Јанис Хаџи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јанис Хаџи
Ianis Hagi 2015 (cropped).JPG
Лични податоци
Полно име Јанис Хаџи
Роден на 22 октомври 1998 (1998-10-22) (21 г.)
Роден во Истанбул, Турција
Држава Романија Романија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Генк Генк
Број 23
Младинска кариера
Стеауа Букурешт Стеауа Букурешт
Акдемија Георге Хаџи
Фјорентина Фјорентина
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2016 Виторул Констанца Виторул Констанца 38 (4)
2016-2018 Фјорентина Фјорентина 2 (0)
2018-2019 Виторул Констанца Виторул Констанца 45 (16)
2019- Генк Генк 1 (1)
Репрезентација
2012-2013 Романија Романија 15 4 (2)
2013-2014 Романија Романија 16 6 (3)
2013-2014 Романија Романија 17 6 (0)
2013-2014 Романија Романија 18 2 (2)
2015-2016 Романија Романија 19 3 (3)
2017- Романија Романија 21 14 (4)
2018- Романија Романија 5 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 10 јули 2016.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 10 јули 2016

Јанис Хаџи (роден на 22 октомври 1998 во Истанбул) — романски фудбалер, играч од средниот ред на Генк и на романската репрезентација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јанис со неговиот татко Георге во декември 2015.

Јанис е роден во Истанбул, Турција, додека неговиот татко Георге кој исто така бил фудбалер играл за Галатасарај.[1][2][3] Има една сестра, по име Кира.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Се смета за голем млад фудбалски талент кој ветува. Стилот на игра на Хаџи е сличен во споредба со оној на неговиот татко, поради дриблингот, додавањата, способноста добро да се служи со двете нозе и плејмејкерските квалитети. Иако преферира да ја игра улогата на офанзивен играч од средниот ред, тој е брз, агилен и разноврсен играч кој исто така е способен да игра неколку други улоги во предни позиции, па исто така, бил користен како крило, втор напаѓач или дури централен играч од средниот ред. Поради својата визија, техника и чувство за постигнување голови, тој е способен подеднакво за создавање шанси за своите соиграчи и постигнување голови.[4][5][6][7][8]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Виторул Констанца[уреди | уреди извор]

Својата кариера ја започнал во Академијата на Георге Хаџи на 10-годишна возраст. Во 2014 година се приклучил на Виторул Констанца, клуб со кој дебитирал во романската Лига 1 на 5 декември 2014 година, на возраст од само 16 години, влегувајќи како замена во последната минута на местото на Силвиу Пана во поразот со 1-2 на домашен терен од Ботошани.[9] Шансата да дебитира ја добил од својот татко, кој во тоа време го предводел Виторул од клупата. На 29 мај 2015 година, Хаџи го постигнал својот прв гол во сениорска конкуренција, во ремито 4-4 против истиот противник, а исто така, во тој натпревар за првпат се појавил како стартер.[10] Првата сениорска сезона ја завршил со 7 настапи и 1 гол.

Пред почетокот на следната сезона, иако на возраст од само 16 години Хаџи бил назначен за капитен на Виторул. Првиот гол во сезоната 2015-2016 го постигнал на 21 август 2015, во победата со 4-0 над Поли Темишвар,[11] само неколку дена подоцна откако промашил пенал против Конкордија Киажна.[12] Во октомври, тој бил избран од The Guardian како еден од 50-те најдобри млади фудбалери во светот родени во 1998 година.[13] Втората сезона ја завршил со 31 настап и 3 гола, помагајќи му на Витирул да заврши на петтото место на табелата и да избори квалификација во УЕФА Лигата на Европа за следната сезона.

Фјорентина[уреди | уреди извор]

На 10 јули 2016, Хаџи потпишал за италијанската Фјорентина во трансфер вреден 2 милиони евра. Своето деби во Серија А го направил на 23 октомври 2016, на возраст од 18 години и еден ден, заменувајќи го Јосип Иличиќ во победата со 5–3 на гостувањето кај Каљари.[14] До крајот на првенството, играл само уште еднаш влегувајќи повторно како замена во последното коло против Пескара, завршувајќи ја сезоната со само два настапи.

Откако во следната сезона, не добил ниту една прилика да игра за првиот тим на виолетовите, во јануари Хаџи ја напуштил Фјорентина и се вратил назад во Виторул.

Враќање во Виторул Констанца[уреди | уреди извор]

На 18 јануари 2018 година, Хаџи се вратил во Виторул Констанца за истите 2 милиони евра за кој Фјорентина пред тоа го купила со тоа што на италијанската екипа ќе и припаднат и 30% од идниот трансфер на играчот.[15][16] Тој одиграл 14 натпревари и постигнал 6 гола во првата полусезона по враќањето во татковината.

Втората сезона на Хаџи по враќањето во тимот на неговиот татко се покажала како важна и повеќе плодна, откако тој постигнал 14 гола на 38 натпревари. На 2 септември 2018, Хаџи го постигнал својот прв гол за сезоната (од пенал), победничкиот за Виторул во победата со 2-1 над актуелниот шампион ЧФР Клуж. На 5 октомври 2018, тој ги постигнал двата гола во победата со 2-1 на гостувањето кај ЧСМ Политехника Јаши. На 25 мај 2019, Хаџи го освоил својот прв трофеј во кариерата откако Виторул ја победил Астра Џурџу со 2–1 во финалето на Купот на Романија.

