Орангутан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орангутани
Man of the woods.JPG
Суматрански орангутан
Научна класификација
Царство: -{Animalia}-
Колено: -{Chordata}-
Класа: -{Mammalia}-
Ред: -{Primates}-
Семејство: -{Hominidae}-
Потсемејство: -{Ponginae}-
-{Elliot, 1912}-
Род: -{Pongo}-
-{Lacépède, 1799}-
Типски вид
-{Simia pygmaeus}-
-{Linnaeus, 1760}-
Врста

Pongo pygmaeus
Pongo abelii

Карта на распореденост на орангутаните

Орангутан, Pongo е голем човеколики мајмун познат по својата интелигенција, долги раце и црвено-кафеава боја на крзно. Потекнуваат од Индонезија и Малезија. Тие се единствениот преживеан вид од родот Pongo и подродот Ponginae.

Име[уреди | уреди извор]

Името орангутан доаѓа од зборови од индонезискиот и малезискиот јазик orang што значи "човек" hutan што значи "шума" по тоа orang hutan значи шумски човек. Зборот орангутан прв пат бил потврдан на англиски јазик во 1691 година. Во облик Orang-Outang. Името на родот Pongo доаѓа од 16 век од страна на англискиот морнар Андруа Батела кои опишува два човеколики створења како Pongo и Engeco на место кај реката Конго. Денес се верува дека тој ги опишувал горилите, додека во 18 век верувале дека сите големи мајмуни се орангутаните.

Одлики[уреди | уреди извор]

Орангутаните највеќе од времето го трошат на дрво од сите останати големи мајмуни. Секоја вечер прават гнездо од листови и гранки во кое ке спијат. Помалку се друштвени од другите мајмуни , а машките и женските се состануваат само кога се парат. Мајките со малечките остануваат додека малечките не наполнат 6 до 7 години. Женките се високи до 1,3 метри и тежат околу 45 кг. додека зрелите мажјаци се високи околу 1,8 метри и тежат околу 118 кг. мажјаците имаат поголеми дланки за разлика од женките.

Подврсти[уреди | уреди извор]

Борнејски орангутан[уреди | уреди извор]

Борнејски орангутан е попознато од Суматрански орангутан. Тој во дивината има 45.000 единки. Во дивината тие можат да живеаат од 35 до 40 години. Бебињата остануваат со мајките додека не наполнат 8 до 9 години.

Суматрански орангутан[уреди | уреди извор]

Суматрански орангутан е поретка врста од двата вида на орангутани.Ендемска е врста што значи дека живее во индонезискиот остров Суматри. Овие орангутани растат до 1,4 метри и мажјаците тежат до 70 кг. Во дивината можат да живеаат од 35 до 40 години.

Статус[уреди | уреди извор]

Борнејскиот орангутан е најзагрозена врста на животини, додека Суматранскиот орангутан е критично загрозен. Популацијата на борнејскиот орангутан е 50.000 единки ,а Суматранскиот од 7.000 до 7.500 единки. Во последниве десет и повеќе години, уништувањето на живеалиштата на орангутаните со сечење на дрвјата, пожар и др. се намалил бројот на живи орангутани. Поединци научници веруваат дека во 2012 година ќе ги снема орангутаните бидејќи се најзагрозените животни. Некои ловџии ги убиваат мајките орангутани за да им ги земат малите орангутанчиња и да ги користат како милениче.

Борнејски орангутан

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • За орангутаните пишувал и римскиот писател Плиније. Тој ги опишува орангутаните како злобни животни кои некогаш одат на четити нозе некогаш на две нозе. Од што се многу брзи, Плиније тврдел дека орангутаните можат да се фатат само кога се болни и кога се стари
  • Кога орангутаните ќе ги рашират рацете, од врвот на едната рака до врвот на другата рака има повеќе од 2 метри.