Сиваспор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сиваспор
Целосно имеСиваспор Кулубу
ДржаваТурција Турција
ПрекарYiğidolar (Храбрите)
Основан9 мај 1967; пред 56 години (1967-05-09)
Бои          црвена и бела
СтадионНов стадион 4 септември
Сивас, Турција
Капацитет27,532
ПретседателТурција Меџнун Отјакмаз[1]
МенаџерТурција Булен Ујгун
Лига Суперлига на Турција
2023–24Суперлига, 14. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Сиваспор е турски фудбалски клуб од градот Сивас. Во моментов се натпреварува во Суперлигата на Турција, највисокото фудбалско ниво во оваа земја.

Клубот е основан во 1967 година, а за првпат промоција во најсилната фудбалска лига во Турција избориле во сезоната 2005-2006. Набргу потоа, дошле и најуспешните години во историјата на клубот, кога тие се бореле за титулата во Суперлигата во две последователни сезони (2007–2008 и 2008–2009), на крајот завршувајќи четврти и втори соодветно. Тие, исто така, го освоиле четвртото место и на крајот од сезоната 2019–2020; во сите овие сезони првата половина од лигата ја завршиле на врвот на табелата. Сепак, за најголем успех во историјата на Сиваспор досега се смета освојувањето на Купот на Турција во сезоната 2021-2022, што е и единствената поважна титула на клубот.

Својте домашни натпревари Сиваспор ги игра на Новиот стадион 4 септември во Сивас. Традиционалната опрема на клубот се дресовите во црвено-бели пруги и црвени шорцеви.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

[2]

Бр. Позиција Играч
3 Турција ОД Угур Чифтчи
4 Габон ОД Арон Апиндангоје
7 Нигерија НП Ахмед Муса
8 Грција СР Карис Карисис
9 Албанија НП Реј Манај
10 Камерун НП Клинтон Н'Жие
12 Турција СР Ибрахим Акдаг
13 Турција ГМ Ѓорѓе Николиќ
14 Мали ОД Самба Камара
16 Турција СР Бурак Капаџак
17 Турција СР Емрах Башсан
19 Чешка СР Роман Квет
20 Турција СР Керем Атакан Кесгин
21 Турција СР Емре Ѓекај
23 Турција ОД Аладин Окумуш
Бр. Позиција Играч
30 Хрватска СР Мијо Цакташ
33 Турција СР Бартг Елмаз
35 Турција ГМ Али Шашал Вурал
37 Турција СР Хакан Арслан
44 Грција ОД Ахилеас Пунгурас
55 Гвинеја НП Бенгали-Фоде Коита
58 Турција ОД Зија Ердал
69 Турција ОД Мехмет Албарјак
77 Гамбија СР Моду Бароу
88 Турција ОД Џанер Османпаша
90 Узбекистан СР Азизбек Тургунбоев
91 Турција ГМ Хусејин Арслан
95 Холандија НП Квинси Мениг
99 Турција ОД Мурат Палули

Титули[уреди | уреди извор]

2004–2005, 2016–2017
2021-2022

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „SİVAS 4 EYLÜL“. Turkish Football Federation. Посетено на 2008-07-09.
  2. „Futbolcular“. Посетено на 24 December 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]