Прејди на содржината

Патрик Кутроне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Патрик Кутроне
Лични податоци
Полно име Патрик Кутроне
Роден на 3 јануари 1998(1998-01-03)(26 г.)[1][2][3]
Роден во Комо, Италија
Висина &100000000000001860000001,86 м[4]
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Вулверхемптон Вондерерс
Број 10
Младинска кариера
2006–2017 Милан Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2017–2019 Милан Милан 63 (13)
2019 - Вулверхемптон Вондерерс 1 (0)
Репрезентација
2013 Италија Италија 15 10 (3)
2013–2014 Италија Италија 16 8 (5)
2013–2015 Италија Италија 17 18 (11)
2016 Италија Италија 18 3 (2)
2016–2017 Италија Италија 19 18 (6)
Италија Италија 1 (0)
** Ажурирано на: 23 јуни 2019

Патрик Кутроне (роден на 3 јануари 1998 во Комо, Италија[2][3] ) — италијански професионален фудбалер кој настапува за екипата на Вулверхемптон Вондерерс и за Фудбалската репрезентација на Италија. Кутроне игра на позиција напаѓач.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Патрик Кутроне е роден во Комо и започнал да игра фудбал во рана возраст[5]. Во 2005 година, 7-годишниот Кутроне ја започнал својата младинска кариера во локалниот тим Г.С. Паредиенсе. Во летото 2007 година бил на проби во ФК Интер, ФК Монца и ФК Милан. На 29 јуни 2007 година официјално се приклучил на академијата во Милан, каде што ги поминал следните десет години, играјќи низ разни старосни групи до тимот на Примавера (под 19 години)[5][6]. Во март 2015 година, Кутроне го потпишал својот прв професионален договор со Милан, со траење до 30 јуни 2018 година[7][8][9].

Кутроне за првпат бил повикан во првиот тим за натпреварот против ФК Пескара одигран на 30 октомври 2016 година, но не добил шанса да влезе во игра[10]. Пред тоа, неговото искуство со првиот тим било ограничено на пред-сезонските пријателски и повремени тренинг сесии. Во јануари 2017 година, Кутроне бил промовиран во првиот тим на Милан[11]. На 21 мај 2017 година, тој го направил своето деби во Серија А во домашната победа против ФК Болоња, како замена за Жерар Делофеу во 85 минута. Во тој натпревар Кутроне го заработил и првиот жолт картон[12][13].

Летото 2017 година, Кутроне потпишал продолжување на договорот до 30 јуни 2021 година[14], во времето кога одборот на кинеските управители на Милан потроши над 200 милиони евра за трансфери, при што Милан се здобил со вкупно 11 нови играчи, од кои двајца биле напаѓачите Андре Силва и Никола Калиниќ. Првично, за да го зголеми времето на играње, Кутроне бил убедуван да се придружи на еден од клубовите од Серија А со понизок ранг, но сепак одбил[15].

На 27 јули 2017 година, тој бил ставен за првпат во почетниот состав во победата од 1-0 над ФК Универзитатеа Крајова во квалификациите за Лигата на Европа 2017-18[16]. На 3 август 2017 година, тој го постигнал својот прв гол за Милан на повратниот меч против Крајова, кој завршил со 2-0 за италијанскиот тим[17]. На 20 август 2017 година го постигнал својот прв гол во Серија А во победата од 0-3 во Серија А против Кротоне[18]. На 24 август 2017 година, тој го постигнал единствениот гол во победата над ФК Шкендија од 1-0 во Лигата на шампионите[19], и на 28 септември, постигнал гол во последната минута против ФК Риека во групната фаза, натпревар кој завршил со резултат од 3:2 за Милан. Влегувајќи како замена во натпреварот на Купот на Италија против локалниот соперник ФК Интер, Кутроне го постигнал победоносниот и неговиот прв гол во Дерби дела Мадонина[20].

Летото 2018 година, новиот одбор на директори на Милан одлучил да го доведе во својот тим Гонсало Игуаин[21][22]. По неговото пристигнување, од сите останати напаѓачи во тимот (имено Никола Калиниќ, Андре Силва и Карлос Бака), Кутроне бил единствениот што не бил ставен на трансфер пазарот[23][24].

