Бруно Алвес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бруно Алвес
Bruno Alves 2018.jpg
Лични податоци
Роден на 27 ноември 1981 (1981-11-27) (39 г.)
Роден во Повоа де Варзим, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Парма Парма
Број 22
Младинска кариера
1992–1999 Варзим Варзим
1999–2000 Порто Порто
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2002 Порто Б Порто Б 58 (8)
2002–2010 Порто Порто 119 (14)
2002–2003Фаренсе Фаренсе 46 (3)
2003–2004Гимараеш Виторија Гимараеш 26 (1)
2004–2005АЕК АЕК Атина 27 (0)
2010–2013 Зенит Ст. Петербург Зенит Ст. Петербург 71 (1)
2013–2016 Фенербахче Фенербахче 75 (3)
2016–2017 Каљари Каљари 36 (1)
2017–2018 Ренџерс Ренџерс 20 (1)
2018– Парма Парма 29 (4)
Репрезентација
2001–2002 Португалија Португалија 20 10 (1)
2002–2004 Португалија Португалија 21 19 (2)
2004 Португалија Португалија 23 3 (0)
2007- Португалија Португалија 96 (11)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 7 март 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 13 ноември 2016

Бруно Едуардо Регуфе Алвес (роден на 27 ноември 1981 во Повоа де Варзим) — португалски фудбалер, играч од одбраната на Парма и на португалската репрезентација.

Својата кариера ја започнал и го поминал најголемиот дел од неа во екипата на Порто, со која освоил вкупно 9 титули и за која одиграл 171 официјален натпревар. Тој исто така освоил неколку трофеи и во Русија со екипата на Зенит Санкт Петербург, и во Турција со Фенербахче.

Како сениорски репрезентативец на Португалија од 2007 година, Алвес ја претставувал својата земја на три Светски првенства (2010, 2014 и 2018), три Европски првенства (2008, 2012 и 2016, на кое Португалија била победник) и еден Куп на конфедерации.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој е син на поранешниот бразилски фудбалер Вашингтон Хералдо Дијас Алвес, а неговите браќа Хералдо Алвес и Хулио Алвес се исто така фудбалери.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Порто[уреди | уреди извор]

Алвес е роден во Повоа де Варзим и започнал да игра фудбал во локалниот клуб ФК Варзим, пред да премине во младинските категории на Порто на возраст од 17 години. После три последователни позајмици во периодот 2002-2005, две во Португалија[2] и уште една во Грција во АЕК Атина,[3] тој се вратил во Порто за сезоната 2005–2006, продолжувајќи го својот договор со клубот до 2010 година[4] и се борел за место во стартната постава со Рикардо Коста и Жоао Пауло. Алвес одиграл седум првенствени натпревари за подоцнежните шампиони, но бил и неславно исклучен на 15 октомври 2005 година во поразот на домашен терен со 0-2 од Бенфика, по удирањето со глава на противничкиот играч Нуно Гомеш.

Пристигнувањето на тренерот Жезуалдо Фереира на клупата на Порто во летото 2006 година, било пресвртница во кариерата на Алвес.[5] Тој ја добил битката со тешката конкуренција за стартното место во тимот кај новиот тренер, формирајќи цврсто партнерство во центрарот на одбраната со Пепе. Импресивната кампања (2006-2007), му донела на играчот голем број на пофалби за неговите перформанси за време на сезоната, во која тој одиграл 28 од 30-те натпревари на Порто во лигата, а клубот освоил уште едно национално првенство.

На 7 април 2009 година, раната грешка на Алвес во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд довела до изедначувачки погодок на Вејн Руни[6]– натпреварот завршил нерешено 2–2 а Порто бил елиминиран со вкупен резултат 3-2. Сепак, на 10 мај, тој со удар со глава го постигнал единствениот погодок во победата на домашен терен против Насионал, што на клубот и на играчот им ја обезбедила четвртата последователна национална титула.[7] Алвес исто така бил избран и за Фудбалер на годината во Примеира лигата за 2009.

Зенит Санкт Петербург[уреди | уреди извор]

Алвес играјќи за Зенит.

