Прејди на содржината

Џон Едвард Греј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон Едвард Греј
John Edward Gray
Роден(а)12 февруари 1800
Волсол
Починал(а)7 март 1875(1875-03-07) (возр. 75)
НационалностАнгличанец
Полињазоологија
СопружникМарија Ема Греј

Џон Едвард Греј (англиски: John Edward Gray; 12 февруари 18007 март 1875) — британски зоолог, постар брат на Џорџ Роберт Греј и син на фармакологот и ботаничар Семјуел Фредерик Греј (1766–1828).

Греј раководел со зоолошкото одделение на Британскиот музеј во Лондон од 1840 до крајот на 1874 г, пред природонаучниот дел да му припадне на Природонаучниот музеј. Издал неколку каталози на музејските збирки, меѓу нив и опширни дела за групирањето на животните и трудови за нови видови. Благодарение на неговите заложби, зоолошките примероци на музејот станале меѓу најдобрите во светот.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во Волсол, но семејството набргу се преселило во Лондон, каде Греј студирал медицина. Му помагал на татко му при пишувањето на делото „Природно распоредување на растенијата во Британија“ (The Natural Arrangement of British Plants, 1821). Членувал во Линеевото друштво, но морал да напушти по гласање на членовите. Тогаш Греј го свртел вниманието од ботаниката кон зоологијата и на 15 години почнал да се занимава со собирање на инсекти за Британскиот музеј. Во 1824 г. се вработил во зоолошкото одделение и се зафатил да му помага на научникот Џорџ Џон Чилдрен во каталогизација на збирката на влекачи. Во 1840 г. дошол на местото на Чилдрен како раководител на одделението, каде се задржал 35 години, објавуваќи преку 1000 научни трудови. Греј е одговорен за именувањето на голем број видови, родови, потсемејства и семејства на животни од групата на китовите.[1]

Соработувал со истакнатиот природонаучен уметник Бенџамин Вотерхаус Хокинс на делото „Паперки од ѕверилникот во Ноузли“ (Gleanings from the Menagerie at Knowsley), опишувајќи ги видовите во „Ноузли Парк“ кај Ливерпул, приватен ѕверилник на ерлот од Дарби и еден од најголемите во Британија.

Во 1826 г. се оженил со Марија Ема Греј. Сопругата дала свој придонес во научната работа, особено во цртежите. Во 1833, Греј ја основал организацијата што подоцна станала Кралското ентомолошко друштво на Лондон.

Се занимавал и со малакологија - изучувањето на мекотели.

Погребан е во Богородичната црква во Луишам. Во негова чест е наречена индиската барска чапја (Ardeola grayii).

Прв филателист

[уреди | уреди извор]

Греј се интересирал и за поштенски марки. На 1 мај 1840, истиот ден кога била пуштена во продажба првата марка во светот (наречена „Црно пени“), Греј купил неколку примероци со намера да ги сочува во збирка. Вака станал првиот филателист во историјата.

