Дуван Сапата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дуван Сапата
Barça - Napoli - 20140806 - 14 - Duvan Zapata.jpg
Лични податоци
Полно име Дуван Естебан Сапата Бангуеро
Роден на 1 април 1991 (1991-04-01) (28 г.)
Роден во Кали, Колумбија
Држава Колумбија Колумбија
Висина &100000000000001890000001,89 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Аталанта Аталанта
Број 91
Младинска кариера
Америка де Кали Америка Кали
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2011 Америка де Кали Америка Кали 38 (7)
2011-2013 Естудиантес Естудиантес 44 (19)
2013-2017 Наполи Наполи 37 (11)
2015-2017Удинезе Удинезе 63 (18)
2017- Сампдорија Сампдорија 31 (11)
2018-Аталанта Аталанта 37 (23)
Репрезентација
2011 Колумбија Колумбија 20 5 (1)
2017- Колумбија Колумбија 10 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 10 јули 2016.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 10 јули 2016

Дуван Естебан Сапата Бангуеро (роден на 1 април 1991 во Кали) е колумбиски фудбалер, напаѓач на Аталанта, на заем од Сампдорија, и на колумбиската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дуван Сапата е роден во Кали, Колумбија, како едно од двете деца на Оливер Сапата и Елфа Бангуера;[1] тој има и сестра по име Карол,[1] додека неговиот братучед, Кристијан Сапата, е исто така професионален фудбалер и репрезентативец на Колумбија.[2]

Тој е оженет со Нана Монтањо,[1] со која имаат две деца син и ќерка.[2]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Централен напаѓач со огромна физичка моќ, карактеристика што му овозможува да игра добро свртен со грб кон голот. Тој има моќен и прецизен шут, а исто така е вешт во играта во воздуот и во играта еден на еден.[3]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Америка Кали[уреди | уреди извор]

Сапата ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на Америка де Кали. Тој бил промовиран во првиот тим во 2008, и истата година на 18 мај го направил своето деби во натпреварот против Бојака Чико, во кој го забележал и својот прв гол во професионалната кариера.[4] Со текот на времето, постепено тој станал редовен стартер во клубот. На 13 февруари 2011, Сапата го постигнал својот прв хет-трик во кариерата, во победата со 3–2 над Депортиво Переира. Откако настапувал за Колумбија на Светското првенство за играчи под 20 години 2011, било објавено дека Сапата ќе му се приклучи на аргентинскиот клуб Естудиантес де Ла Плата на едногодишна позајмица.

Естудијантес[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, Сапата му се приклучил на Естудијантес на заем за 120.000 долари со можност за откуп за 1.2 милиони долари.[5][6] Сапата постигнал гол уште на своето деби во победата со 3–2 над Белграно. Во текот на својата прва година со Естудијантес, Сапата повремено настапувал и за резервниот тим, но и покрај тоа, тој сепак успеал да постигне четири гола во осум натпревари во Торнео Клаусура 2012. Вкупно во првата сезона во Естудијантес, во Апертура и Клаусура првенствата, Сапата постигнал 5 гола во 11 натпревари. Во текот на летото 2012 година, Естудијантес купил половина права од договорот на Сапата од Америка де Кали.

Во сезоната 2012-2013, Сапата се појавува како редовен член во стартните единаесет на Естудијантес, и со 16 гола на 33 натпревари се претворил во фундаментален дел од тимот. Одличната сезона привлекува интерес за него од европските клубови.[7][8]

Во јули 2013 година, англискиот клуб член на Премиер лигата Вест Хем Јунајтед поднел барање за добивање на работна дозвола за Сапата пред можниот негов трансфер од Естудијантес. Иако не ги исполнувал вообичаените барања за дозвола, Вест Хем се обидел да го обезбеди неговото доаѓање тврдејќи дека тој е "посебен талент" кој ќе ја подобри фудбалската игра во Англија.[9] Сепак, сопствениците на Вест Хем веднаш потоа објавиле на социјалните мрежи дека се повлекуваат од трансферот.[10]

Наполи[уреди | уреди извор]

