Атлетико Насионал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Атлетико Насионал
Escudo de Atlético Nacional.png
Целосно имеКлуб Атлетико Насионал С.А.
ПрекарEl Verde (зелените)
Основан7 март 1947 (како Америка Фудбал Клуб)
13 февруари 1927 (официјално)
СтадионСтадион Атанасио Гирардот
Меделјин, Колумбија
Капацитет40,043[1]
СопственикOrganización Ardila Lülle
ПретседателХуан Давид Перес
ТренерПауло Аутуори
ЛигаКатегорија Примера А
2018-II9-ти, Клаусура
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Клуб Атлетико Насионал С.А., исто така познат само како Атлетико Насионал, е колумбиски професионален фудбалски од градот Меделјин. Клубот е еден од само трите екипи кои ги одиграле сите сезони во највисоката лига во земјата во нејзината историјата, заедно со Милјонариос и Индепендиенте Санта Фе.

Атлетико Насионал бил основан на 7 март 1947 година како Клуб Алектико Мунисипал де Меделин од Луис Алберто Вилегас Лопес, поранешен претседател на фудбалската лига на Антиокија. Моменталниот сопственик, Organización Ardila Lülle, официјално го добила клубот во 1996 година.[2] Според КОНМЕБОЛ, Атлетико Насионал е клуб со најголем број на навивачи во Колумбија.[3]

Атлетико Насионал својте домашни натпревари ги игра на стадионот Атанасио Гирардот, кој има капацитет од 45.943. Стадионот го делат со нивните локални ривали, Индепендиенте Меделјин. Овие два клуба се соочуваат еден против друг во нивното дерби наречено Ел Класико Пајса, кое се смета за едно од најважните дерби натпревари во земјата.[4] Атлетико Национал, исто така, има ривалство со Милјонариос, кое произлегло од Копа Либертадорес 1989.[5]

Клубот се смета за еден од најсилните екипи од Колумбија, тој е еден од најконзистентни клубови во земјата. До денес, Атлетико Насионал освоил 16 титули во лигата, четири Купа на Колумбија и два пати бил победник на Суперлигата на Колумбија, вкупно 22 домашни титули, што го прават најуспешниот фудбалски тим во Колумбија. Тој бил исто така првиот колумбиски клуб кој ја освоил Копа Либертадорес во 1989 година, а откако ја освоил титулата повторно во 2016 година, е најуспешниот колумбиски клуб во ова натпреварување. Исто така има и најмногу меѓународни титули во споредба со кој било друг колумбиски клуб; двапати ги освоил Копа Мерконорте и Копа Интерамерикана и еднаш Рекопа Судамерикана, што вкупно прави седум меѓународни трофеи.

Во 2016 година, Алетико Насионал бил рангиран од IFFHS како најдобар фудбалски клуб во светот, станувајќи првиот Јужноамерикански клуб, и првиот надвор од Европа, кој ја примил наградата.[6] Исто така е рангиран како најдобар колумбиски клуб во 21 век.[7] Насионал, исто така, се смета за најдобар колумбиски клуб во клупските турнири под покровителство на КОНМЕБОЛ[8] и рангиран на третото место на официјалниот клупски поредок на Копа Либертадорес.[9]

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Аргентина ГМ Фернандо Монети
2 Колумбија ОД Даниел Боканегра
3 Колумбија ОД Фелипе Агилар
4 Аргентина ОД Диего Брагиери
6 Колумбија СР Раул Лоаиса
7 Колумбија СР Густаво Торес
9 Колумбија НП Омар Дуарте
10 Колумбија СР Хуан Пабло Рамирес
11 Колумбија НП Карлос Ривас
12 Колумбија ОД Алексис Енрикес
13 Колумбија ОД Елибертон Паласиос
Бр. Позиција Играч
14 Колумбија НП Реиналдо Ленис
15 Колумбија ОД Деивер Мачадо
16 Колумбија СР Владимир Ернандес
19 Колумбија СР Џерсон Кандело
20 Колумбија СР Џејсон Лусуми
21 Колумбија СР Хорман Кампусано
25 Колумбија ГМ Кристијан Варгас
26 Колумбија ОД Карлос Куеста
27 Аргентина СР Гонсало Кастелани
29 Колумбија СР Алдо Леао Рамирес
32 Колумбија ОД Кристијан Мафла

Титули[уреди | уреди извор]

Домашни[уреди | уреди извор]

Победник (16): 1954, 1973, 1976, 1981, 1991, 1994, 1999, 2005 Апертура, 2007 Апертура, 2007 Клуасура, 2011 Апертура, 2013 Апертура, 2013 Клаусура, 2014 Апертура, 2015 Клаусура, 2017 Апертура
Вицешампион (11): 1955, 1965, 1971, 1974, 1988, 1990, 1992, 2002 Апертура, 2004 Апертура, 2004 Клаусура, 2018 Апертура
Победник (4): 2012, 2013, 2016, 2018
Победник (2): 2012, 2016
Вицешампион (3): 2014, 2015, 2018

Меѓуанродни[уреди | уреди извор]

Победник (2): 1989, 2016
Финалист (1): 1995
Полуфиналист (2): 1990, 1991
Победник (2): 1998, 2000
Финалист (3): 2002, 2014, 2016
Полуфиналист (1): 2003
Победник (2): 1989, 1995
Победник (1): 2017
Финалист (1): 1990
Вицешампион (1): 1989
Трето место (1): 2016

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://es.fifa.com/mm/document/footballdevelopment/technicalsupport/01/52/19/97/fu20wcreportv2.pdf
  2. Atlético Nacional, Rey de Copas. Periódico El Colombiano, Medellín, Colombia. 2004. стр. 13. ISBN 958-693-696-1. 
  3. ¿Cuál es el equipo con más hinchada en Colombia?“, 27 април 2016 (посет. 1 декември 2016 г). (на Spanish)
  4. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 24 December 2013. конс. 2014-05-07.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  5. Suárez, Ronny. „Millonarios vs. Nacional: así nació un clásico que vuelve a escena“. Gol Caracol (Spanish). 
  6. „Club World Ranking 2016“. IFFHS.com. 
  7. „El Club de Sudamérica de la 1ª Década del Siglo XXI (2001-2010)“. Архивирано од изворникот на 4 December 2010. конс. 2010-01-16.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  8. „Ranking Histórico de la Conmebol 1960-2013 (5 primeros clubes por país) - 1a. parte“. Pasion Futbol (Spanish). 
  9. „Ranking Conmebol de Copa Libertadores 2017“. CONMEBOL.com. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]