На 3 август 2010 година, на возраст од 28 години, Алвес потпишал за рускиот клуб Зенит Санкт Петербург во трансфер вреден 22 милиони евра,[8] придружувајќи име се во составот на сонародниците Дани и Фернандо Меира. Веднаш по неговото доаѓање, тренерот Лучано Спалети го опишал Алвес како многу важен играч за тимот, забележувајќи го неговото искуство, способност за игра во воздухот и силен карактер.[9]

Своето деби за новиот клуб го направил на 14 август 2010, во натпревар на домашен терен против Динамо Москва во Руската Премиер лига кој завршил нерешено 1-1, играјќи ги комплетните 90 минути. Својот прв гол за Зенит го постигнал на 30 септември 2010, против неговиот поранешен клуб АЕК Атина во групната фаза од Лигата на Европа.[10] Својата прва полусезона во Зенит ја завршил со 14 првенствени настапи, помагајќи му притоа на клубот да стане шампион на Русија.

Следната сезона Алвес одиграл 45 натпрвевари за Зенит во сите натпрвеварувања, помагајќи му на клубот да ја одбрани титулата во руското првенство и да го освои Суперкупот, со победа над ЦСКА Москва.

Фенербахче[уреди | уреди извор]

Алвес играјќи за Фенербахче во 2014.

На 5 јуни 2013, Алвес се согласил да му се приклучи на турскиот Фенербахче, потпишувајќи тригодишен договор за плата од 2.5 милиони евра по сезона, во трансфер вреден 5.5 милиони евра.[11][12] Дебитирал за Фенер на 31 јули 2013, во натпреварот против Ред Бул Салцбург одигран во Австрија во третата рунда од квалификациите за Лигата на шампионите кој завршил 1-1. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 31 август 2013, во победата со 5-2 на домашен терен над Сиваспор во третото коло од турското првенство. Тој одиграл 25 натпревари и постигнал два гола во неговата прва сезона во Истанбул, помагајќи му на клубот да ја освои титулата во Турската Супер лига.

На почетокот на следната сезона, Алвес играл во Суперкупот на Турција во кој тие го победиле Галатасарај на пенали на 25 август 2014.

На 18 октомври 2014 година, Алвес добил директен црвен картон за удирање на Блерим Џемаили, во поразот со 2-1 од Галатасарај на Турк Телеком Арена.[13] На 25 мај 2015 година, тој повторно бил исклучен правејќи прекршок за пенал против Истанбул Башакшехир, со што станал вториот од четворицата играчи на Фенер кој биле исклучен во тој натпревар кој завршил нерешено 2-2, со што жолто-црните и дозвоиле на Галатасарај да ја осигура титулата во првенството.[14]

Каљари[уреди | уреди извор]

На 5 јуни 2016, Алвес потпишал двегодишен договор со Каљари, повратникот во италијанската Серија А.[15] Своето деби за клубот го направил на 15 август 2016, во победата со 5–1 на домашен терен над СПАЛ во Купот на Италија,[16] а дебито во Серија А го имал шест дена подоцна во натпреварот Џенова-Каљари 3-1. Својот прв и единствен погодок за Каљари го постигнал од слободен удар на 11 септември, во поразот со 2-1 од Болоња на Дал'Ара.[17]

Сезоната ја завршил со 36 настапи во Серија А и еден во Купот на Италија и еден постигнат гол.

Ренџерс[уреди | уреди извор]

На 31 мај 2017, Алвес потпишал двегодишен договор со шкотскиот Ренџерс за необјавена сума.[18][19]

Парма[уреди | уреди извор]

Во летото 2018, Алвес се вратил во Италија, потпишувајќи договор со новопромовираната екипа во Серија А Парма до 30 јуни 2019.[20] Веднаш по доаѓањето тој бил назначен за водач на тимот и му била доделена капитенската лента по заминувањето на Алесандро Лукарели кој се пензионирал по завршувањето на претходната сезона во Серија Б. Дебитирал за емилијаните на 19 август 2018 во првото коло од Серија А 2018-2019, во натпреварот Парма-Удинезе 2-2.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Алвес играјќи за Португалија во 2011.

