Завршниот турнир ќе биде одржан во Италија и Сан Марино од 16 до 30 јуни 2019 година, откако нивната понуда била избрана од страна на Извршниот комитет на УЕФА на 9 декември 2016 година во Нион, Швајцарија.[1] Играчи родени на или по 1 јануари 1994 година ќе можат да земат учество на турнирот.[2][3]
Како и на претходното издание ќе учествуваат вкупно 12 репрезентации, а исто така како и на претходните првенства до 21 година кои се одржувале година дена пред Олимпијадата, овој турнир ќе послужи и како европски квалификациски турнир за Олимписките игри 2020. Четирите најдобри екипи, односно полуфиналистите ќе се пласираат на Олимписките игри 2020 во Токио, Јапонија, каде ќе можат да настапат играчи на возраст до 23 години со максимум 3 повозрасни. За првпат на ова првенство бил користен video assistant referee (VAR) системот.[4]
Европското првенство за играчи под 21 година 2019 било завршено на 30 јуни 2019 со финалето во Удине, кога Шпанија во реприза на финалето од пред две години и се реванширала на Германија победувајќи ја со 2-1 и стигнала до својата петта титула на ова натпреварување.[5]
Сите 55 земји членки на УЕФА земале учество во натпреварувањето, со тоа што домаќинот Италија автоматски се квалификувал (додека вториот ко-домаќин Сан Марино не се квалификувал автоматски и учествувал во квалификациите), додека останатите 54 екипи се натпреварувале во квалификацииите за да ги одредат преостанатите 11 места за завршниот турнир.[7] Квалификациите, се одржале од март 2017 до ноември 2018 година, и се состоеле од два круга:[8]
Квалификациска фаза по групи: 54-те екипи биле поделени во девет групи од по шест екипи. Секоја група се играла по двоен Бергеров систем, дома и гости. Деветте победници на групите директно се квалификувале за завршниот турнир, додека четирите најдобри второпласирани (не сметајќи ги резултатите против шестопласираниот тим) обезбедиле учество во бараж.
Бараж: Четирите екипи со ждрепка биле извлечени во два двомеч натпревари за да се одредат последните две екипи кој ќе се квалификуваат за завршниот турнир.
Позициите на табелата се одредуваат на следниов начин:
Освоени бодови (3 бода за победа, 1 за нерешено, 0 за пораз);
Меѓусебен скор помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
Гол разлика помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
Број на постигнати голови помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
Гол разлика во сите одиграни натпревари од групната фаза;
Број на постигнати голови во сите натпревари од групната фаза;
Постигнати голови од пенал само ако две екипи имаат исти број на бодови;
Фер плеј бодови во сите одиграни натпревари од групната фаза (само едно одземање на бодови за фер плеј листата може да се примени на еден играч на еден натпревар):