Делумен список на дела

[уреди | уреди извор]
  • 1821 : "A natural arrangement of Mollusca, according to their internal structure." London Medical Repository 15 : 229–239.
  • 1821 : "On the natural arrangement of Vertebrose Animals." London Medical Repository 15 : 296–310.
  • 1824 : "A revision of the family Equidae." Zool. J. Lond. 1 : 241-248 pl. 9
  • 1824 : "On the natural arrangement of the pulmonobranchous Mollusca." Annals of Philosophy, new series 8 : 107–109.
  • 1825 : "A list and description of some species of shells not taken notice of by Lamarck." Annals of Philosophy (2)9: 407-415.
  • 1825 : "An outline of an attempt at the disposition of the Mammalia into tribes and families with a list of the genera apparently appertaining to each tribe." Annals of Philosophy (ns) 10 : 337-344
  • 1826 : "Vertebrata. Mammalia." (Appendix B in part). p. 412-415 in King, P.P. (ed.) Narrative of a Survey of the Intertropical and Western Coasts of Australia. Performed between the years 1818 and 1822. With an Appendix, containing various subjects relating to hydrography and natural history. London: J. Murray Vol. 2
  • 1827 : "Synopsis of the species of the class Mammalia." p. 1-391 in Baron Cuvier The Animal Kingdom Arranged in Conformity with its Organization, by the Baron (G) Cuvier, with additional descriptions by Edward Griffith and others. (16 vols: 1827-1835). London: George B. Whittaker Vol. 5
  • 1828 : "Spicilegia Zoologica, or original figures and short systematic descriptions of new and unfigured animals." Pt 1. London: Treuttel, Würtz & Co.
  • 1829 : "An attempt to improve the natural arrangement of the genera of bat, from actual examination; with some observations on the development of their wings." Philos. Mag. (ns) 6 : 28-36
  • 1830 : "A synopsis of the species of the class Reptilia." pp 1–110 in Griffith, E. The animal kingdom arranged in conformity with its organisation by the Baron Cuvier. London: Whitaker and Treacher and Co. 9 : 481 + 110 p.
  • 1830-1835 : "Illustrations of Indian zoology; chiefly selected from the collection of Major-General Hardwicke, F.R.S..." 20 parts in 2 volumes. Illus. Indian Zool.
  • 1831 : "Description of twelve new genera of fish, discovered by Gen. Hardwicke, in India, the greater part in the British Museum." Zool. Misc.
  • 1831 : "Descriptions of some new genera and species of bats." pp. 37–38 in Gray, J.E. (ed.) The Zoological Miscellany. To Be Continued Occasionally. Pt 1. London: Treuttel, Würtz & Co.
  • 1832 : "Characters of a new genus of Mammalia, and of a new genus and two new species of lizards, from New Holland." Proc. Zool. Soc. Lond. 1832 : 39-40
  • 1834 : "Characters of a new species of bat (Rhinolophus, Geoffr.) from New Holland." Proc. Zool. Soc. Lond. 1834 : 52-53
  • 1837 : "Description of some new or little known Mammalia, principally in the British Museum Collection." Mag. Nat. Hist. (ns) 1 : 577-587
  • 1838 : "A revision of the genera of bats (Vespertilionidae), and the description of some new genera and species." Mag. Zool. Bot. 2 : 483-505
  • 1839 : "Descriptions of some Mammalia discovered in Cuba by W.S. MacLeay, Esq. With some account of their habits, extracted from Mr. MacLeay's notes." Ann. Nat. Hist. 4 : 1-7 pl. 1
  • 1840 : "A Synopsis of the Genera and Species of the Class Hypostoma (Asterias, Linnaeus)." Ann. Mag. Nat. Hist., 6:275.
  • 1840-10-16 : "Shells of molluscous animals." In: Synopsis of the contents of the British Museum, ed. 42: 105-152.
  • 1840-11-04 : "Shells of molluscous animals." In: Synopsis of the contents of the British Museum, ed. 42, 2nd printing: 106-156.
  • 1844: Catalogue of the tortoises, crocodiles, and amphisbænians, in the collection of the British Museum
  • 1847-11 : "A list of genera of Recent Mollusca, their synonyma and types." Proceedings of the Zoological Society of London, 15: 129-182.
  • 1849 : Catalogue of the Specimens of Snakes in the Collection of the British Museum. Trustees of the British Museum. London. xv + 125 pp.
  • 1850 : Figures of molluscous animals selected from various authors. Etched for the use of students by M. E. Gray. Volume 4. Longman, Brown, Green & Longmans, London. iv+219 pp.
  • 1855 : Catalogue of shield reptiles in the collection of the British Museum - Part 1, Testudinata (Tortoises)
  • 1860-10 : "On the arrangement of the land pulmoniferous Mollusca into families." Annals and Magazine of Natural History, series 3, 6: 267-269.
  • 1862 : A Hand Catalogue of Postage Stamps for the use of the Collector. London: Robert Hardwicke. Free download here.
  • 1864 : "Revision of the species of Trionychidae found in Asia and Africa, with descriptions of some new species." Proc. Zool. Soc. London 1864: 76-98
  • 1870 : Supplement to the catalogue of shield reptiles in the collection of the British Museum - Part 1, Testudinata (Tortoises)
  • 1872 : Catalogue of shield reptiles in the collection of the British Museum - Part 2, Emydosaureans, Rhynchocephalia, and Amphisbaenians
  • 1873 : "Notes on Chinese Mud-Tortoises (Trionychidae), with the Description of a new Species sent to the British Museum by Mr. Swinhoe, and Observations on the Male Organ of this Family." Annals and Magazine of Natural History, series 4, vol. XII, 1873. pp. 156–161 and Plate V.
  1. Kenney, Robert D (2009). Perrin, William F.; Wursig, Bernd; Thewissen, J. G. M (уред.). Encyclopedia of Marine Mammals (2. изд.). Burlington, Ma: Academic Press. стр. 963. ISBN 978-0-12-373553-9.
  2. Правилник на Меѓународниот совет за зоолошка номенклатура (англиски)
  3. „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]