Максимилијан Егештајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Максимилијан Егештајн
Eggestein, Maximilian Werder 17-18 WP.jpg
Лични податоци
Роден на 8 декември 1996 (1996-12-08) (22 г.)
Роден во Хановер, Германија
Држава Германија Германија
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Вердер Бремен Вердер Бремен
Број 35
Младинска кариера
Хавелзе Хавелзе
Вердер Бремен Вердер Бремен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014–2017 Вердер Бремен II Вердер Бремен II 55 (7)
2014- Вердер Бремен Вердер Бремен 62 (5)
Репрезентација
2015 Германија Германија 20 6 (1)
2017- Германија Германија 21 8 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Максимилијан Егештајн (роден на 8 декември 1996 година во Хановер) е германски фудбалер, играч од средниот ред на Вердер Бремен и на германската репрезентација под 21 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Максимилијан е роден во Хановер и тој е син на поранешниот фудбалер Карл Егештајн. Неговиот помлад брат Јоханес Егештајн е исто така фудбалер, и во моментов исто така настапува за Вердер Бремен.

Браќата Егештајн својата кариера ја започнале во екипата на Хавелзе, клуб за кој настапувал и нивниот татко и во која исто така работел како тренер во средината на 90-тите. Во 2011 година, браќата биле забележани од скаути на Вердер Бремен и набрзо потоа му се приклучиле на клубот од Бундеслигата.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Откако му се приклучил на Вердер Бремен од Хавелзе во 2011 година, Егештајн поминал низ неколку младински категории во клубот во периодот 2011-2014, пред да биде регистриран да настапува за вториот тим во Регионалната лига за сезоната 2014-2015. Своето деби за Вердер Бремен II го направил на 1 август 2014, против Ајнтрахт Брауншвајг II во натпревар што завршил 3-3.[1] Својата прва сезона за Вердер Бремен II ја завршил со 32 нстапи и 4 гола, помагајќи му на тимот да заврши на прво место во Регионалната лига Север и да избори промоција во 3. лига за следната сезона.[2]

Во меѓувреме во ноември 2014 година, Егештајн го добил својот прв повик во првиот тим на Вердер Бремен од тренерот Виктор Скрипник за натпреварот од Бундеслигата против Падерборн. Токму во тој натпревар Максимилијан го направил и своето деби за клубот, влегувајќи од клупата за резерви со дресот со број 35 (кој го носи и денес) на местото на Левент Ајчичек во 83-тата минута од убедливата победата со 4-0 на Везер.[3] На возраст од 17 години и 356 дена, тој станал вториот најмлад играч кој дебитирал во Бундеслигата во историјата на клубот по Томас Шаф (со 17 години и 353 дена).[4][5]

Во февруари 2015, Егештајн го потпишал својот прв професионален договор со Вердер Бремен во трајност до 2018 година.[6] Иако уште неколку пати се нашол на листата на повикани фудбалери на Вердер, тој само уште еднаш бил вклучен во игра (повторно од клупата за резерви) за првиот тим до крајот на сезоната 2014-2015 - на 1 март 2015 во поразот со 3-5 на домашен терен од Волфсбург - играјќи главно за Вердер Бремен II во Регионалната лига Север.

Егештајн играјќи за Вердер Бремен во 2018.

Сезоната 2015-2016 Егештајн бил регистриран да игра и за двата тима Вердер Бремен во Бунделигата и Вердер Бремен II во 3. лига. Својот прв старт за првиот тим го направил во второто коло од Бундеслигата на 22 август 2015 против Херта во Берлин, играјќи како офанзивен играч од средниот ред во ремито 1-1.[7] Сепак, и покрај тоа што повремено добивал можност да игра во почетокот тој не успевал да го зацврсти своето место во стартниот тим на Вердер играјќи само два пати од почетокот. Сезоната ја завршил со 7 настапи во Бундеслигата и еден во Купот на Германија како и со 9 натпревари за Вердер Бремен II во 3. лига.