Алвес играл за Португалија на Летните олимписки игри 2004, каде што репрезентацијата го завршила учеството во Грција после само три натпревари. Претходно тој бил член и на репрезентациите под 20 и под 21 година.

Своето деби за сениорската ререзентација го добил од страна на селекторот Луис Фелипе Сколари во јуни 2007 година, против Кувајт во пријателски натпревар што завршил нерешено 1–1.[21][22] Следната година тој бил избран во составот за Европското првенство 2008, играјќи во поразот со 0–2 од Швајцарија во групната фаза.[23]

Тој бил постојан стартер во репрезентацијата за време на квалификациите за Светското првенство 2010, а во еден од овие натпревари против Албанија на 6 јуни 2009, го постигнал својот прв гол за Португалија и тој се покажал како победнички во успехот со 2-1, дозволувајќи и на Португалија да обезбеди место во баражот.[24] Таму, во првиот натпревар одигран во Лисабон, тој исто така бил стрелец (на единствениот гол во натпреварот) против Босна и Херцеговина,[25] помагајќи им на португалците да обезбедат пласман на мундијалот со вкупен резултат 2-0; тој, исто така ги одиграл сите натпревари и минути на завршниот турнир во Јужна Африка, каде неговата земја била елиминирана во осминафиналето.

Алвес ги одиграл сите натпревари и минути и на следниот голем турнир на кој Португалија настапила, Европското првенство 2012, играјќи во тандем заедно со поранешниот тимски колега од Порто Пепе. Во полуфиналето, против Шпанија, тој бил еден од двата играчи на Португалија што промашиле пенал во поразот со 4-2 на пенали откако по 120 минути резулататот бил 0-0.[26]

Десет дена подоцна, откако бил вклучен во изборот од 23 играчи на селекторот Пауло Бенто за Светското првенство 2014,[27] Алвес го постигнал победничкиот гол во пријателскиот натпревар против Мексико што завршил 1-0, а тоа бил негов 10-ти гол за сениорската репрезентација. Дебитирал на Светското првенство 2014 во првиот натпревар од групната фаза, поразот со 0-4 од Германија;[28] тој, исто така, започнал и во следните два натпревари на турнирот во Бразил, во испаѓањето на репрезентацијата уште во групната фаза.

Алвес бил избран и во составот за Европското првенство 2016 во Франција.[29] Во претпоследниот натпревар од подготовките за турнирот против Англија на 2 јуни, тој добил црвен картон на десеттина минути пред крајот на првото полувреме за старт со високо подигната нога кон главата на Хари Кејн;[30] што бил неговиот прв црвен картон во репрезентативниот дрес. Својот прв настап на турнирот го имал дури во полуфиналето против Велс поради повредата на Пепе,[31] и ги одиграл комплетните 90 минути во победата со 2–0 во Лион.[32]

Во мај 2017 година, Алвес бил избран во тимот на европскиот шампион за Купот на конфедерации 2017.[33] Тој одиграл 4 натпревари на турнирот, а Португалија го освоила третото место.

