Америка де Кали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Колумбија Америка де Кали
Logo 2013 America.png
Целосно име Америка де Кали С.А.
Прекар(и) Црвени Ѓаволи
Основан 21 декември 1918 (како Америка Фудбал Клуб)
13 февруари 1927 (официјално)
Терен Олимпико Паскуал Гереро
Кали, Колумбија
(Капацитет: 33,130)
Сопственик Тулио Гомес (52%)
Претседател Тулио Гомес
Тренер Ернан Торес
Лига Категорија Примера А
2016 Примера Б, 4-ти (вкупна табела)
Мреж. место Официјално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Америка де Кали е професионален колумбиски фудбалски клуб со седиште во Кали, кој во моментов се натпреварува во Категорија Примера А. Тие ги играат нивните натпревари на Стадионот Олимпико Паскуал Гереро.

Америка де Кали е многу успешен клуб како во домашните, така и во континенталните натпреварувања. Со освоени тринаесет национални првенства, тие се вториот најуспешен тим во Колумбија. На континентално ниво, тие биле финалисти во Копа Либертадорес три последователни години во периодот 1985-1987 и во 1996 година, но во ниту едно од тие финалиња не излегле како победници. Тие на два пати загубиле од Ривер Плата, еднаш од Аргентинос Хуниорс (и двата тима од Аргентина) и еднаш со Пењарол од Уругвај. Тие конечно го освоиле првиот континентален трофеј по освојувањето на Копа Мерконорте во 1999 против локалните ривали Санта Фе.

И покрај недостатокот на континентални признанија, во 1996 година IFFHS го рангира Америка де Кали како втор најдобар клуб во светот, заостанувајќи само зад италијанскиот шампион Јувентус.[1] Во 2011 година, Америка стана најуспешниот колумбиски тим кој испаднал во локалната втората лига.

Клубот официјално бил основан во 1927 година, но трагите за потеклото на Америка Фудбалски Клуб потекнуваат од 1918 година. Америка има голем број на ривалства со тимовите во Колумбија, особено со градските ривали Депортиво Кали. Натпревари меѓу нив се познати како "Класико ваљекаукано". Во другите ривалства се вклучуваат оние со Атлетико Насионал и Милионариос.

Историја[уреди | уреди извор]

Почетоците[уреди | уреди извор]

Во 1918 година, некои ученици кои присуствуваа на училиштето Colegio Santa Librada го основале клубот "ФК Америка", да се натпреварува против другите училишта. Тимот ја освоил Копа Сентарио Батаља де Бојака во 1919. Дресот на клубот бил светло син со бели ленти, сини куси шорцеви, чорапи со сино-бели хоризонтални ленти.[2][3][4]

Америка де Кали е основан на 13 февруари, 1927 во една од најсиромашните населби во Кали. Откако биле протерани од регионалниот шампионат, Америка одлучиле да патуваат низ земјата за да се натпреваруваат со други колумбиски клубови. На 16 февруари, 1948, Америка станал првиот професионален клуб во Колумбија, значително придонесува во воспоставувањето на колумбиското национално првенство.

Првите првенства[уреди | уреди извор]

Некои освоени трофеи на Америка

Америка, и покрај нејзината важна улога во националното фудбалско првенство каде го освоиле второто место, во 1960 не успеале да изборат квалификација за Копа Либертадорес до 1969. Во 1979, со назначувањето на тренерот Габриел Очоа Урибе, Америка го надминува периодот на почетен застој: во 12-те години во кои Очоа Урибе бил на функцијата, Америка ги освои својте први 7 (првата и уште 6 други) национални првенства. Америка, исто така стигнала до финалето на Копа Либертадорес три пати последователно во периодот помеѓу 1985 и 1987, губејќи во сите три случаја.

Насловот во 1979 и сезоните после тоа[уреди | уреди извор]

На 19 декември, 1979, Америка ја освои својата прва национална титула, на денот познат како Aquel 19, од насловот на една песна од Алберто Белтран. Фановите го славеле долго насловот, кој го чекале со години, освоен со победата над Унион Магдалена. Пред освојувањето на националната титула, најголеми успеси за клубот биле победата со 5-0 против локалните ривали Депортиво Кали, сезоната која ја завршиле без ниту еден пораз во 1967, второто место во 1960 и 1969 и пласманот во Копа Либертадорес 1970.

