Манаус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Манаус (португалски: Manaus) е град во Бразил и главен град на сојузната држава Амазон. Се наоѓа на реката Рио Негро, единаесет километри од нејзиното влевање во Амазон. Во периодот од 1870 до 1910 градот бил прочуен по индустријата за каучук, бидејќи овој регион долго бил единствен произведувач на овој материјал. Денес Манаус е прочуен по оперската зграда Театро Амазонас (Teatro Amazonas), како важно пристаниште, и како почетна точка за туристички екскурзии низ амазонските прашуми. Површината на градот е 11.4 km². Населението во градот изнесува 1.982.179 жители, а поширокото подрачје изнесува 2.316.173.

Клима[уреди | уреди извор]

Поради близината на екваторот (3° географска ширина) во текот на годината должината на денот се менува сосем малку. Наместо четири годишни времиња, се разликуваат дождлив (од декември до мај) и сушен период. Преку целата година температурите и влажноста се високи. Влажноста е секогаш над 95%. Просечните годишни врнежи достигнуваат 2000 милиметара.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]