Јувентус Примавера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јувентус Примавера
Целосно имеJuventus Football Club
ПрекариСтарата дама , Бјанконери (Црно-бели)Зебрите
Основанноември 1, 1897; пред 121 година (1897-11-01) (as Sport Club Juventus)
СтадионЈувентус центар, Виново
Торино, Италија
СопственикФамилијата Ањели
(through Exor S.p.A)
ПретседателИталијаАндреа Ањели
Head CoachИталијаФабио Гросо
ЛигаПримавера ТИМ Чемпионшип
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои

ФК Јувентус Примавера е вториот тим на фудбалскиот клуб Јувентус. Таа е дел од младинскиот сектор на клубот, кој е составен од различни тимови поделени по возрасни групи како: Примавера (15-20 години), Берети (под 19 години), Алиеви (15-17 години), Џованисими (под 15), Есордиенти (10-12) и Пулчини (8-10 години). Сите младински категории моментално тренираат на главниот терен за тренинг, во Јувентус центарот, кој се наоѓа во Пиедмонт во селото Виново (14 км на југозапад од Торино). Јувентус Примавера е главната екипа на младинскиот погон на Јувентус и тука играат најталентираните играчи во младинскиот сектор кој се на возраст од 15 до 20 години. Секоја сезона во Примавера тимот шанса за проверка добиваат многу млади играчи од Италија и од странство кој доаѓаат на проби во Јувентус и оттаму ја бараат шансата за настап во првиот тим.

Примавера тимот се натпреварува во Примавера шампионатот, со Примавера категориите на останатите екипи во Италија. Исто така играат и во Купот на Италија Примавера, Турнирот Вијареџо и во зависност од постигнатите резултати можат да играат и во Суперкупот Примавера како и во Младинската Лига на шампиони. Инаку Примавера тимот на Јувентус е најуспешен кога се во прашање настапите на Турнирот Вијареџо освојувајќи најмногу досега 9 титули колку што има и Милан.

Моментален тим[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
Италија ГМ Емил Аудеро
Италија ГМ Леонардо Витали
Италија ГМ Матија Дел Фаверо
Италија ГМ Патрик Консол
Италија ОД Филипо Ромања
Италија ОД Џулио Пароди
Шпанија ОД Карлос Бланко
Франција ОД Јоан Северин
Италија ОД Алесандро Волјачо
Италија ОД Лука Кочоло
Италија ОД Клаудио Ѕапа
Италија ОД Пјетро Беруато
Шпанија ОД Пол Лирола
Италија ОД Алесандро Елеутери
Бр. Позиција Играч
Италија СР Стефано Пелини
Италија СР Матија Витале
Италија СР Симоне Мураторе
Гвинеја СР Оумар Туре
Италија СР Габриеле Бове
Чешка СР Роман Мачек
Кипар СР Григорис Кастанос
Италија СР Франческо Касата
Италија СР Фабио Морсели
Аргентина НП Гвидо Вадала
Италија НП Лука Клеменца
Нигерија НП Кинг Удох
Италија НП Николо Поцебон
Италија НП Андреа Фавили

Стручни кадри[уреди | уреди извор]

  • Тренер: Фабио Гросо
  • Тренер на голманите: Алесандро Ниста
  • Фитнес тренер: Марио Ротондале
  • Придружен тренер: Лучано Черути
  • Доктор: Др. Паоло Гола
  • Масежер: Џанлука Роси

Титули[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]