По само три години по освојувањето на првата национална титула, Америка де Кали ќе ја освои и втората. Во еден студен и сив ден, тимот бил во Богота каде го играле натпреварот против Милионариос. Победата дошла со резултат 1-0, и благодарение на резултатите на другите тимови конкуренти, Америка ја освои титулата.

Во 1983 клубот го обнови составот по повод Копа Либертадорес. Даниел Теглија, Клаудио Касарес, Вилингтон Ортиз, Рафаел Агудељо, Хенри Алапе, Хорхе Порас и Луис Антонио Марколата биле главните засилувања, заедно со бразилците Адемир Пратисио и Кокота. Елиминирањето во полуфиналето на тимот не влијаело на играчите кои ја освоиле национална титула во секој случај. Вилингтон Ортиз и Хуан Мануел Батаља одбележале 40 гола и тие двајцата го формирале убоитиот напад што придонесол за освојувањето на титулата оваа година.

Со истата конфигурација на тактики, Америка де Кали ја освоиле својата четврта титула, под водство на Габриел Очоа Урибе. Во 1985, по завршување на сезоната на голем успех, клубот се нашол уште еднаш да има можност да ја освои титулата на последниот ден, во натпреварот против Атлетико Хуниор. Америка де Кали тогаш имал во составот двајца врвни играчи од средниот ред како Роберто Кабањас и Алекс Ескобар, и дошол до водство, Атлетико Хуниор се спротивставил со жесток отпор и го направи опасно второто полувреме, но на крајот Америка победи со 1-0, освојувајќи ја петтата титула.

Во 1986 Америка ја освои петтата титула по ред надминувајќи го претходниот рекорд од четири по ред од страна на Милионариос. Освојувањето на титулата, пристигнала за време на натпреварот против ривалите Депортиво Кали, била пречекана со ентузијазам од страна на навивачите.

1990-тите години[уреди | уреди извор]

Првенството 1989 било суспендирано поради убиството на судијата Алваро Ортега. Во 1990, Америка де Кали ја освојува титулата, нивна последна со Габриел Очоа Урибе. По заминувањето на Урибе, Франциско Матурана го преземал раководството со клубот, и во 1992 ги води кон освојување на осмата титула во својата историја, со помош на Диего Умања. По пауза од пет години, Америка го освојува повторно првенството, триумфирајќи во шампионатот кој најдолго се играл некогаш во Колумбија (половина година), 1996 - 1997 победувајќи ја во финалето екипата на Атлетико Букараманга.

Во 1996, Америка беше назначен за второ рангиран клуб од IFFHS помеѓу клубовите, зад Јувентус. Во 1999, клубот стигнал до финалето на националниот шампионат против Атлетико Насионал, каде загубиле на пенали. Во 1999 Америка ја освојува својот прв континентален наслов, Копа Мерконорте.

Новиот милениум[уреди | уреди извор]

На почетокот на 21. век позитивен момент од спортски аспект за тимот беше : всушност, Америка освои три последователни национални наслови. Во 2000 година ја освои својата десетата титула. Во 2001 година ја освои својата единаесетта титула, победувајќи го во финалето Индепендиенте Меделјин. Во 2002 година тимот го освои својот дванаесетти наслов: Америка ја освои Торно Апертура, првиот турнир во новиот "краток" формат победувајќи го во финалето Атлетико Насионал. Во 2008 Америка, предводена од Диего Умања чиј асистент бил Алекс Ескобар, се квалификувала за финалето на шампионатот во двата турнири од сезоната; во финалето на Торнео Апертура биле поразени на пенали од Бојака Чико; во финалето на турнирот финализацион се соочиле со Индепендиенте Меделјин, кого го добиле во двата натпревари, освојувајќи го нивниот 13-ти наслов и сега имаат освоено повеќе титули на национално ниво од сите клубови во Колумбија освен од Милионариос, кој во моментов има 14.

Титули[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]