Следната година, бил избран во португалскиот состав за Светското првенство 2018 кое исто така се одржало во Русија.[34] Сепак, таму не одиграл ниту еден натпревар, а Португалија била елиминирана во осминафиналето.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 22 април 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1999-2000 Португалија Порто Б СД 4 0 - - - - - - - - - 4 0
2000-2001 СД 36 6 - - - - - - - - - 36 6
2001-јан. 2002 СД 17 2 - - - - - - - - - 17 2
Вкупно Порто Б 58 8 58 8
јан.-јун. 2002 Португалија Фаренсе ПЛ 15 0 - - - - - - - - - 15 0
2002-2003 СЛ 31 3 КП 2 0 - - - - - - 33 3
Вкупно Фаренсе 46 3 2 0 - - - - 48 3
2003-2004 Португалија Виторија Гимараеш ПЛ 25 1 КП+ЛКП 1+0 0 - - - - - - 26 1
2004-2005 Грција АЕК Атина АЕ 27 0 КГ 10 1 КУ 5 0 - - - 42 1
2005-2006 Португалија Порто ПЛ 7 0 КП+ЛКП 1+0 0 ЛШ 3 0 - - - 11 0
2006-2007 ПЛ 28 2 КП+ЛКП 0+0 0 ЛШ 8 0 СП 0 0 36 2
2007-2008 ПЛ 27 2 КП+ЛКП 3+0 0 ЛШ 8 0 СП 1 0 39 2
2008-2009 ПЛ 30 5 КП+ЛКП 4+1 0 ЛШ 10 1 SP 1 0 46 6
2009-2010 ПЛ 27 5 КП+ЛКП 5+2 0 ЛШ 8 1 СП 1 1 43 7
Вкупно Порто 119 14 16 0 37 2 3 1 175 17
2010 Русија Зенит Ст. Петербург ПЛ 14 0 КР 2 0 ЛШ+ЛЕ 2[35]+7 0+1 - - - 25 1
2011-2012 ПЛ 36 0 КР 3 0 ЛШ 5 0 СР 1 0 45 0
2012-2013 ПЛ 21 1 КР 3 1 ЛШ+ЛЕ 5+1 0 СР 1 0 31 2
Вкупно Зенит 71 1 8 1 20 1 2 0 101 3
2013-2014 Турција Фенербахче СЛ 25 2 КТ 0 0 ЛШ 4[36] 0 СТ 1 0 30 2
2014-2015 СЛ 24 0 КТ 5 1 - - - СТ 1 0 30 1
2015-2016 СЛ 26 1 КТ 3 0 ЛШ+ЛЕ 2[37]+10[38] 0 - - - 41 1
Вкупно Фенебрахче 75 3 8 1 16 0 2 0 101 4
2016-2017 Италија Каљари А 36 1 КИ 1 0 - - - - - - 37 1
2017-2018 Шкотска Ренџерс ШПЛ 20 1 КШ+ЛКШ 2+3 0+1 ЛЕ 0 0 - - - 25 2
2018-2019 Италија Парма А 30 4 КИ 0 0 - - - - - - 30 4
Вкупно во кариерата 507 36 51 4 78 3 7 1 643 44

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Португалија Порто[уреди | уреди извор]

Русија Зенит[уреди | уреди извор]

Турција Фенербахче[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Португалија Португалија под 21 година[уреди | уреди извор]

Португалија Португалија[уреди | уреди извор]