Следната сезона тренерот Скрипник добил отказ во септември 2016, а неговиот наследник Александер Нури во октомври 2016 година наредил Егештајн привремено да се врати назад во Вердер Бремен II.[8] Таму тој бил назначен за капитен од страна на тренерот Флоријан Кофелфдт. Сепак, по одличните игри во 3. лига тој се вратил во првиот тим по зимската пауза.[9] Во вториот дел од првенството Егештајн играл многу повеќе од претходно и главно бил користен како дефанзивен играч од средниот ред.[10] На 4 април 2017, Егештајн го постигнал својот прв погодок во Бундеслигата во својата кариера, во победата со 3-0 над Шалке 04 на Везер.[11] Сезоната 2016-2017 ја завршил со 15 настапи и еден гол во Бундеслигата, и со 13 настапи и 2 гола во 3. лига за Вердер Бремен II.

Сезоната 2017-2018, била дефинитивно сезоната во која Егештајн успеал да се утврди во стартната постава на Вердер Бремен. Веќе во првиот официјален натпревар на клубот за сезоната тој постигнал гол, во победата со 3-0 над Вурцбургер Кикерс. Тој ја започнал сезоната играјќи на истата позиција како и во претходната сезона, како дефанзивен играч за врска, но кога тренерот Нури добил отказ кон крајот на октомври 2017, новиот тренер Флоријан Кофелдт со кого Егештајн соработувал во Вердер II му доделил нова улога. Кофелдт започнал да го користи Егештајн малку понапред, лево во средниот ред од тројца играчи, со што тој добил повеќе слобода во играта што се покажало како правилен потег. Младиот играч набргу "ескплодирал" под водството на Кофелдт. На 9 декември тој го постигнал својот прв гол во Бундеслигата за сезоната во изненадувачката победа на Вердер над Борусија Дортмунд на Сигнал Идуна Парк со 1-2. Голот дошол по еден негов прекрасен шут со левата нога од десната страна во далечниот агол на голманот на Борусија. Својот трет и последен погодок за сезоната го постигнал на 12 март 2018, во победата со 3-1 на домашен терен против Келн. Сезоната 2017-2018 ја завршил со вкупно 37 настапи во лигата и купот 3 гола и 4 асистенции.

На 18 август 2018, ја започнал новата сезона со погодок во првото коло од Купот на Германија во победата со 6-1 над Ворматија Вормс.[12]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 27 септември 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014-2015 Германија Вердер Бремен 2 0 КГ 0 0 - - - - - - 2 0
2015-2016 7 0 КГ 1 0 - - - - - - 8 0
2016-2017 15 1 КГ 0 0 - - - - - - 15 1
2017-2018 33 2 КГ 4 1 - - - - - - 37 3
2018-2019 34 5 КГ 5 1 - - - - - - 39 6
Вкупно Вердер Бремен 91 8 10 2 - - - - 101 10
Вкупно во кариерата 91 8 10 2 - - - - 101 10

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Werder Bremen II vs. Braunschweig II - 1 August 2014 - Soccerway“. soccerway.com. конс. 29 November 2014. 
  2. Werder Bremen: Eggestein unterschreibt Profi-Vertrag bis 2018, 27. Februar 2015, abgerufen am 27. Februar 2015.
  3. „Werder Bremen vs. Paderborn - 29 November 2014 - Soccerway“. soccerway.com. конс. 29 November 2014. 
  4. Werder Bremen: Ein Trio trumpft auf, 29. November 2014, abgerufen am 30. November 2014.
  5. Focus Online: Drei Tage fehlen Maximillian Eggestein zum Schaaf-Rekord, 30. November 2014, abgerufen am 30. November 2014.
  6. „Eggestein signs first professional deal“. Werder Bremen. 27 February 2015. конс. 21 August 2015. 
  7. „Hertha BSC vs. Werder Bremen - 21 August 2015 - Soccerway“. soccerway.com. конс. 21 August 2015. 
  8. Lutz Hambach: Yatabaré, Diagne und Maximilian Eggestein zur U23. Radio Bremen, 18. Oktober 2016
  9. Björn Knips: Neue Chance für Maximilian Eggestein, Mediengruppe Kreiszeitung, 19. Januar 2017
  10. Thiemo Müller: Eggesteins Reifeprozess. Kicker, 21. Februar 2017
  11. Gebre Selassie leitet Bremens dritten Sieg in Serie ein, Spielbericht auf kicker.de, abgerufen am 5. April 2017.
  12. Johannes Eggestein: Die wichtige Erkenntnis“, „kicker Online“, 19 август 2018 (посет. 19 август 2018 г). (на German)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]