацијата на изумрените хоминиди, како што се претците на човекот, на пример, прашањето за тоа кој изумрен вид да се вклучи во родот луѓе (како што е Homo habilis и др.).

Опис[уреди]

Општи одлики[уреди]

Хоминидите се најголемите современи примати. Тие можат да достигнат тежина од 25 (женски шимпанза) до 200 (машки горили) килограми и висина од околу 1-2 метри. Кај сите видови постои забележлив полов диморфизам: мажјаците се често поголеми и значително потешки од женките, при што машките орангутани и горили тежат двојно повеќе од женките. Имаат робустна градба на телото која се карактеризира со релативно кратко торзо со широк граден дел. Опашка отсуствува (како и кај сите останати човеколики мајмуни). Широката карлица (која се намалила во споредба со таа на четириножните цицачи), бројот на карличните прешлени и малата закривеност на ‘рбетниот столб во крсниот дел доведуваат до делумното зајакнување на држењето на телото, што кај луѓето е најизразено. Начинот на движење кај хоминидите довел до појава на некои морфолошки карактеристики, како начинот на градба на ‘рбетниот столб (кај луѓето во форма на двојно s, а кај другите во форма на единечно s) и карлицата (кај човекот е кратка и широка, додека кај останатите видови е подолга и потесна).

Крзното не е толку густо како кај другите примати; најчесто е црвеникаво и кафеавкасто кај орангутаните, додека кај горилите и шимпанзата е темнокафеаво. Кај луѓето бојата е разновидна и зависи од полот, а постојат и популациски разлики - се забележува редукција на крзното и негово задржување само на некои телесни региони.

Екстремитети[уреди]

Заедно со гибоните, хоминидите (со исклучок на луѓето) се меѓу неколкуте примати кај кои предните екстремитети се подолги од задните. Долгите раце на нечовечките хоминиди се адаптации за суспензорно движење (од гранка на гранка), додека издолжените и специјализирани задни екстремитети на човекот се адаптација за бипедално (двоножно) движење. Раменскиот зглоб, за разлика од другите примати, мигрирал назад со што овозможил издолжување на клучната коска (clavicula) и лопатката (scapula) кон грбната страна (дорзално) - со ова се добила поголема подвижност на рацете. Рацете се многу силни, дланките се големи, постојат извиени прсти (освен кај луѓето) и спротивно поставен палец. Прстите на рацете и стапалата се опремени со нокти. Кај луѓето нема локомотрони раце (наменети за движење), но затоа тие се пофункционални благодарение на тенките прсти и многу подвижните палци потребни за поголема вештост.

Освен кај луѓето, нозете се извиени. Кај луѓето, како резултат на посебниот начин на движење, нозете се исправени и многу подолги од рацете. Стапалото е со закривена основа.

Систематика[уреди]

Фамилијата на хоминиди се дели на две подфамилии со 4 родови и 7 современи видови:

Белешки[уреди]

  • а  „Големи човеколики мајмуни“ е вообичаено име отколку таксономско и постојат разлики во неговата употреба. Суптилно, може да изгледа дека ги исклучува луѓето („луѓе и големи човеколики мајмуни“) или дека ги вклучува („луѓе и нечовечки големи човеколики мајмуни“).