На 25 август 2013, Сапата потпишал за Наполи во трансфер вреден 7.5 милиони евра.[11][12] Дебитирал во дресот на Наполи, а во исто време и во Серија А, на 28 септември, во победата со 2-0 против Џенова.[13] Три дена подоцна, дебитирал во Лигата на шампионите, во натпреварот против Арсенал игран на Емирати. На 22 октомври 2013, во истото натпреварување го постигнал својот прв гол во дресот на Наполи, во победата со 2-1 над Олимпик Марсеј на Велодром, само девет минути подоцна по влегувањето во игра на местото на Гонсало Игуаин.[14] Потоа, тој го постигнал својот прв гол пред домашната публика во натпреварот од осминафиналето на Лигата на Европа против Порто, кој завршил со 2-2. Својте први голови во Серија А ги постигнал на 26 март 2014 година, во гостинската победа против Катанија (4-2), во која двапати ја затресол мрежата на сицилијанците.[15] Во мај 2015, тој постигнал уште три гола во првенството, еден во победата со 5-2 на гостувањето кај Сампдорија и два во победата со 5-1 на домашен терен над Верона. Во својата прва сезона со наполитанците постигнал вкупно 7 гола во 22 настапи.

Дури и во сезоната 2014-2015, колумбиецот често се наоѓа себеси како ги започнува натпреварите на клупата за резерви. На 24 септември 2014 година, во третото коло на Серија А 2014-2015, тој го постигнал првиот гол за сезоната во ремито 3-3 на домашен терен против Палермо. Во натпреварот одигран на 22 март 2015 година против Аталанта, го постигнал својот осми гол за сезоната за Наполи, што го прави колумбиец со најмногу постигнати голови во една сезона за наполитанците надминувајќи го Фреди Ринкон кој постигнал 7 во сезоната 1994-1995. Тој исто така во моментов е колумбиски играч со најмногу постигнати голови во дресот на Наполи вкупно 15 во 53 одиграни натпревари во светло синиот дрес.

Удинезе[уреди | уреди извор]

Во јули 2015 година, тој го напуштил Неапол и заминал на двегодишна позајмица во Удинезе, со право на откуп.[16] Дебитирал на 23 август 2015, во победата со 1-0 на гостувањето кај Јувентус, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Антонио Ди Натале. Првиот гол за Удинезе во првенството го постигнал против Емполи. Во првата сезона на Фриули одиграл 25 натпревари во првенството и постигнал 8 гола.

Во втората сезона во клубот тој добил повеќе простор за игра откако капитенот Ди Натале се пензионирал. Сапата играл во сите 38 натпревари од Серија А постигнувајќи 10 гола.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Италија Наполи[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Колумбија Колумбија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Duvan Zapata Biography“. playerswiki.com. 19 јуни 2019. конс. 19 јуни 2019. 
  2. 2,0 2,1 Fabrizio Salvio. „C'era chi mi dava dello scarpone“, SportWeek, 5 јануари 2019.
  3. Andrea Bracco. „Duvan Zapata: 1991 - Colombia“. конс. 13 октомври 2012. 
  4. „Boyacá Chicó vs. América de Cali 3 - 2“. конс. 26 август 2013. 
  5. „Inicio Múnera Eastman Radio 790AM“. Radiomunera.com. конс. 2018-07-18. 
  6. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. конс. 2013-10-23. 
  7. „QPR and West Ham target Duvan Zapata to join ex-Liverpool boss Rafa Benitez at Napoli“. 22 August 2013. конс. 18 July 2018. 
  8. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. конс. 2013-10-23. 
  9. „West Ham apply for work permit for Colombian forward Duván Zapata“. The Guardian. 12 July 2013. конс. 13 July 2013. 
  10. Jones, James (18 July 2013). „West Ham pull plug on Zapata deal - West Ham World“. 
  11. „Napoli sign Estudiantes' Zapata“. ESPN FC. 25 August 2013. конс. 2013-08-25. 
  12. „Primo giorno di allenamento per Zapata“. 26 август 2013. 
  13. „Genoa 0 - 2 Napoli“. 28 settembre 2013. конс. 5 ottobre 2013. 
  14. „Marsiglia-Napoli 1-2: Callejon e Zapata fanno ripartire Benitez“. 22 октомври 2013. 
  15. „Catania-Napoli 2-4, gol di Zapata (2), Callejon, Henrique, Monzon e Gyomber“. 26 март 2014. 
  16. Алан во Наполи“, Наполи, 22 јули 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]