Франсиско Консеисао
Франсиско Консеисао | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Франсиско Фернандеш да Консеисао | ||
Роден на | 14 декември 2002 | ||
Роден во | Коимбра, Португалија | ||
Држава | Португалија | ||
Висина | м | 1,70||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Јувентус | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
Белененсеш | |||
Спортинг Лисабон | |||
Порто | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2020-2021 | Порто Б | 20 | (4) |
2021-2022 | Порто | 39 | (2) |
2022-2023 | Јонг Ајакс | 7 | (5) |
2022-2023 | Ајакс | 19 | (0) |
2023- | Порто | 27 | (5) |
2024- | → Јувентус | 9 | (1) |
Репрезентација | |||
2018 | Португалија 16 | 9 | (1) |
2018 | Португалија 17 | 3 | (1) |
2019 | Португалија 18 | 3 | (1) |
2021- | Португалија 21 | 23 | (6) |
2024- | Португалија | 7 | (1) |
Франсиско Фернандеш да Консеисао (роден на 14 декември 2002 во Коимбра) — португалски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на португалската репрезентација.
Биографија
[уреди | уреди извор]Познат под прекарот Чико, Франсиско е син на поранешниот фудбалер (подоцна и негов тренер во Порто) Сержо Консеисао; неговите постари браќа Сержо и Родриго се исто така фудбалери.[1]
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]Офанзивно десно крило, кое располага со одлична техника и брзина со топката квалитети кои со кои во комбинација се обидува да се ослободи од противниците и да навлезе во централното подрачје на теренот; токму поради оваа причина често од португалските медиуми бил спордуван со Еден Азар и Лионел Меси, толку многу што го добил и прекарот „Меси од Оливал“.[2][3][4]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци
[уреди | уреди извор]Консеисао е роден во Коимбра. Својата фудбалска кариера ја започнал во Белененсеш, поради неговите браќа Моисес и Родриго кои исто така играле таму, пред да се пресели во академијата на Спортинг Лисабон во 2011 година на осумгодишна возраст, поминувајќи шест сезони во клубот.[5] Откако неговиот татко Сержо станал тренер на Порто, тој се приклучи на нивната академија и потоа бил позајмен на нивниот фидер клуб Падроенсе,[5][6] пред целосно да се приклучи на младинскиот состав на Порто во 2018 година.[5]
Порто
[уреди | уреди извор]На 27 август 2020 година, Консеисао го потпишал својот прв професионален договор со клубот со важност до 2023 година.[7][8] Своето професионално деби го направил на 13 септември 2020 година со Порто Б, во поразот со 1-0 од Варзим во натпревар од Сегунда лига.[9] На 15 јануари 2021 година, неговиот татко го повикал Франсиско во првиот тим на Порто за првенствениот натпревар против Бенфика, но останал неискористена замена. Сепак, околу месец дена подоцна, тој го направил своето деби за првиот тим на Порто, заменувајќи го Вилсон Манафа во 77-мата минута од натпреварот од Примеира лига на домашен терен против Боавишта што завршил нерешено 2-2, на 13 февруари 2021.[5][10] Четири дена подоцна, дебитирал во европските натпреварувања влегувајќи во последните минути од победата со 2-1 над Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите, со што станал вториот најмлад играч на Порто кој настапил во ова натпреварување.[11] На крајот на месецот, тој бил трајно промовиран во играч на првиот тим.[12] Првата професионална сезона ја завршил со 20 настапи и 4 гола за Б тимот, а исто така забележал и вкупно 17 настапи за првиот тим.