Во октомври 2018 година, Кутроне го продолжил договорот со Милан до 30 јуни 2023 година[25], но во летниот период во 2019 година бил продаден на ФК Вулверхемптон Вондерерс.

Вулверхемптон

[уреди | уреди извор]

На 30 јули 2019 година, Кутроне му се придружил на Вулверхемптон Вондерерс потпишувајќи четиригодишен договор[26][27]. Своето деби за клубот го направил на гостувањето кај Лестер Сити на 11 август 2019 година[28].

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Патрик Кутроне ја претставувал Италија за играчи под-15, под-16, под-17, под-18 и под-19 ниво, со што одиграл вкупно 57 настапи и постигнал 27 голови[2]. Кутроне бил дел од тимот и за Европското првенство под 17 години и Европското првенство под 19 во 2016[29][30].

Дебитирал со екипата на Италија под 21 години на 1 септември 2017 година, на пријателски натпревар против Шпанија. Три дена подоцна, тој го одиграл својот втор натпревар против Словенија, во кој тој го постигнал својот прв гол во победата од 4-1[31].

Во март 2018 година, тој бил повикан во Италијанската репрезентација, за пријателските натпревари на Италија против Аргентина и Англија. На 23 март, Кутроне го направил своето меѓународно деби во пријателски натпревар против Аргентина; Италија била поразена со 2:0[32].

Статистика

[уреди | уреди извор]
Обновено на 26 мај 2019[33]
Appearances and goals by club, season and competition
Клуб Сезона Лига Куп Континентално Останато Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
ФК Милан 2016–17 Серија А 1 0 0 0 0 0 1 0
2017–18 28 10 5 2 13< 6 46 18
2018–19 34 3 3 2 5 4 1 0 43 9
Вкупно 63 13 8 4 18 10 1 0 90 27