Индивидуални[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Profilo su Calciozz.it
  2. „F.C. Porto confirma empréstimos de Ibarra, Tonel e Bruno Alves“ [F.C. Porto confirm loans of Ibarra, Tonel and Bruno Alves] (португалски). Mais Futebol. 11 July 2002. Посетено на 1 January 2018.
  3. Porto promise to AEK; UEFA, 4 August 2004
  4. Porto trio commit futures; UEFA, 28 October 2005
  5. „Jesualdo ao ataque por Bruno Alves“ [Jesualdo on the offense for Bruno Alves]. Jornal de Notícias (португалски). 24 August 2008. Посетено на 22 June 2017.
  6. Last-gasp Mariano goal puts Porto in position; UEFA, 7 April 2009
  7. „FC Porto é tetra-campeão“ [FC Porto are back-to-back-to-back-to-back champions] (португалски). Jornalismo Porto Net. 10 May 2009. Посетено на 22 June 2017.
  8. Comunicado (Announcement) Archived 24 декември 2011 at the Wayback Machine; FC Porto, 3 August 2010 (in Portuguese)
  9. Лучано Спаллетти: "Главное – самоотдача и профессионализм" [Luciano Spalletti: "The main thing – dedication and professionalism"] (руски). FC Zenit. 12 August 2010. Архивирано од изворникот на 15 August 2010.
  10. „Zenit zip proves too much for AEK“. UEFA. 30 September 2010. Посетено на 30 June 2015.
  11. „Bruno Eduardo Regufe Alves'in transferi konusunda kendisi ve Zenit Kulübü ile anlaşmaya varılmıştır“ [Bruno Eduardo Regufe Alves reached agreement with Zenit Club over transfer] (турски). KAP. 5 June 2013. Посетено на 3 June 2016.
  12. „Bruno Alves swaps Zenit for Fenerbahçe“. UEFA. 6 June 2013. Посетено на 6 June 2013.
  13. „Galatasaray's Sneijder shoots down Fenerbahçe in derby after late goal flurry“. Hürriyet Daily News. 19 August 2014. Посетено на 16 June 2015.
  14. „Turkish Super Lig review: Galatasaray crowned champions as Fener have four sent off“. FourFourTwo. 25 May 2015. Посетено на 16 June 2015.
  15. „Bruno Alves indosserà la maglia del Cagliari Calcio“ [Bruno Alves will wear shirt of Caglari Calcio] (италијански). Cagliari Calcio. 6 June 2016. Посетено на 30 May 2017.
  16. „Coppa Italia, Cagliari-Spal 5–1: show di Borriello, 4 gol, a segno anche Sau“ [Italian Cup, Cagliari-Spal 5–1: Borriello show, 4 goals, Sau also scored]. La Gazzetta dello Sport (италијански). 15 August 2016. Посетено на 13 November 2016.
  17. „Bologna 2–1 Cagliari“. ESPN FC. 11 September 2016. Посетено на 18 October 2016.
  18. „Rangers sign Bruno Alves“. Rangers F.C. 31 May 2017. Посетено на 31 May 2017.
  19. „Rangers complete Bruno Alves signing as Portugal defender pens two-year deal at Ibrox“. Daily Record. 31 May 2017. Посетено на 31 May 2017.
  20. „Bruno Alves è un giocatore del Parma“ [Bruno Alves is a Parma player] (италијански). Parma Calcio. 12 July 2018. Посетено на 12 July 2018.
  21. Scolari names uncapped trio in Portugal squad; ESPN Soccernet, 22 May 2007
  22. „Portugal cede empate com o Kuwait“ [Portugal allow Kuwait draw] (португалски). Mundo Português. 5 June 2007. Посетено на 15 November 2017.
  23. „Yakin goals send hosts out on a high“. UEFA. 16 June 2008. Посетено на 22 June 2017.
  24. Alves is king as Portugal prevail Archived 30 ноември 2009 at the Wayback Machine; UEFA, 6 June 2009
  25. „Portugal salva los muebles ante Bosnia“ [Portugal save their bacon against Bosnia]. Marca (шпански). 14 November 2009. Посетено на 26 March 2018.
  26. „Spain survive test of nerve to reach final“. UEFA. 27 June 2012. Посетено на 28 June 2012.
  27. „Portugal World Cup 2014 squad“. The Daily Telegraph. 2 June 2014. Посетено на 26 June 2014.
  28. „Muller-inspired Germany thrash ten-man Portugal“. FIFA. 16 June 2014. Посетено на 26 June 2014.
  29. „Portugal name Bayern Munich signing Renato Sanches for Euros squad“. ESPN FC. 17 May 2016. Посетено на 8 June 2016.
  30. „Bruno Alves sent off for high kick on Harry Kane in England v Portugal friendly at Wembley“. The Sydney Morning Herald. 3 June 2016. Посетено на 3 June 2016.
  31. „Antevisão da meia-final: Portugal – País de Gales“ [Semi-final preview: Portugal – Wales] (португалски). UEFA. 5 July 2016. Посетено на 6 July 2016.
  32. „Portugal reach EURO final as Wales fairy tale ends“. UEFA. 6 July 2016. Посетено на 6 July 2016.
  33. „Portugal omits Euro 2016 standouts Eder, Renato Sanches for Confederations Cup“. Sports Illustrated. 25 May 2017. Посетено на 21 June 2017.
  34. „Nearly half Portugal's Euro squad to miss World Cup“. Special Broadcasting Service. 17 May 2018. Посетено на 17 May 2018.
  35. Во плејофот.
  36. Во квалификациските рунди.
  37. Трето квалификациско коло.
  38. Еден настап во плејофот.
  39. "Portugal fez uma prova excelente", diz Fernando Santos“ ["Portugal had an excellent tournament", Fernando Santos says] (португалски). TSF. 2 July 2017. Посетено на 4 July 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]