Генк[уреди | уреди извор]

На 12 јули 2019, белгискиот шампион Генк го купил Хаџи потпишувајќи со играчот петгодишен договор.[17] Сумата на трансферот изнесувала 8 милиони евра со вклучени бонуси за одредени успеси.[18][19]

Своеото деби за Генк го направил на отворањето на белгиското првенство на 26 јули 2019, притоа постигнувајќи го победничкиот гол за својот тим во победата со 2-1 над Кортријк.[20]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Романија Виторул Констанца[уреди | уреди извор]

Белгија Генк[уреди | уреди извор]

Индивидуални[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tatăl-antrenor, fiul-jucător. Gică şi Ianis Hagi, lângă Cruyff, Zidane și Maldini“ [Father-coach, son-player. Gică and Ianis Hagi, then Cruyff, Zidane and Maldini] (романски). DigiSport. 6 December 2014. Посетено на 3 September 2015.
  2. „Ianis, fiul lui Hagi, dezvăluire emoționantă: "Tata ..." [Ianis, son of Hagi, moving revelation: "Father ..."] (романски). Click. 6 February 2015. Посетено на 3 September 2015.
  3. Gladwell, Ben (4 October 2016). „Ianis Hagi sets sights on Fiorentina debut after adapting to 'beautiful' club“. ESPN FC. Посетено на 8 May 2017.
  4. Paul-Daniel Zaharia (26 September 2015). „UEFA.com's weekly wonderkid: Ianis Hagi“. UEFA. Посетено на 11 May 2017.
  5. Michael Yokhin (26 August 2015). „Gheorghe and Ianis Hagi building the future of Romanian football at Viitorul“. ESPN FC. Посетено на 11 May 2017.
  6. Michael Yokhin (8 October 2016). „19 teenagers you won't be able to ignore over the next year“. FourFourTwo. Посетено на 11 May 2017.
  7. „Ianis Hagi, nel nome del padre“ [Ianis Hagi, in the name of the father]. La Repubblica (италијански). 17 August 2016. Посетено на 11 May 2017.
  8. Francesco Oddi (1 August 2016). „Fiorentina, da Chiesa, Hagi a Satalino, ecco i giovani in ritiro con Paulo Sousa“ [Fiorentina, from Chiesa, Hagi to Satalino, here are the youngsters at the training camp with Paulo Sousa]. La Gazzetta dello Sport (италијански). Посетено на 11 May 2017.
  9. „Ultima etapă a turului. Viitorul – Botoşani 1–2. Ianis Hagi a debutat în Liga 1. Gaz Metan – Braşov 2–1. A fost ultimul meci pentru Szabo, în locul său va veni Dusan Uhrin“ [The last day of the first leg. Viitorul – Botoşani 1–2. Ianis Hagi made his Liga I debut. Gaz Metan – Braşov 2–1. The final match for Szabo, who will be replaced by Dušan Uhrin] (романски). ProSport. 5 December 2014. Посетено на 29 August 2015.
  10. „Zi istorică în Liga 1! Ianis Hagi a marcat primul său gol cu o execuţie de senzaţie » Ce a zis la finalul jocului“ [Historical day in Liga I! Ianis Hagi scored his first goal with an amazing strike! » What he said at the end of the match]. Gazeta Sporturilor (романски). 29 May 2015. Посетено на 29 August 2015.
  11. „Casa "Regală" » Ianis Hagi propulsează Viitorul pe primul loc, după 4–0 cu ACS Poli Timișoara“ ["Royal" House » Ianis Hagi propels Viitorul to first place, after a 4–0 with ACS Poli Timișoara]. Gazeta Sporturilor (романски). 22 August 2015. Посетено на 29 August 2015.
  12. „Ianis Hagi a ratat un penalty contra Concordiei!“ [Ianis Hagi missed a penalty against Concordia!] (романски). DigiSport. 17 August 2015. Посетено на 29 August 2015.
  13. „Next Generation 2015: 50 of the best young talents in world football“. The Guardian. 7 October 2015. Посетено на 11 May 2017.
  14. „Cagliari-Fiorentina 3–5, Kalinic e Bernardeschi trascinano i viola“ [Cagliari-Fiorentina 3–5, viola follow Kalinic and Bernardeschi's trail]. La Repubblica (италијански). 23 October 2016. Посетено на 15 December 2016.
  15. „Bine ai revenit, căpitane!“ [Welcome back, captain!] (романски). Viitorul Constanța. 18 January 2018. Посетено на 30 January 2018.
  16. „Hagi l-a acuzat că i-a dat "reject" lui Ianis şi a primit răspunsul. Ce i-a transmis oficialul Fiorentinei“ [Hagi accused him of "shelving" Ianis and got an answer. The reply of the Fiorentina official] (романски). Digi Sport. 12 February 2018. Посетено на 20 February 2018.
  17. „Hagi landt in Genk!“ [Hagi arrives in Genk!] (холандски). K.R.C. Genk. 12 July 2019. Посетено на 13 July 2019.
  18. „Suma reală primită de Viitorul, după transferul lui Ianis Hagi!“ [The real sum Viitorul received after Ianis Hagi's transfer] (романски). DigiSport. 12 July 2019. Посетено на 13 July 2019.
  19. „Gică Hagi, prima reacţie după transferul lui Ianis la Genk: "Am refuzat o ofertă de 3-4 ori mai mare". Detalii despre suma de transfer“ [Gică Hagi, first reaction after Ianis' transfer to Genk: "We rejected an offer 3-4 times bigger".] (романски). ProSport. 12 July 2019. Посетено на 13 July 2019. Even more, Viitorul's manager announced that the sum was lower than 10 million euros, ...
  20. „GENK - KORTRIJK 2-1 // VIDEO Ianis Hagi, GOL la prima atingere pentru Genk! Gică Hagi a explodat de fericire în tribune“ (романски). Gazeta Sporturilor. 26 July 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]