Александру Чикалдау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александру Чикалдау
Лични податоци
Полно име Александру Чикалдау
Роден на 8 јули 1997 (1997-07-08) (24 г.)
Роден во Меџидија, Романија
Држава Романија Романија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Университатеја Крајова ЧСУ Крајова
Број 10
Младинска кариера
Акдемија Георге Хаџи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2018 Виторул Констанца Виторул Констанца 42 (1)
2018- Университатеја Крајова ЧСУ Крајова 35 (4)
Репрезентација
2015-2016 Романија Романија 19 6 (0)
2017- Романија Романија 21 9 (2)
2018- Романија Романија 4 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 10 јули 2016.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 10 јули 2016

Александру Чикалдау (роден на 8 јули 1997 во Меџидија) — романски фудбалер, играч од средниот ред на Университатеја Крајова и на романската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Централен играч од средниот ред со одлична визија за играта, вешт во вертикализацијата на нападите на својата екипа и добар изведувач на прекини (слободни удари и корнери); поради неговите карактеристики во италијанските медиуми бил споредуван со Марко Верати.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Виторул Констанца[уреди | уреди извор]

Чикалдау израснал во Сату Ноу, село во близина на Меџидија, округот Констанца и започнал да игра фудбал на возраст од 8 години. Подоцна се приклучил на Академија Георге Хаџи, која служи како младински сектор на фудбалскиот клуб Виторул Констанца.[2]

Своето деби во првата дивизија за Виторул го имал на 31 март 2016 година, на возраст од 18 години, во ремито 1-1 против Тргу Муреш.[3] Тој станал стандарден првотимец на клубот во сезоната 2017-2018,[4] забележувајќи 38 настапи и еден гол во сите натпреварувања.

Университатеа Крајова[уреди | уреди извор]

На 6 јули 2018 година, Чикалдау се преселил во ЧС Университатеа Крајова потпишувајќи четиригодишен договор со клубот.[5] Според медиумите сумата на трансферот иззнесувала 1 милион евра, при што Виторул исто така има право на процент од идната продажба.[2][6][7] Своето прво појавување во "бело-синиот" дрес, Чикалдау го имал осум дена подоцна во Суперкупот на Романија, играјќи го целиот натпревар од почеток до крај во поразот со 1-0 од ЧФР Клуж.[8]

Својот прв гол Чикалдау го постигнал во првенствената победата со 3-0 над Астра Џурџу, на 26 октомври 2018. Потоа, тој го пронашол патот на топката до мрежата повторно само четири дена подоцна, овој пат во победата со 4-1 над Турну Магуреле во Купот на Романија.[9] На 31 март 2019, Чикалдау постигнал гол со глава во поразот со 3–2 на гостувањето кај ФКСБ.[10] Својата прва сезона со Университатаеа Крајова ја завршил со 43 настапи и 5 гола во сите натпреварувања.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Најпрво, Чикалдау ја претставувал Романија во селекцијата под 19 години, забележувајќи 6 настапи без постигнат гол во периодот 2015-2016.

Од 2017 година настапува за репрезентацијата под 21 година, со која настапил и на Европското првенство 2019 во Италија и Сан Марино.

Својот прв повик во сениорската репрезентација, Чикалдау го добил во март 2018 година.[11] Дебитирал на 24 истиот месец, влегувајќи како замена во 83-тата минута во пријателскиот натпревар против Израел, што Романија го добила со 2-1.[12]

Титули[уреди | уреди извор]

Романија Виторул Констанца[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Un talento al giorno, Alexandru Cicaldau: il Verratti transilvano tuttomercatoweb.com
  2. 2,0 2,1 „Cicâldău a părăsit cantonamentul Viitorului și vine la București să semneze cu noua echipă!“ [Alexandru Cicâldău left Viitorul and is travelling to Bucharest to sign for a new team]. Gazeta Sporturilor (романски). 5 July 2018. Посетено на 6 July 2018.
  3. „ASA Tg. Mureș - Viitorul 1-1“ (романски). Digi Sport. 31 March 2016. Посетено на 25 March 2018.
  4. „INTERVIU VIDEO | "Da! La început eram doar un puşti promiţător". Ca la 20 de ani, fără griji dar adulat de fani. Cicâldău vorbeşte despre Hagi, interesul lui Becali şi naţionala de tineret“ [VIDEO INTERVIEW | "Yes! At first I was just a promising youth." Like a 20-year-old, without worries but beloved by fans. Cicâldău talks about Hagi, Becali's interest and the youth national team] (романски). ProSport. 10 November 2017. Посетено на 25 March 2018.
  5. „Alexandru Cicâldău, jucătorul Științei pentru 4 ani!“ [Alexandru Cicâldău, the player of Știința for the next 4 years!] (романски). CS Universitatea Craiova. 6 July 2018. Посетено на 6 July 2018.
  6. „Transfer URIAS in Liga 1! Unul dintre cei mai doriti jucatori a ales-o pe Craiova dupa ce a refuzat FCSB si CFR Cluj! Anuntul diminetii“ [HUGE transfer in Liga 1! One of the most desired players chose Craiova after rejecting FCSB and CFR Cluj!] (романски). Sport.ro. 5 July 2018. Посетено на 6 July 2018.
  7. „Câţi bani primeşte Hagi pentru transferul lui Cicâldău. Suma care l-a convins pe "Rege" să-şi vândă unul dintre cei mai buni fotbalişti la Craiova“ [How much money Hagi receives for the transfer of Cicâldău. The sum that convinced "the King" to sell one of his best footballers to Craiova] (романски). ProSport. 6 July 2018. Посетено на 6 July 2018.
  8. „CFR Cluj a câștigat Supercupa României 2018“ [CFR Cluj won the 2018 Romanian Supercup] (романски). Romanian Football Federation. 14 јули 2018. Архивирано од изворникот на 15 јули 2018. Посетено на 15 јули 2018.
  9. „Craiova a facut spectacol cu echipa lui Dragnea, in Cupa Romaniei“ [Craiova impressed against Dragnea's team, in the Romanian Cup]. Ziare.ro (романски). 30 October 2018. Посетено на 2 November 2018.
  10. „FCSB - Craiova 3-2. Rezerva Gnohere a adus victoria roș-albaștrilor, după un meci nebun, cu greșeli mari de arbitraj“ [FCSB - Craiova 3–2. Substitute Gnohéré brought the victory of "the Red-Blues", after a crazy match, with many referee mistakes]. DigiSport (романски). 31 March 2019. Посетено на 5 March 2018.
  11. „27 de jucători convocați pentru "dubla" cu Israel și Suedia“ [27 players called-up for the "double" with Israel and Sweden] (романски). Romanian Football Federation. 16 март 2018. Архивирано од изворникот на 17 март 2018. Посетено на 17 март 2018.
  12. „Israel - România 1-2. Tricolorii au revenit spectaculos și câștigă primul amical al anului“ [Israel - Romania 1–2. The Tricolours win the first friendly of the year] (романски). Digi Sport. 24 March 2018. Посетено на 24 March 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]