Атлетико Хуниор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Колумбија Атлетико Хуниор
Atlético Junior emblem
Целосно имеКлуб Атлетико Хуниор
ПрекариАјкули
Основан7 август 1924
СтадионСтадион Метрополитано Роберто Мелендез
Баранквила, Колумбија
(Капацитет: 49,612)
ПретседателКолумбија Алехандро Артета
ТренерАргентина Мигел Анхел Лопез
ЛигаLigaAguila.png Категорија Примера А
2013Апертура, 13-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Клуб Атлетико Хуниор[1], исто така познат само како Хуниор, е професионален колумбиски фудбалски клуб со седиште во Баранквила, кој во моментов игра во Категорија Примера А. Хуниор е најсеверниот тим во Колумбија и единствен карибски тим во Категорија Примера А.

Клубот бил основан на 7 август, 1924 година. Познат е како Los Tiburones (Ајкулите), или Еl Equipo Tiburon (Тим Ајкула). Хуниор го имаат освоено колумбиското првенство седум пати (1977, 1980, 1993, 1995, 2004, 2010, 2011 и 2018 година). Клубот има 12 учества во Копа Либертадорес, а најдобар резултат му е полуфиналето во 1994 година.

Некои од најзначајните играчи кои играле за клубот се Елено де Фреитас, Гаринча, Дида, Хуан Рамон Вернон, Ефраин Санчез, Карлос Валдерама, Иван Рене Валенцијано, Теофило Гутиерез, Карлос Бака, Хулио Цесар Урибе и Џовани Ернандез.

Титули[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]