Марсело Вијеира

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марсело
Лични податоци
Полно име Марсело Вијера да Силва Жуниор[1]
Роден на 12 мај 1988(1988-05-12)(35 г.)[2]
Роден во Рио де Жанеиро, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина 1.74 m[3]
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид Реал Мадрид
Број 12
Младинска кариера
2002–2005 Флуминенсе Флуминенсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2006 Флуминенсе Флуминенсе 30 (6)
2007– Реал Мадрид Реал Мадрид 337 (25)
Репрезентација
2005 Бразил Бразил 17 3 (1)
2007 Бразил Бразил 20 4 (0)
2008–2012 Бразил Бразил 23 12 (1)
2006– Бразил Бразил 49 (6)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 13:53, 23 December 2017 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 10 November 2017

Марсело Вијеира да Силва Жуниор (роден на 12 мај 1988 година), познат како Марсело, е бразилски фудбалер, играч од одбраната на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација. Тој игра главно на позицијата лев бек, но исто така може да дејствува и како лево крило.

Во 2005 година, тој го освоил бразилското првенство Кампеонато Кариока со Флуминесе и во 2006 година тој бил избран во Тимот на сезоната во Бразилеирао на 18 годишна возраст. До крајот на годината, тој се приклучил на Реал Мадрид за 8 милиони долари. До 2017 година, тој одиграл 11 сезони во Мадрид, и постигнал 28 голови во 408 натпревари. Со Реал Мадрид тој ја освоил трипати Лигата на Шампионите, и бил избран во тимот на сезоната двапати, како и четири пати ја освоил шпанската Ла Лига.

Марсело дебитирал за Бразил во 2006 година против Велс, постигнувајќи гол. Тој бил дел од Бразилската репрезентација на Светското првенство во 2014 година каде што стигнал до полуфинале и бил именуван во Дрим тимот на турнирот. Тој бил четири пати именуван во Фифа Про тимот на Светот XI, и на УЕФА Тим на Годината во 2011 година, како и во тимот на Ла Лига во сезоната 2016 година.

После неговата пробивна сезона, Марсело бил пофален од страна на фудбалските легенди како што се Паоло Малдини и Диего Марадона, кој исто така го нарекол најдобар во својата позиција. Тој честопати бил споредуван со Роберто Карлос, кој и самиот рекол дека Марсело бил негов наследник,  најдобар лев бек и дека "Марсело поседува подобра техничка способност од мене".

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“. FIFA. 11 June 2014. стр. 6. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-06-11. Посетено на 10 July 2014.
  2. „FIFA Club World Cup UAE 2017: List of players: Real Madrid CF“ (PDF). FIFA. 16 December 2017. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-12-23. Посетено на 23 December 2017.
  3. „Player Profile“. Real Madrid C.F Official Web Site. Посетено на 6 February 2014.