Кшиштоф Пјонтек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кшиштоф Пјонтек
Лични податоци
Роден на 1 јули 1995 (1995-07-01) (23 г.)
Роден во Џержоњов, Полска
Држава  Полска
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Милан Милан
Број 9
Младинска кариера
Лехија Џержонов Лехија Џержонов
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2013 Лехија Џержонов Лехија Џержонов 6 (0)
2013-2016 Заглебје Лубин Заглебје Лубин 72 (15)
2016-2018 Краковија Краковија 63 (32)
2018-2019 Џенова Џенова 19 (13)
2019- Милан Милан 1 (0)
Репрезентација
2015-2016 Полска Полска 3 (1)
2015-2017 Полска Полска 15 (2)
2018- Полска Полска 2 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 јануари 2012

Кшиштоф Пјонтек (роден на 1 јуни 1995 во Џержоњов) - полски фудбалер, напаѓач на Милан и на полската репрезентација.

Технички карактреристики[уреди | уреди извор]

Централен напаѓач, кој исто така може да игра и како втор напаѓач или како десно крило.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци, Лехија Џержоњов, Заглебје Лубин и Краковија[уреди | уреди извор]

Роден во Џержоњов, Пјонтек ја започнал својата кариера во екипата на Лехија Џержоњов во која напредувал низ младинските категории, а на 17-годишна возраст го направил своето деби во третата дивизија.[2] Во 2013 година бил купен од Заглебје Лубин. Во 2014 година, по една сезона во вториот тим, тој бил промовиран во првиот тим. Дебитирал во полската Екстракласа (највисоката лига во државата) на 18 мај 2014 година против Краковија.[3]

На 28 август 2016 година, тој бил купен за 500.000 злоти од Краковија, со која потпишал четиригодишен договор. Дебитирал за новиот клуб на 8 септември 2016 против Лехија Гдањск, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 71-вата минута. Вкупно, тој постигнал 32 гола во 63 натпревари во Екстракласа во текот на две сезони (вкупно 65), и бил трет најдобар стрелец во лигата во сезоната 2017-2018 со дваесет и еден постигнат гол.[4]

Џенова[уреди | уреди извор]

На 8 јуни 2018, Пјонтек потпишал четиригодишен договор со италијанската Џенова, а сумата на трансферот изнесувала околу 4 милиони евра.[5] На 11 август 2018 година, тој го направил своето деби во официјален натпревар во дресот на Џенова, постигнувајќи 4 гола за 37 минути во натпреварот од Купот на Италија во кој грифоните го победиле Лече со 4-0;[6] со што станал првиот играч на Џенова кој постигнал четири гола во ова натпреварување.

Милан[уреди | уреди извор]

За ФК Милан потпишал во полусезоната 2018/2019 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Fantacalcio 2018/19! Alla scoperta di…. Krzysztof Piatek". 24 luglio 2018.  Unknown parameter |sito= ignored (помош);
  2. Łukasz Olkowicz. „Prześwietlenie Krzysztofa Piątka. Lewy, zapach kawy i trzy obiady“, 22 gennaio 2018. (на pl)
  3. "Zagłębie Lubin 1 - 2 Cracovia". 90minut. конс. 22 February 2016. 
  4. "UFFICIALE: Genoa, preso Krzysztof Piątek dal KS Cracovia". 8 giugno 2018.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  5. "Krzysztof Piątek w Genoa CFC" (Polish). конс. 8 giugno 2018.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  6. Coppa Italia, Piatek ne fa quattro e il Genoa travolge il Lecce. Il Benevento fa fuori l'Udinese“, 11 agosto 2018 (посет. 11 agosto 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]