Репрезентативна

[уреди | уреди извор]
Обновено на 23 март 2018[34]
Репрезентација Година Натпревари Голови
Италија
2018 1 0
Вкупно 1 0
  1. https://www.instagram.com/p/BFmEH68Ciud/?taken-by=patrickcutrone63
  2. 2,0 2,1 2,2 „Nazionale in cifre“ [National team in numbers]. figc.it (италијански). Архивирано од изворникот на 2017-07-28. Посетено на 22 May 2017. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „FIGC“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. 3,0 3,1 „Patrick Cutrone“. UEFA.com. Посетено на 29 May 2017.
  4. „Player - Patrick Cutrone“. legaseriea.it. Архивирано од изворникот на 2017-07-30. Посетено на 22 May 2017.
  5. 5,0 5,1 Troise, Ciro (16 May 2015). „Patrick Cutrone, il bomber rossonero a cui s'aggrappa l'Under 17“ [Patrick Cutrone, the red-and-black striker whom Italy under-17 is clinging on to]. gianlucadimarzio.com (италијански). Архивирано од изворникот на 2018-07-09. Посетено на 22 May 2017.
  6. „Milan Family: Cutrone, I Primi Passi“ (италијански). AC Milan. 20 June 2018.
  7. „UFFICIALE: rinnovati i contratti dei giovani Llamas, Locatelli e Cutrone“. www.milannews.it (италијански). Посетено на 2019-03-17.
  8. „A.C MILAN COMUNICATO UFFICIALE: Donnarumma, Cutrone e Locatelli rinnovano fino al 2018“. www.milannews.it (италијански). Посетено на 2019-03-17.
  9. „Gigio, Loca e Terminator: il Milan blinda la colonna vertebrale del futuro. E a јули...“. www.milannews.it (италијански). Посетено на 2019-03-17.
  10. „Patrick Cutrone on Instagram: "Felicissimo per la prima convocazione. Domani Milan -Pescara #acmilan". Instagram (англиски). Посетено на 2019-03-17.
  11. Mazzara, Pietro (17 January 2017). „Cutrone promosso in prima squadra: a lui l'armadietto di Luiz Adriano“ [Cutrone promoted to the first team: he gets Luiz Adriano's locker]. Milan News (италијански). Посетено на 22 May 2017.
  12. „Fixtures and Results“. legaseriea.it. 21 May 2017. Архивирано од изворникот на 2017-05-25. Посетено на 22 May 2017.
  13. Castagna, Daniele (21 May 2017). „Milan, è festa anche per Cutrone: arriva l'esordio in prima squadra“ [Milan, Cutrone celebrates too: first team debut has come]. Milan News (италијански). Посетено на 22 May 2017.
  14. Karimi, Keivan (2017-08-26). „Milan, Cutrone e il rinnovo 'anti-scippo' di Mirabelli“. MilanLive.it tutte le News del Milan prima degli altri (италијански). Посетено на 2019-03-17.
  15. „Cutrone, parla il papà: La notte che ha segnato nel derby non ho dormito. Gattuso? Caratterialmente è simile a Patrick“ (италијански). Gianluca Di Marzio. 3 January 2018.
  16. McGee, Nicholas (27 July 2017). „Universitatea Craiova 0 AC Milan 1: Rodriguez off the mark in competitive debut“. Goal. Посетено на 27 July 2017.
  17. „Europa League, Milan-Craiova 2-0: a segno Bonaventura e Cutrone“. La Gazzetta dello Sport. 4 August 2017. Посетено на 4 August 2017.
  18. „Crotone 0 AC Milan 3: Cutrone and Suso star in sizzling start“. FourFourTwo. 20 August 2017. Посетено на 21 August 2017.
  19. „SHKENDIJA 0 AC MILAN 1 (0-7 AGG): CUTRONE STREAK CONTINUES TO CONFIRM EUROPA LEAGUE PROGRESS“. Goal. 24 August 2017. Посетено на 25 August 2017.
  20. Jamie Gordon (27 December 2017). „Cut Above AC Milan 1 Inter Milan 0: Gianluigi Donnarumma's brother the hero as Patrick Cutrone dumps rivals out of Coppa Italia“. SUN. Посетено на 18 March 2018.
  21. „Summer'18: Eight New Signings For A New AC Milan“. AC Milan. 18 August 2018.
  22. „Patrick Cutrone on Instagram“. Instagram.com. Посетено на 24 January 2019.
  23. Ferrazzi, Enrico (10 August 2018). „Milan, Cutrone sarà il vice-Higuain: Patrick è molto apprezzato dal Pipita“ (италијански). Milan News. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  24. Calcagni, Matteo (13 August 2018). „Con l'addio di Bacca il terzo centravanti sarebbe Borini“ (италијански). Milan News. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  25. https://calciodangolo.com/2018/10/ufficiale-milan-rinnovo-contratto-cutrone-altri-giocatori
  26. „Official statement: Patrick Cutrone“. AC Milan. 30 July 2019. Посетено на 30 July 2019.
  27. „Wolves sign Italy striker Cutrone“. www.wolves.co.uk. Посетено на 30 July 2019.
  28. „Leicester 0–0 Wolves: Leander Dendoncker has goal ruled out by VAR decision“. BBC Sport. 11 August 2019. Посетено на 11 August 2019.
  29. „European Championship: Azzurrini leave for Bulgaria. they will open against England on 7th May“. figc.it. 4 May 2015. Архивирано од изворникот на 2017-07-28. Посетено на 22 May 2017.
  30. „Vanoli selects his 18 Azzurrini for the European Championship as uva sees them off from Coverciano“. figc.it. 7 May 2016. Архивирано од изворникот на 2017-07-28. Посетено на 22 May 2017.
  31. „U21: Italy ease past Slovenia“. Football Italia. 4 September 2017.
  32. „Italy: Argentina defeat new Azzurri“. Football Italia. 23 March 2018.
  33. „P. Cutrone“. Soccerway. Посетено на 27 July 2017.
  34. „Cutrone, Patrick“ (италијански). FIGC. Посетено на 23 March 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]