За време на сезоната 2021-2022, тој го постигнал својот прв гол за Порто, на 20 ноември 2021 година, погодок со кој го поставил конечниот резултат во победата со 5-1 над Феиренсе во четвртото коло од Купот на Португалија. На 8 јануари 2022 година, тој го постигнал својот прв првенствен гол, победничкиот во успехот со 2-3 на гостувањето кај Ешторил.[13][14] Сезоната ја завршил со вкупно 33 одиграни натпревари во сите натпреварувања и 3 постигнати гола, помагајќи му на својот клуб да ја освои двојната круна, откако Порто ги освоил титулите во првенството и купот на Португалија.[15]
Ајакс
[уреди | уреди извор]На 21 јули 2022 година, тој потпишал петгодишен договор со Ајакс, откако холандскиот клуб ја активирал клаузулата во неговиот договор вредна 5 милиони евра.[16] Девет дена подоцна, тој бил неискористена замена во поразот со 5–3 од ПСВ Ајндховен во Суперкупот на Холандија 2022.[17] Тој го имал своето деби за резервите на 8 август, постигнувајќи гол со кој го израмнил резултатот на 1-1 во ремито на домашен терен против Телстар во Ерсте дивиси;[18] неговото деби за првиот тим дошло на 3 септември во победата на домашен терен со 4–0 над Камбур, заменувајќи го двојниот стрелец Стивен Бергвајн во 61-вата минута.[19]
Набргу потоа, тренерот на Ајакс Алфред Шројдер открил дека има намера да го користи Консеисао како замена за Антони, за да се навикне на својот нов тим, но и покрај заминувањето на Антони, статусот на Консеисао во тимот не се променил и тој останал резерва, бидејќи Мохамед Кудус бил префериран како стартер на позицијата десно крило. Покрај тоа, Консеисао исто така се мачел во Холандија затоа што не зборувал холандски или англиски, што го натерало да игра во вториот тим за да се прилагоди на холандскиот стил на игра.[20]
На 1 ноември, две минути подоцна откако го замени Бергвајн, тој го постигнал својот прв гол за клубот со кој ја заклучил победата над Ренџерс (3–1) во групната фаза на Лигата на шампионите.[21] На 30 април 2023, тој играл во финалето на Купот на Холандија против ПСВ, влегувајќи како замена повторно за Бергвајн во 75-тата минута од натпреварот кој завршил нерешено 1-1, но Ајакс на крајот загубиле по изведување на пенали.[22]
Враќање во Порто
[уреди | уреди извор]На 1 септември 2023 година, Консеисао се вратил во Порто на едносезонска позајмица од Ајакс, земајќи си го повторно дресот со број 10, истиот број што го носел на крајот од неговиот прв престој кај „Змејовите“.[23] Зделката, наводно, вклучувала опција за откуп од 10 милиони евра, која би станала задолжителна доколку тој одиграл најмалку 45 минути на 25 натпревари.[24] Неговото враќање било критикувано од навивачите на клубот, вклучувајќи го и градоначалникот на Порто Руи Мореира, кој бил еден од лицата против неговото враќање.[25]
И покрај тоа што немал потполна доверба од навивачите, Консеисао почнал да ги замолчува своите критичари, импресионирајќи во поразот на Порто со 1–0 во првенството против Ешторил на 3 ноември, заработувајќи место во стартните единаесет.[26][25] На 11 ноември, во првенствената победа со 2–1 на гостувањето кај Виторија Гимараеш, тој асистирал за првиот гол и го постигнал вториот.[27] Тој, исто така, постигнал гол и во следниот првенствен натпревар на гости кај Фамаликао за победата со 3–0.[25] Еден месец подоцна, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите за Порто, во победата на домашен терен со 5–3 над Шахтјор Донецк, во последниот натпревар од групната фаза.[28] Во јануари 2024 година, Ајакс, кој ја следел неговата формата, се обидел да го врати од позајмицата, но Порто одбил да преговара со клубот од Амстердам.[29][30]
Титули
[уреди | уреди извор]Порто
[уреди | уреди извор]- Примеира лига : 1
- 2021-2022
- 2021-2022, 2023-2024
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bruno Roseiro (8 јуни 2017). „O clã Conceição: o pai treina o FC Porto, um filho joga no Benfica, outro está no Sporting“ (португалски). Посетено на 28 август 2024.
- ↑ „Francisco Conceição: The Portuguese Winger Stepping Out of His Father's Shadow“ (англиски). 5 luglio 2024. Посетено на 28 август 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Conceiçao fa esordire il figlio, il video commuove tutti“. 14 февруари 2021. Посетено на 6 април 2021.
- ↑ Rodrigo Querido (24 февруари 2021). „Há um 'Messi' a nascer no Olival e cada vez mais decisivo no FC Porto“ (португалски). Посетено на 28 август 2024.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Almeida, Isaura (14 February 2021). „Quem é Francisco Conceição (além de ser filho de Sérgio)?“ [Who is Francisco Conceição (besides being Sérgio's son)?]. Diário de Notícias (португалски). Архивирано од изворникот 15 February 2021. Посетено на 15 February 2021.
- ↑ Aresta, Luís (15 February 2021). „Francisco Conceição, o novo "'abre-latas" do FC Porto“ [Francisco Conceição, FC Porto's new "can opener"]. Rádio Renascença (португалски). Архивирано од изворникот 15 February 2021. Посетено на 15 February 2021.
- ↑ „Francisco Conceição assina contrato profissional com o FC Porto“ [Francisco Conceição signs professional contract with FC Porto]. Record (португалски). 27 August 2020. Архивирано од изворникот 15 February 2021. Посетено на 15 February 2021.
- ↑ „Filhos de Sérgio Conceição reforçam equipa B do FC Porto“ [Sérgio Conceição's sons sign with Porto's B team]. Sapo Desporto (португалски). Lusa. 27 August 2020. Архивирано од изворникот 15 February 2021. Посетено на 15 February 2021.
- ↑ „Varzim vence FC Porto B com golo solitário de Yusuf“ [Varzim wins against FC Porto B with solo Yusuf goal]. Notícias ao Minuto (португалски). Lusa. 13 September 2020. Архивирано од изворникот 15 May 2021. Посетено на 15 February 2021.
- ↑ Fernandes, Mariana (13 February 2021). „Francisco, só ele, merecia que as lágrimas de alegria não tivessem sido em vão (a crónica do FC Porto-Boavista)“ [Francisco, only him, deserved that the tears of joy wouldn't be for nothing (the chronicle of FC Porto-Boavista)]. Observador (португалски). Архивирано од изворникот 15 February 2021. Посетено на 15 February 2021.
- ↑ „Francisco Conceicao: Porto manager's son earning Messi comparisons“. Goal. 25 May 2021. Посетено на 12 July 2024.
- ↑ „Francisco Conceição é o segundo mais jovem de sempre a estrear-se na Champions pelo FC Porto“ [Francisco Conceição is the second youngest ever to debut in the Champions League for FC Porto]. Rádio Renascença (португалски). 18 February 2021. Архивирано од изворникот 19 February 2021. Посетено на 18 February 2021.
- ↑ Connor Fleming. (англиски) https://the18.com/soccer-entertainment/porto-manager-son-sergio-francisco-conceicao-goal. Посетено на 28 август 2024. Занемарен непознатиот параметар
|titolo=
(се препорачува|title=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|data=
(се препорачува|date=
) (help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ Rory O'Callaghan (9 gennaio 2022). „Porto Manager Sergio Conceicao Celebrates Wildly After His Son Scores Dramatic Late Winner Off The Bench“ (англиски). Посетено на 28 август 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Francisco Conceição nas redes sociais: "Sempre especial voltar às origens"“ [Francisco Conceição on social networks: "It's always special to return to your roots"]. O Jogo (Portuguese). 20 July 2022. Посетено на 21 July 2022.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Ajax contracteert Francisco Conceição“ (холандски). 21 јули 2022. Посетено на 22 јули 2022.
- ↑ „Supertaça para o PSV em partida de oito golos“ [Super Cup for PSV in game of eight goals] (Portuguese). Rádio Renascença. 30 July 2022. Посетено на 3 August 2022.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Brood, Thomas (9 August 2022). „Met smaakmaker Conceição speelt Jong Ajax gelijk tegen Telstar“ (Dutch). NH Nieuws. Архивирано од изворникот 7 September 2022. Посетено на 7 September 2022.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Pus, Milton (4 September 2022). „Dubbelslag Bergwijn helpt Ajax in het zadel tegen Cambuur na onrustige week“ (Dutch). NH Nieuws. Архивирано од изворникот 20 June 2024. Посетено на 7 September 2022.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Ajax manager about Conceição, July 2022 AjaxShowtime, July 23, 2022. Archived on May 28, 2023.
- ↑ „Rangers' defeat by Ajax sets new low and seals Champions League misery“. The Guardian. 1 November 2022. Архивирано од изворникот 20 June 2024. Посетено на 1 May 2023.
- ↑ „PSV-Ajax: Fábio Silva bate penálti e conquista Taça a Francisco Conceição“ [PSV-Ajax: Fábio Silva scores penalty and wins Cup against Francisco Conceição] (Portuguese). Mais Futebol. 30 April 2023. Архивирано од изворникот 1 May 2023. Посетено на 1 May 2023.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Francisco Conceição de volta a casa“ [Francisco Conceição is back home] (португалски). FC Porto. 1 September 2023. Архивирано од изворникот 1 September 2023. Посетено на 3 September 2023.
- ↑ „Francisco Conceição no FC Porto: confira os detalhes do acordo de empréstimo“ [Francisco Conceição to FC Porto: check the details of the loan deal] (португалски). O Jogo. 2 September 2023. Посетено на 3 September 2023.
- ↑ 25,0 25,1 25,2 „FC Porto: anda um génio à solta no Dragão“ (португалски). A Bola. 6 March 2024. Архивирано од изворникот 20 June 2024. Посетено на 2 June 2024.
- ↑ „A campanha de Francisco Conceição“ (португалски). A Bola. 30 March 2024. Архивирано од изворникот 30 March 2024. Посетено на 2 June 2023.
- ↑ „Onde um filho derrotou a mãe, Francisco deu a vitória ao pai. FC Porto ganha em Guimarães“ [Where a son defeated his mother, Francisco gave his father the victory. FC Porto wins in Guimarães]. TSF Rádio Notícias (португалски). 2023-11-11. Архивирано од изворникот 20 June 2024. Посетено на 2023-11-11.
- ↑ „Champions só no Porto“ [Champions only at Porto] (португалски). FC Porto. 13 December 2023. Архивирано од изворникот 13 December 2023. Посетено на 13 December 2023.
- ↑ „Ajax tentou 'resgatar' Francisco Conceição, FC Porto não deixou“ (португалски). Desporto ao Minuto. 19 March 2024. Архивирано од изворникот 2 June 2024. Посетено на 2 June 2024.
- ↑ „Francisco Conceição moves to FC Porto permanently“. english.ajax.nl (англиски). Посетено на 2024-06-19.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Франсиско Консеисао“ на Ризницата ? |
- Франсиско Консеисао на soccerway
- Франсиско Консеисао на transfermakt
- Франсиско Консеисао на espn
- Франсиско Консеисао на whoscored
|